Стоечки овации и долги аплаузи за балетското дело „5 до 12“

Покрај богатата програма од музичкиот и театарскиот дел на годинешнава јубилејна програма на „Охридско лето“, балетско дело „5 до 12„ синоќа приреди едно исклучително атрактивно доживување за фестивалската публика. 12-те танчери и танчерки на балетскиот ансамбл ХНК Сплит покажаа извонредна извежбаност, складност, професионалност, хармонија и љубов кон танцувањето. На прекрасната сцена на Долни Сарај бројните посетители видоа едно ново апстрактно видување на една нова боја од животот, живот на коцки исполнет со бои прелеани со енергија, раздвижени со музика и изиграни со љубов. Нешто потполно ново, модерно, поинакво од класичниот…

повеќе...

Балет „5 до 12“ утревечер на Долни Сарај -„Охридско лето“ сцена на врвни балетски остварувања

Балетската претстава „5 до 12 “ ќе биде изведена утревечер на сцената Долни Сарај со почеток во 21 часот, во рамките на фестивалот „Охридско лето“. Како што појаснува селекторот на музичкиот дел на фестивалот „Охридско лето“, Гордана Јосифова-Неделковска, на фестивалскиот репертоар, покрај богатата програма од музичкиот и театарскиот дел, има и едно исклучително атрактивно балетско дело кое ќе привлече огромен интерес кај фестивалската публика, а тоа, според неа, се гледа и од побарувачката на билети за утрешната балетска претстава. „Ако минатата година имавме прекрасно доживување после балетот „14 часа“ и…

повеќе...

Македонска опера на сцената на МОБ

Македонското оперско дело „Змејовата невеста“ на композиторот Стојан Стојков, а во режија на Дејан Пројковски, деновиве премиерно беше изведено во Македонската опера и балет. Ова е прва опера на македонски јазик поставена на сцената на МОБ по цели 10 години од последната премиерна изведба на опера напишана од македонски автор, делото „Лидија од Македонија“ на Ристо Аврамовски. Ова национално дело е работено според истоимената драма на Димитар Г. Молеров, а диригент е Саша Николовски-Ѓумар, кореографијата е на Олга Панго, сценографијата на Валентин Светозарев, а костимографијата на Марија Пупучевска. Во операта…

повеќе...

Македонскaта оперa „Змејовата невеста“ премиерно на 7 февруари во МОБ

Македонското оперско дело „Змејовата невеста“ на композиторот Стојан Стојков, а во режија на Дејан Пројковски, премиерно ќе биде изведено на 7 февруари во Македонската опера и балет. На прес-конференција денеска во МОБ министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска го истакна значењето на премиерата на „Змејовата невеста“, која ќе се случи по цели 10 години од последната премиерна изведба на опера напишана од македонски автор, делото „Лидија од Македонија“ на Ристо Аврамовски. Операта „Змејовата невеста“, укажа министерката, е една од поголемите музичко-сценски форми која е поддржана од страна на Министерството за култура…

повеќе...

Македонската опера и балет на фестивал во Банкок

Со поддршка од Министерството за култура, на 13, 15 и 16 септември 2014 година Македонската опера и балет ќе учествува на 16-тото издание на „Меѓународниот фестивал на музика и игра“ кој се одржува во тајландскиот културен центар во Банкок. Македонската опера и балет, во копродукција со театарот „Лирико“ од Рим, утре ќе је изведе операта „Дон Џовани“ од Волфганг Амадеус Моцарт. Под диригентската палка на Џузепе Сабатини, ќе настапат солистите: Благој Нацоски, Паоло Кони, Анџела Низи, Мауро Корна, Џесика Роуз Камбио, Алесио Потестио, Итало Проферише и Џулија де Блазис. На…

повеќе...

Македонската опера и балет приреди незаборавно доживување за публиката на „Охридско лето“

Првенците и солистите на Македонската опера и балет синоќа настапија на фестивалот „Охридско лето“ изведувајќи ја на покриената сцена „Долни Сарај“ претставата „14 часа“. Музиката за оваа претстава ја напиша Кирил Џајковски, а кореографијата и сценското решение ги направи Игор Киров. Режијата и либретото се Наташа Поплавска, а костимографијата е дело на Александар Ношпал. Кореографот Игор Киров изјави дека со оваа балетска претстава всушност се враќа на македонската сцена по 2005 година кога првпат направи претстава  за Македонската опера и балет. „По 20 години низ цел свет, еве ме, пак дома…

повеќе...