Поповски: Инфраструктура за интегрирање на Балканот во европскиот проект

Бидејќи Европската унија е политичка унија, треба да се применат политички критериуми за поврзувањето на регионот. Инфраструктурата не служи само за транспорт на стоки и луѓе, туку и за интегрирање на Балканот во европскиот проект. Тоа го истакна македонскиот министер за надворешни работи Никола Поповски во обраќањето на министерската конференција на Западен Балкан „Подобра поврзаност, силна и клучна транспортна мрежа“, што се одржа денеска во Приштина. Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески од своја страна укажа на важноста од вклучувањето на целиот Коридор 8 како дел од мрежата на…

повеќе...

Снежно невреме го очекува Балканот

Метеоролошките служби во регионот предупредуваат дека за време на викендот силно снежно невреме ќе го зафати целото балканско подрачје. Возачите на моторни возила се предурпедуваат да не тргнуваат на пат без итна потреба, јави Танјуг. Во Хрватска, Црна Гора и Србија метеоролошките служби предупредуваат дека намалувањето на температурите е само вовед за снежното невреме што за време на викендот и последните денови од годинта ќе го зафатат целиот регион. Во Црна Гора снежни врнежи има во околината на Цетиње, поради што на патиштата е задолжително поседување на зимска опрема, а…

повеќе...

Балкан-инфраструктурно и транспортно поврзување меѓу Црното и Јадранското море

Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, денес е во работна посета на Република Бугарија, на еднодневен Форум на тема „Балкан-инфраструктурно и транспортно поврзување меѓу Црното и Јадранското море“. На форумот покрај министерот Јанакиески присуствуваа и Министерот за транспорт, информатичка технологија и комуникации на Република Бугарија Николина Ангелкова и Министерот за транспорт и инфраструктура на Република Албанија Едмонд Хаџинасто. На форумот беа истакнати добрите меѓусоседски односи помеѓу државите како и можностите за понатамошна соработка во делот на транспортот, патната и железничката инфарструктура. Министерот Јанакиески посебно ги нагласи заложбите на Владата…

повеќе...

Успех на македонскиот хокеј клуб Металург на Балканското хокеј првенство

Хокеј клубот „МЕТАЛУРГ во оваа натпреварувачка сезона настапува во Балканската хокеј лига БАХЛ во Софија, Р. Бугарија. Во изминатите години во оваа лига настапуваа тимови од Грција, Романија и Турција. Денес лигата е поделена на две групи во кои настапуваат 10 клубови. Хокеј клубот „МЕТАЛУРГ” се натпреварува во А групата. Изминатиот викенд во периодот од 24 до 26 октомври македонскиот претставник ХК„Металург” од Скопје ги започна натпреварите во Балканската хокеј лига во Софија, Р. Бугарија. На првите натпревари тимот го сочинуваа: Владе Илиевски,Александер Петров, Ивица Тасков, Кристијан Грчевски, Кристијан Ташевски,Стефан…

повеќе...

Шекеринска на конференција за ЕУ и Западен Балкан

Заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска, учествува на конференцијата „ЕУ и Западен Балкан: 2020“ што во Белград ја организираат Фондацијата ФЕС и Центарот за надворешна политика во Белград. Конференцијата ја отворија Кори Удовички, заменик премиер на Србија и Гинтер Верхојген, поранешниот комесар на ЕУ за проширување, кој го водеше процесот за приклучување кон Европската Унија на земјите од Централна и Источна Европа. Заменик претседателката Шекеринска беше говорник на темата “Западен Балкан: Перспективи и очекувања“ и ја подвлече политичката и економската цена што ја плаќа Македонија поради закочениот евроинтегративен процес. Таа…

повеќе...

Заврши „Балкан маратон Рели“ 2014

Кристијан Пастори од Италија е победникот на „Балкан Маратон Рели“ 2014 и ја освои големата награда, бесплатно учество на „Africa Eco Race“. Јубилејното петто издание на „Балкан Маратон Рели“ стартуваше од плоштадот во Самоков, Бугарија и финишираше на брегот од Охридското Езеро. Натпреварот се организираше во партнерство со Општина Охрид и Општина Самоков, а главни организатори беа оф роуд клубот „4х4 Адвенчр“ од Бугарија и Мото клубот„Александар“ од Македонија. На стартот се појавија над 80 учесници од Холандија, Белгија, Италија, Австрија, Србија, Грција, Бугарија и Македонија, најдобрите изминаа траса од…

повеќе...

Утре во Охрид завршува „Балкан рели маратонот“ 2014

Натпреварувачите своите мотоцикли, четвороцикли и теренски возила, со кои учествуваа на релито по завршувањето на ревијата ќе ги изложат на Кејот Македонија, со што туристите и охриѓани ќе имаат несекојдневна можност да се запознаат, фотографираат и разгледаат возилата од ваков тип. Подоцна во 19 часот на свеченоста која ќе биде збогатена со културно – уметничка програма ќе бидат доделени медалите и признанијата за најдобрите во секоја категорија. Инаку балканскиот „Дакар“ како што го нарекуваат ова рели, започна на 5-ти септември од Самоков, Република Бугарија, а завршува на 11-ти септември во…

повеќе...

Балканот со заедничка стратегија за да биде поатрактивен како пазар

Земјите од Балканот треба да бидат поунифицирани, покоординирани во делот на економијата и да настапат со заедничка стратегија за да бидат поатрактивни како пазар. Ова е пораката од панел дискусијата во Берлин, организрана од германското Министерство за економија во рамки на Самитот Германија – ЕУ – Западен Балкан, на која присуствуваа и вицепремиерот за економски прашања, Владимир Пешевски и министерот за економија, Беким Незири, јави известувачот на МИА. Според Пешевски стартегиите се регионални, но сепак секоја држава има свој дел од работите кој што треба да го исполни, а Македонија…

повеќе...

Sвездата на „Х Фактор” го најави најголемиот љубовен фестивал на Балканот!

Даниел Кајмакоски, победникот на овогодинешното издание на „Х Фактор” во соработка со белградскиот диџеј John Jogurt и дуото Calavera & Manya, ја сними химната за музичкиот фестивал Heineken Lovefest 2014, кој ќе се одржи од 7-ми до 9-ти Август во Врњачка Бања, Република Србија.  Талентираниот Македонец, во чиј глас се заљубија сите земји од поранешните Ју простори, истакна дека му било чест да соработува со млади диџеи, како и дека му претставува особено задоволство да биде дел од проект кој ја слави љубовта.  „Можам да кажам дека би беше особена…

повеќе...

Свечено затворање на Балканскиот фестивал на народни песни и игри 2014

Вечерва,11 јули (петок) свечено на сцената Долни Сарај со почеток во 21.оо часот, ќе биде затворен Балканскиот фестивал на народни песни и игри 2014. Фестивалот ќе биде затворен со настапите на  Ансамблот „Туфаг” од Јалова , Турција- КУД „Илинден”од Велгошти, МАКЕДОНИЈА- КУД „Отекс”, Охрид, МАКЕДОНИЈА. Влезот е слободен.

повеќе...