Запленети 117 литри алкохол и 23 кутии цигари без бандероли

Во рамки на акцијата за откривање на нерегуларна продажба на акцизна стока, заеднички тимови на Царинската управа и Управата за јавни приходи во периодот од 27 – 30 јули извршија координирани контроли на 50-тина објекти каде се продава ваква стока (кафе барови, ресторани, маркети и продавници). Контроли беа спроведени во Велес, Куманово, Охрид, Ресен, Струга, Битола и Прилеп. Во 13 објекти е откриена незаконска продажба на алкохолни пијалоци и цигари. Притоа привремено се задржани околу 117 литри жестоки алкохолни пијалоци без или со странски бандероли за кои не е платена…

повеќе...

Запленети цигари и алкохол, девизи, техничка стока и фалсификат прашок за перење

Mинатата недела, царинските службеници открија повеќе обиди за криумчарење, при што привремено се задржани девизи, цигари, технички производи, алат, медицински материјали, средства за лична хигиена, козметика и фалсификати. Во соработка со Полицијата, спречен е и 1 обид за шверц на хероин. Задржана е следната стока: Цигари – 185 штеки цигари марка PALLMALL со македонски акцизни маркички, откриени при контрола на грчки автомобил, управуван од грчки државјанин, пријавен за излез од државата на граничниот премин Богородица. Непријавените цигари биле сокриени во два специјално подготвени бункери во фиоката за документи пред совозачкото…

повеќе...

Алкохолот од денес ќе се продава до 21 часот

Според Законот за продажба на алкохолни пијалоци, од 1-ви мај до 30-ти септември граѓаните можат да купуваат алкохол до 21:00 часот. Тоа значи дека од денеска почнува летното сметање на забраната за продажба на алкохолот. Алкохолните пијалоци од денес во трговските објекти ќе се продаваат од 6 до 21 часот, наместо до 19. И понатаму останува забраната за продажба на алкохол на бензинските пумпи и на малолетни лица. За оние кои нема да го почитуваат законското решение предвидени се санкции – забрана за вршење дејност и парична казна до 5.000 евра.

повеќе...

Министерката Јанкулоска одржа предавање за влијанието на алкохолот, дрогата и психотропните супстанции кај младите

Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска денеска во скопската гимназија „Јосип Броз Тито“ одржа предавање за влијанието на алкохолот, дрогата и психотропните супстанции кај младите – од безбедносен и од здравствен аспект, во рамки на заедничките превентивни активности кои се насочени кон младата популација на МВР и Министерството за здравство. Предавањето, истакна Јанкулоска, го посветивме на сообраќајот и употребата на алкохолот, но на едукативните часови, посочи, не се разгледува употребата на алкохолот само од аспект на ризик фактор во сообраќајот, туку и од аспект на последиците по здравјето на младиот…

повеќе...

Од денеска алкохол ќе се продава до 19 часот

Oд денеска, алкохолните пијалаци во трговските објекти повторно ќе се продаваат од шест до 19 часот, наместо до 21 часот. Продолженото време на продажба до 21 часот, според законските обврски, важи од мај до крајот на септември. За оние кои нема да го почитуваат законското решение се предвидени санкции – забрана за вршење дејност во траење од седум или 15 дена, како и парична казна до 5.000 евра.

повеќе...

Во Охрид поделени 50 едукативни флаери на младите возачи „Алкохол и волан-најлоша комбинација“

Пет лица се исклучени од сообраќај, бидејќи управувале моторни возила под дејство на алкохол во акциска контрола што викендов во Охрид ја реализира полициска станица за безбедност во патниот сообраќај. Контролата на сообраќајната полиција се изведе во рамките на превентивниот проект „Летна кампања 2014“ при што беа контролирани 94 возила а 74 возачи беа алкотестирани. Полициските службеници поделија 50 едукативни флаери за младите возачи „Алкохол и волан-најлоша комбинација“ и 36 освежувачи како пригоден подарок за совесните возачи . Целта на превентивната акциска контрола „Алкохол и волан-најлоша комбинација“ е зголемување на…

повеќе...

Побрзи процедури за лиценци во угостителството и продажба на алкохол

Министерството за економија воведува нови процедури со кои двојно, па и тројно ќе се забрза процедурата за издавање лиценци за вршење угостителска дејност и за продажба на алкохолни пијалоци. Постапката ќе биде транспарентна и од денеска ќе може да се следи на веб-страницата на Министерството и секој субјект да знае кога точно ќе ја добие лиценцата. „Министерството за економија пропиша прецизна процедура за постапување по поднесените барања за издавање лиценци за вршење угостителска дејност и за продажба на алкохолни пијалоци со кои роковите за издавање лиценци се намалуваат од 15…

повеќе...

Од денес алкохол ќе се продава до 21 часот

Од денеска почнува летниот период за продажба на алкохол до 21 часот, наместо до 19 часот како што беше досега. Алкохолните пијалоци ќе можат да се купуваат до 21 часот се до крајот на септември. Останува забраната за продажба на алкохол на бензински пумпи и на малолетници во сите периоди од денот. За оние кои нема да ги почитуваат законските решенија се предвидени казни „забрана за вршење дејност“, како и парична казна до 5.000 евра.

повеќе...

Успешно реализирана последната сесија од тренинг обуката за едукатори во областа на штетни последици од користење на алкохолот

Во просториите на Црвен крст Охрид, денеска се одржа четвртата, последна сесија од тренинг обуката за едукатори во областа на штетни последици од користење на алкохолот. „Пиењето алкохол не е во мода како што беше еден период, младите на запад веќе избраа нов модел на однесување, а тоа е трезвениот модел. Значи треба да бидат трезвени, да не го користат својот кислород, во мислите, да пие, да не пие, со кого да пие, колку, како да пие и зошто да пие. Младите знаат многу поубаво од нас, бидејќи тие се…

повеќе...

Одржана едукативна тренинг работилница – „Алкохолот и младите“

Вчера во просториите на Црвен Крст се одржа првата едукативна тренинг работилница со 30 младинци кои членуваат во Клубот на Млади при Охридскиот Црвен Крст.  Тема на работилницата беше – Алкохолот, штетна употреба на алкохолот, појавата на зависнот, ризиците и последиците од негова употреба, а истата ја спроведе Владимир Панзов. За жал, честа е појава на конзумација на алкохол помеѓу младите. Ваквата иницијатива, е со цел да се обучат млади кадри кои понатаму своето знаење ќе го пренесат на своите генераци во заеедницата, кои после целокупната обука од 4 сесии…

повеќе...