Учениците од ОУ „Св.Климент Охридски“ во посета на филмската академија

Учениците од ОУ „Св. Климент Охридски“, заедно со своите наставници, Никица Мишева и Димитрие Ристески, беа во посета на Институтот за филм – Филмска академија, каде остварија средба со познатиот македонски режисер, Иво Трајков. Професорот Трајков, преку своето предавање, на мошне интересен и сликовит начин, ги воведе учениците во тајните на филмската уметност. Притоа учениците учествуваа со свои прашања, а имаа можност да проследат и анимиран филм, изработен од студентите на Академијата за филм во Прага. Училиштето изразува голема благодарност до Филмската академија и се надева на понатамошна соработка, што ќе…

повеќе...

Свечена академија по повод одбележувањето на Денот на Св.Климент Охридски – патронот на градот

Свечената академија, во чест на Свети Климент Охридски- Заштитникот на Охрид, ќе се одржи утревечер на 8 декември, во Центарот за култура „ Григор Прличев“ со почеток во 19 часот. Свеченоста ќе започне со химната за Свети Климент од Димитар Масески во изведба на хорот при ОСУ Св. Климент Охридски, а потоа пригодно обраќање ќе има градоначалникот Никола Бакрачески. Беседа за великото дело на светецот ќе одржи Проф. д-р Кирил Темков, а потоа градоначалникот Никола Бакрачески, на годинашниот добитник, Општинската организација на Црвен Крст, ќе ја додели наградата Св. Климент…

повеќе...

Општината со континуирана поддршка за Филмската академија во Охрид

Градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески и Заменик министерот за образование на Р. Македонија Спиро Ристовски присуствуваа на проекцијата на македонскиот филм „Медена ноќ“ на режисерот Иво Трајков, што синоќа се прикажа во Институтот за филм- Филмска академија во Охрид. Дванаесет студенти, постдипломци од земјава и странство со субвенции од Министерството за образование ќе се образуваат во тригодишни студиски програми на Катедрата за сценаристика и драматургија и Катедрата за креативна продукција. „Јас верувам дека успешниот старт на Филмкста академија ќе нзачи исклучителен напредок и ќе значи промоција и за градот Охрид…

повеќе...

Прва официјална проекција на филм на Институтот за Филм – Филмска академија Охрид

Во амфитеатарот на Институтот за Филм – Филмска Академија Охрид, вечерва со почеток во 19 часот ќе се одржи првата јавна проекција на филм. Во присуство на режисерот Иво Трајков и продуцентот Роберт Јазаџиски ќе се прикажува филмот Медена Ноќ – македонски кандидат за номинација за Оскар. Согласно планот и програмата на Институтот вакви проекции во иднина се планираат секоја среда до крајот на академската година. Проекцијата е отворена и бесплатна за сите љубители на филмот.

повеќе...

Објавен новиот оглас за Академијата за менаџери

Објавен е новиот оглас за доделување стипендии за Академијата за менаџери. Очекуваме до 16-ти ноември да аплицираат лицата кои се заинтересирани за модулот за менаџирање, а до 23-ти ноември за модулот за работа со финасии, изјави заменик министерот за образование и наука Спиро Ристовски. „Годинава повторно доделуваме 40 стипендии од кои 15 за модулот за системско менаџирање, 15 во делот на претприемништвото и 10 во рамки на модулот за анализа на финансиите. Верувам дека и оваа година, како и минатите, ќе има огромен интерес и повторно ќе бидат искористени сите…

повеќе...

Конкурс за ангажирање членови на стручен тим за паралелките за кошарка во Спортската академија во Кавадарци и Охрид

МКФ објави Конкурс за ангажирање на членови на стручен тим за работа со ученици во паралелките за кошарка во Спортската академија во Кавадарци и Охрид. Предност при избор за тренер имаат кандидатите кои познаваат најмалку еден светски јазик, што се утврдува преку поседување на меѓународно признат сертификат издаден од официјален европски тестатор. Конкурсот може да го видите на следниот линк: КОНКУРС

повеќе...

Вчера издадени 2.473 потврди за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил

Во периодот од 08,00 часот на 01.10..2015 до 02.10.2015 година во 08,00 часот, издадени се потврди на вкупно 2.473 странски државјани, од кои, 1.526 се од машки пол, 363 се од женски, 507 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 77 деца кои патуваат без родител, на кои издадена е потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил. Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-1.382, Авганистан –916, Ирак-98,додека другите се во помал…

повеќе...

ФФМ ја претстави програмата за национална академија пред 54-те членки на УЕФА

Во Братислава, Словачка се одржува едукативна работилница за тренери, експерти од областa на едукативните тренерски процеси и технички менаџери на која учествуваат претставници од сите 54-ри членки на УЕФА. Фудбалската федерација на Македонија на 11-от УЕФА тренерски семинар ја претставуваат Зоран Стратев, координатор на младите национални тимови и фудбалската академија, Звонко Златановски, тренер во фудбалската академија, Марио Ѓурчиновски, член на УЕФА техничкиот комитет и Небојша Марковски, директор на центарот за едукација на ФФМ. „Создаваме иднина“ е слоганот на едукативниот семинар во Братислава, а главната тема на дискусиите и предавањата е…

повеќе...

Интерес за Академијата за филм во Охрид, стипендии за избраните студенти

Над 1.000 посети се регистрирани за два дена на интернет страницата на новоосновата Филмска академија во Охрид, за која се во тек уписите. На Институтот за филм, кој ќе биде придружна членка на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, ќе предаваат професори од петтата најстара филмска школа во светот, ФАМУ од Прага. „Во првата година од функционирањето, Институтот за филм започнува со постдипломски студии на Катедрата за сценаристика и драматургија и Катедрата за креативна продукција. Програмите се прилагодени специјално за оваа институција согласно стандардите, принципите и долгата традиција на ФАМУ во…

повеќе...

Прв академски час за околу 3.000 бруцоши на штипскиот универзитет

Заменик министерот за образование, Спиро Ристовски и ректорот на универзитетот „Гоце Делчев“- Штип, Блажо Боев денеска присуствуваа на првиот академски час за студентите запишани во прва година на Факултетот за Медицински науки, Факултетот за Правни науки и на трите Академии за филмска, музичка и ликовна уметност. „Во оваа прилика би сакал да им честитам на сите новозапишани студентите на универзитетот „Гоце Делчев“-Штип, а би сакал да им честитам и на сите новозапишани студенти на сите универзитети во земјава. Мене ми претставува задоволство што денес сум овде заедно со новиот ректорот…

повеќе...