Шахтите во Пештани – нагазни мини за автомобилите

Пештани „ја испрати“ и оваа летна туристичка сезона. Но, за жал, многумина ќе понесат и непријатни спомени од нивното патешествие низ Пештани, конкретно од неизнивелираните шахти. „Има едно критично место, еден теснец, каде што не се гледа дали доаѓа возило од спротивниот правец. Од едната страна возачите ги одбегнуваат шахтите, додека пак другите ги заобиколуваат паркираните возила. Во таква ситуација е критично и за самите возачи, но и за пешаците кои поминуваат тука.“ – вели загрижен жител од Пештани. Пештанци апелираат до надлежните служби што побрзо да излезат на терен, да извршат увид,…

повеќе...

Македонците среќни доколку се вратат од Грција само со налепница на нивниот автомобил

И покрај многуте случаи на оштетувања на македонските автомобили и нивните регистарски ознаки во Грција, има многу од нив кои среќно поминуваат без оштетувања или пак само со налепница. Таков е и овој случај во кој еден скопски автомобил дојде во Охрид, а во Грција поминал само со налепница на која на англиски и на грчки јазик пишува: „Ознаката МК не е призната од страна на Грција“. WebOhrid

повеќе...

Се преврте автомобил на брегот од Охридското Езеро

Денес околу 17 часот на магистралниот пат Охрид-Св.Наум кај Долно Коњско, поточно на удолницата веднаш после хотелот „Гранит“, автомобил излета од коловозот, се преврте и падна на брегот од Охридското Езеро. Според очевидците кои ги затекнавме на лице место, станува збор за автомобил марка „Пежо“ со охридски регистарски таблички. За брзо време пристигнало амбулантно возило и биле хоспитализирани три лица, кои се наоѓале во возилото. На овој дел од патот денес беше извршен прекоп поради дефект со водоводната линија. И покрај поставените сообраќајни знаци, излетувањето од патот најверојатно е настанато поради…

повеќе...

Повик за вклучување по повод одбележувањето на Ден без автомобили во Охрид

По повод одбележувањето на Европската недела на мобилноста и 22-ри септември денот што општина Охрид го прогласи за ден без автомобили, до граѓаните, велосипедските клубови од Охрид и новинарите, од СВР Охрид упатуваат повик за вклучување во оваа значајна активност што е од непроценливо значење за здрав живот, здрава и чиста животна средина. Манифестацијата што годинава се одржува под мотото „Избери, промени, комбинирај“, ќе започне во 10 часот и 30 минути со собирање на учесниците пред зградата на Општина Охрид. За таа цел во соработка со СВР- Охрид за сообраќај…

повеќе...

Се запали автомобил на улица „Андреја Јованоски“

Се запали автомобил на улицата „Андреја Јованоски“. Настанот се случи околу полноќ, при што реагираше противпожарната единица. За жал, автомобилот целосно изгоре, а на лице место увид изврши и охридската полиција. Причините сеуште не се познати. Покрај материјалната штета на автомобилот, предизвикана е и помала материјална штета врз друг автомобил. WebOhrid / фото: А.Андриоски

повеќе...

Престројување во последен миг

Многу често се случува да се премислиме во последен миг и да се престроиме од една во друга коловозна лента и тоа токму на семафор. Во овој случај, на семафорот кај Охридска банка во Охрид, еден автомобил од Тирана се престрои од една во друга коловозна лента притоа блокирајќи ги и двете. Ваквите ситуации биле и ќе бидат чести, особено во летниот период кога во Охрид се очекуваат многубројни гости од земјава и од соседството кои доаѓаат со свој автомобил. WebOhrid

повеќе...

Американска автомобилска компанија ќе гради фабрика и ќе вработи 2.500 лица

Компанија од автомобилската индустрија не извести дека донеле одлука за градба на нова фабрика која ќе биде лоцирана во поголем град во северозападна Македонија и во која ќе се вработат 2.000 до 2.500 лица, изјави премиерот Никола Груевски. Компанијата, според очекувањата на Владата, ќе ја објави и сама инвестицијата во наредните месец до два. „Тоа ме радува затоа што во тој дел има потреба од доста вработувања. Ќе имаат квалитетна работна сила, а многу луѓе од тој регион ќе си најдат работа, ќе ги згрижат своите семејства со заработувачка која…

повеќе...

Дрво падна врз автомобил „Југо“ во Охрид

Синоќа во Охрид, на улицата  „Мирче Ацев“  поради обилните снежни врнежи се скрши дрво, при што падна врз автомобил „Југо“ со охридски регистарски таблички кое беше паркирано. Како што дознаваме направен бил увид и записник од страна на крим техника. WebOhrid

повеќе...

Камуфлирано фиќо

Олдтајмер или…!?! Најважно е тоа што ова фиќо е сè уште функционално и тоа како корисно. Неговиот товар надвиснал над него како камуфлажа. Но, важно е тоа што камуфлажата не ја попречува видливоста при возењето, а за тоа колку товар може да издржи, проценете сами. WebOhrid

повеќе...