Министерот за привлекување странски инвестиции Веле Самак за МРТ истакна дека нова американска компанија од автомобилската индустрија ќе инвестира во Македонија. „При крај се преговорите со американска компанија од автомобилскиот сектор. Оваа компанија беше присутна на Саемот за вработување кој се организираше од Агенцијата за вработување на Република Македонија во Скопје. Има доста позитивен впечаток и анализа од бројот на пријавени и заинтересирани кандидати и се во финален процес на носење одлука и се надеваме дека ќе биде тоа позитивна одлука за Македонија,“ изјави министерот Самак за емисијата Бизнис 365.
повеќе...Tag: автомобил
Од утре задолжително поседување на зимска опрема
Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните дека, согласно одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата (член 404, став1), од утре (15.11.2014) ќе започне примената на законската обврска за задолжително поседување на пропишаната зимска опрема за моторните возила и работните машини кога учествуваат во сообраќај на пат надвор од населено место, а која ќе биде во сила во периодот од 15 ноември до 15 март идната година. Во таа насока, истовремено, МВР информира дека со членот 11 од -“Правилникот за задолжителна опрема на возилото, велосипедот и запрежното возило…
повеќе...Прием во АМС на автомобилистот Игор Стефановски-Иџе
Денес, директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески организираше прием за автомобилистот Игор Стефановски-Иџе. Директорот Спасески истакна дека врвните резултати кои се бележат, а особено освоените медали на големите натпреварувања, претставуваат позитивен пример за сегашните и идни млади генерации во државата. „Oва што го говорам, со посветена работа и упорност, успеа да го потврди, нашиот автомобилист Игор Стефановски-Иџе, кој успеа со златни букви, покрај неговото име, да го испише и името на Република Македонија во автомобилстичка Европа.“– истакна Спасески. Спасески додаде дека со остварениот успех, после завршувањето на…
повеќе...Игор Стефановски “Иџе” новиот европски првак во автомобилизам на ридско-брзински патеки за 2014 во Европа
Најуспешниот македонски возач Игор Стефаносвки ја потврди најавата од минатата година дека во 2014 ќе атакува на Европското првенство на ридско-брзински патеки. Главно беше фокусиран на комерцијалниот дел од проектот за ЕП 2014 година, односно на преговорите со постоечките партнери и оние кои се придружија во новата сезона. По прашање на автомобилот (Мицубиши Лансер -з.а.) немаше некои поголеми промени, освен редовните сервисирања и штелувања. Ново беше тоа што вежбаше на симулатори и ги возеше дел од патеките на кои ќе се натпреваруваше на ЕП, а кои се достапни преку компјутерските…
повеќе...