Седница на Советот за безбедност

Советот за безбедност синоќа одржа седница, која беше свикана од Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов поради безбедносната состојба поврзана со терористичките напади во Париз и предизвиците од мигрантската криза. Советот за безбедност изрази најостра осуда за терористичките напади во Париз и длабоко и искрено сочувство до граѓаните на Француската Република. Во врска со заканите од насилниот екстремизам и странските терористички борци, констатирано е дека институциите редовно преземаат мерки и информираат. Безбедносните служби реферираа за сите предизвици и потенцијални закани со кои се соочува регионот, како и мерките што нашите…

повеќе...

Дечињата од „Јасна Ристеска“ учеа за безбедноста во сообраќајот

Најмладите од детската градинка „Јасна Ристеска“ со пароли и транспаренти се обидоа да ја разбудат свеста кај возрасните за почитување на сообраќајните правила и прописи за побезбеден живот. Децата во придружба на сообрајќаен полицаец се движеа и добиваа практични обуки за премин преку улица, се запознаа со сообраќајната инфраструктура и со правилата кои треба да ги почитуваат како учесници во сообраќајот. Оваа  активност која е во рамките на кампањата „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“ се реализира во соработка со Секторот за образование при Локалната самоуправа на Општина Охрид и Советот…

повеќе...

Панел дебата во Охрид „Европската бегалска криза – причини за нејзината појава и можни последици по безбедноста на Република Македонија“

Утре, со почеток во 12,00 часот на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид, во организација на „Балкански форум за безбедност“ ќе се одржи Панел дебата на тема: „Европската бегалска криза – причини за нејзината појава и можни последици по безбедноста на Република Македонија“ со тези за дискусија: – Геостратегиските и геополитичките аспекти на причините за појава на бегалската криза, – Меѓународно-правните стандарди за заштита на бегалците како патоказ за изнаоѓање на ефикасни средства и методи за разрешавање на бегалската криза, – Бегалската криза и односите меѓу соседите во Југоисточна Европа –…

повеќе...

Превентивни и едукативни проекти за зголемување на безбедноста на пензионерите

Подигнување на степенот на безбедност и на јавната свест кај пензионерите и повозрасните лица како ранлива категорија учесници во сообраќајот и мислења за поактивен придонес за безбеден сообраќај, беа темите на работниот состанок што денес, на иницијатива на Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата на град Охрид, се одржа со Здружението на пензионери од Охрид и Дебрца. Како што истакна Стефан Димоски, претседател на Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата на град Охрид, пензионерите се специфична категорија учесници во сообраќајот не само поради возраста и бројноста…

повеќе...

Заврши обуката за полициските службеници за новиот Закон за безбедност на сообраќајот на патиштата

Денеска во Центарот за обука при Министерството за внатрешни работи во Идризово заврши обуката за новините во новиот Закон за безбедност на сообраќајот на патиштата за полициски службеници кои непосредно извршуваат активности од областа на сообраќајот. Обуката беше реализирана со цел што поефикасна и ефективна практична примена на Законот. Обуката ја реализираа г. Сали Салија, помошник на директорот во Секторот за сообраќајни работи во Министерството за внатрешни работи, м-р Стојче Стаменковски , државен советник во кабинетот на Министерот за внатрешни работи и други претставници од Секторот за сообраќајни работи, кои…

повеќе...

Кампања „Вози трезен-стигни жив“

Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата на град Охрид, утре ќе ја реализира кампањата „Вози трезен-стигни жив“. На кеј „Македонија“ во близина на охридското пристаниште, во 11 часот, предвидентите активност ќе се спроведат во соработка со општинската организација на Црвениот крст и со полициската станица за безбедност во патниот сообраќај при СВР Охрид. Тука, но и на неколку други локации во градот, предвидени се сообраќајни пунктови составени од полициски службеници и волонтери на Црвениот крст каде ќе се врши доброволно алкотестирање и делење на пригоден едукативен материјал. Целта…

повеќе...

Бови во Охридско езеро за поголема безбедност

Во тек е поставување на таканаречени бови во Охридско езеро во рамки на проектот на Министерството за транспорт и врски, кои треба да ја зголемат безбедноста во водите. Овие бови во Охридско езеро ќе се користат за да се обележи растојанието и правецот на движење на пловните објекти. „Бовите ќе се постават од Св. Наум, па се до Радожда. На овој начин ќе се зголеми безбедноста на сите учесници во езерскиот сообраќај“, напиша министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски на Фејсбук. Извор: Нет Прес

повеќе...

„Безбедно на мотор“ – заедничка патрола од полициски службеници и моторциклисти

Во рамките на превентивната кампања „Безбедно на мотор“, вчера Секторот за внатрешни работи Охрид реализира заедничка патрола составена од полициски службеници и моторциклисти -членови на мото клубот „Охрид“. На пресекот на булеварите „Туристичка“ и „Асном“, беше поставен сообраќаен безбедносен пункт при што на моторциклистите, возачите на велосипед со мотор и возачите на мопеди како ранлива категорија учесници во сообраќајот, им беа делени едукативни флаери со низа совети за подигнување на степенот на безбедност во сообраќајот како ефективен начин да се избегнат и намалат сообраќајните незгоди. При заедничката патрола, полициски службеници…

повеќе...

Формиран новиот Совет за безбедност на сообраќајот во општина Охрид

Новиот состав на Советот за безбедност на сообраќајот на патиштата во општина Охрид, денеска ја одржа првата конститутивна седница. Согласно законските прописи, овој состав и новиот претседател на Советот за безбедност на сообраќајот на патиштата Стефан Димоски, Советот на Општина Охрид едногласно ги избра на четириесетата седница. „На почетокот на конститутивната седница на Советот за безбедност на сообраќајот на патиштата во Општина Охрид, уште еднаш му го честитам изборот на Стефан Димоски за претседател на Советот, а на новоизбраните и на членовите кои и досега беа дел од ова тело…

повеќе...

Хит за ова лето во Охрид: Селфи на моторче

Правењето селфи е хит, но за жал актуелни се и несреќите при правење селфи. Вчера, објективот на WebOhrid затекна неколку момчиња како прават селфи возејќи моторчиња, а „најдоброто“ и најлудото селфи го правеше токму возачот.  Останува да се надеваме дека ова лето во Охрид ќе помине мирно и без последици, без оглед на лудориите на гостите, па и на нашите сограѓани. WebOhrid

повеќе...