Соопштение за пријавување за полагање на испит за добивање на лиценца за процена на тутун

Пријавувањето на заинтересираните кандидати за полагање испит заради добивање на лиценца за процена на тутун ЗАПОЧНУВА НА 26.09.2016 година и ЗАВРШУВА ЗАКЛУЧНО СО 17.10.2016 година, а ПОЛАГАЊЕТО НА ПРВИОТ ДЕЛ ОД ИСПИТОТ ЌЕ СЕ ОДДРЖИ НА 28 октомври 2016 година. Заинтересираните кандидати за полагање на испит за добивање на лиценца за процена на тутун треба да достават потпишано барање до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на адреса: ул.Аминта Трети бр.2, 1000 Скопје, кое се наоѓа во додатокот за преземање. Во прилог на барањето (во кое се наведуваат адресата на…

повеќе...

Полагање на испит за вршење стопански риболов и за рибочувар

Од Министерството за земјоделство, шумрство и водостопанство ги информираат сите заинтересирани кандидати дека на 6 Септември 2016 година, со почеток во 10:00 часот во просториите на Испитниот Центар на ул.Христо Смирненски бр.30 ламела 1, Скопје ќе се одржи полагање на теоретскиот дел од испитот за добивање на уверение за вршење стопански риболов. Барањата за полагање со потребните докази може да се поднесат до Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство најдоцна до понеделник 22.08.2016 година. Се известуваат кандидатите кои го имаат положено теоретскиот дел од испитот за добивање уверение за рибочувар…

повеќе...

Известување за полагање на испит за добивање на уверение за рибочувар

Се известуваат кандидатите кои го имаат положено теоретскиот дел од испитот за добивање уверение за рибочувар (одржан на 07.04.2016 година) дека на 1 Јули 2016 година, со почеток во 10:00 часот во просториите на Испитниот Центар на ул.Христо Смирненски бр.30 ламела 1, Скопје ќе се одржи полагање на практичниот дел од испитот. На денот на полагање кандидатите задолжително да поседуваат документ за идентификација (лична карта). Воедно се известуваат сите заинтересирани кандидати дека во истиот термин ќе се одржи и полагање на теоретскиот дел од третиот испит за добивање уверение за…

повеќе...

Соопштение за кандидатите за полагање ловечки испит

Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство, преку секторот за шумарство и ловство, согласно Законот за ловство – член 58 и 58-з, закажува полагање на ловечки испит на ден 14.03.2016 година во 15.30 часот. Полагањето на испитот ќе се одржи во просториите на испитниот центар „АСЕКО“ ул. ХРИСТО СМИРНЕНСКИ“ бр.30, 1000 Скопје (позади Универзална Сала). Кандидатите задолжително да понесат документ за идентификација (лична карта или пасош). Во додатоците за преземање се списоците на кандидати за полагање, како и испитните прашања. Додаток за преземање: Испитни прашања за полагање ловечки испит.pdf 1 Кандидати…

повеќе...

Македонија меѓу малиот број земји со дигитална педолошка карта

Македонија е вистински педолошки музеј. Располага со скоро сите почвени типови што ги има во Централна и Јужна Европа, но тие не се секогаш рационално искористени, беше речено денеска во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство по промоцијата на Македонскиот почвен информациски систем, односно Македонската педолошка карта изработена во печатена и дигитална форма. Картата е веќе во фунцкија, а ќе послужи како основа за претстојното т.н. агроеколошко реонирање на Македонија, односно поделба на земјоделското производство според условите со единствена цел – културите да се одгледуваат на најсоодветните почви што ќе…

повеќе...

Објавен повик за давање во закуп на земјиште над 3 хектари во Свети Николе, Струга, Ресен и во Струмица

Денеска е објавен Јавниот оглас за давање под закуп на државно земјоделско земјиште за површини над 3 хектари по пат на електронско јавно наддавање. Земјиштето е во четири региони, а најголемиот дел од вкупно 4.565-те хектари, се во Свети Николе. Таму се понудени 4.484 хектари државно земјиште, кое е поделено во четири целини. Во првата од нив, инвеститорот е должен да изгради краварска фарма за максимум четири години, односно да вложи најмалку 6 милиони евра. Како што соопшти на прес-конференција заменик-министерот Ванчо Костадиновски, земјиштето од првата целина се дава во…

повеќе...

Воведено ограничување за движење на лица во шумите и шумските појаси

Од денес се воведува ограничување на движењето на сите лица во шумите и шумските појаси за периодот од 22.07.2015 година до 05.08.2015 година во термин од 7:00 часот наутро до 17:00 часот попладне (освен ако лицето нема добиено соодветна дозвола од Јавното претпријатие за стопанисување со државните шуми „Македонски шуми“ и субјектите кои управуваат со заштитените подрачја). Ова ограничување не важи за вработените во Јавното претпријатие за стопанисување со државните шуми „Македонски шуми“ и субјектите кои управуваат со заштитените подрачја. Во периодот од 17:00 часот попладне до 7:00 часот наутро…

повеќе...

Производи во шумарството, сеча на дрва и услуги

Според податоците на Државниот завод за статистика, вкупното производство на шумски производи во државните шуми во третото тримесечје од 2014 година, во однос на третото тримесечје од 2013 година, е намалено за 6.6%. Намалување на шумското производство е забележано кај трупците од иглолисни видови, рудничкото дрво од иглолисни видови, другото обло дрво од иглолисни видови, просторното дрво од иглолисни и кај огревното дрво од листопадни видови. Зголемување на шумското производство е забележано кај трупците од листопадни видови, рудничкото дрво од листопадни видови, другото обло дрво од листопадни видови и кај…

повеќе...