Царинската управа организираше состанок со увозниците и производителите на акцизна стока

Во насока на продлабочување на соработката со производителите и увозниците на акцизни добра, односно тутунски добра и алкохолни пијалоци, Царинската управа организираше по втор пат работни состаноци, кои се одржаа на 25 септември 2015 година, во просториите на Царинската управа. На состаноците присуствуваа околу 40 претставници на компании. Целта на овие средби, што се одржуваат најмалку еднаш на два месеци е подобрување на соработката помеѓу бизнис заедницата и Царинската управа, запознавање со новините во акцизното работење, разгледување и надминување на отворените прашања, односно подобрување на акцизниот систем во целина. На…

повеќе...

Туроператори од Турција и членки на ТУРСАБ во посета на Охрид

Делегација од Турција предводена од претседателот на регионалниот совет на ТУРСАБ- Асоцијација на тур оператори од Турција, Мехмет Акус, заедно со уште осумнаесет туроператори и нивни членки, од денеска се во официјална постета на Македонија, со цел проширување на туристичкиот пазар, зголемување на турстичката размена меѓу Турција и Македонија, зацврстување на веќе постоечките и создавање на нови партнерства со Македонија. Претседателот на регионалниот совет на ТУРСАБ, Мехмет Акус со Аркан Керим, претседател на Туристичко угостителската комора при Сојузот на стопански комори потпишаа Меморандум за соработка со цел поголема конторола, зацврстување…

повеќе...

Во Велестово ќе се одржи StartQube летен камп за стартап бизниси и млади претприемачи

Како што се приближува StartQube, интернационалниот летен камп за стартап бизниси и млади претприемачи од Македонија и регионот, организаторите на настанот најавуваат се повеќе возбудливи детали за се што ќе се случува за време на настанот, програмата, слободните активности и менторите, како еден од најважните делови од StartQube. Листата се движи од успешни основачи на стартапи со огромни инвестиции, до акцелератори и инвестициски фондови, инвеститори и многу повеќе. Менторите на StartQube се добра причина да не ја пропуштите можноста да учествувате на еден несекојдневен настан кој носи дел од европската…

повеќе...

Грантови од Владата за лица со инвалидитет за отворање сопствен бизнис

Од втората половина на месецов, Агенцијата за вработување на РМ со посредство на Владата на секое инвалидизирано лице кое што сака да започне сопствен бизнис ќе му понуди 5 илјади евра грант, а доколку вработи уште двајца уште по 1.500 евра грант за секое од нив. Тие двајца можат да бидат инвалидизирани лица, но и не мора, најави премиерот Никола Груевски во одговор на прашање по посетата на целосно реновираното ОУ „Јосиф Јосифовски“ во Гевгелија. „Веќе во буџетот за оваа година се резервирани еден милион евра за оваа намена, а…

повеќе...

Нови 500 самовработувања со грантови за сопствен бизнис

Петстотини досега невработени лица ќе можат да се вработат преку отворање сопствени компании со помош на грант средства од Програмата за самовработување. Тие денеска ги добија решенијата за завршени обуки и програма со кои им се овозможува добивање на овие средства преку Агенцијата за вработување на Република Македонија. „Сите лица кои досега беа невработени набрзо ќе ги регистрираат своите „старт ап компании“, своите мали бизниси и ќе добијат грант средства во висина од 201 илјада денари за набавка на опрема и репроматеријали. Дополнително ќе можат да ги користат и поволностите…

повеќе...

Премиерот Груевски на бизнис форум во Париз

Премиерот Никола Груевски заедно со министерот без ресор задолжен за странски инвестиции Горан Мицковски, министерот за надворешни работи Никола Попоски и директорот на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот Климент Шекеровски, ќе престојува во Париз, Република Франција, на бизнис форум организиран од групацијата „Македонија 2025“. Целта е презентација на можностите за инвестирање и поволностите кои се нудат во Македонија како и поврзување на повеќе успешни бизниси водени од македонски и претприемачи низ Европа и светот и можностите за нивен импакт во развојот на македонската економија. На форумот предвидени…

повеќе...

Македонија произведува безбедна храна- За дома и за извоз

Воспоставување на нови бизнис партнерства за идна соработка, размена на искуства за производство на храна и презентација на најновите технолошки достигнувања за квалитет и безбедност во производствениот процес се главните цели на „Фестивалот за хигиенски дизајн и храна“ кој од денес до петок се одржува на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид со поддршка на Агенцијата за храна и ветеринарство и Агенцијата за поддршка на претприемништвото во Република Македонија. Како што објасни Владимир Какуринов, извршен директор на Консалтинг и тренинг центар „КЛУЧ“ од Мекедонија – регионална секција на највлијателната европска…

повеќе...

Бизнис средби со австриски туроператори за отварање на нов туристички пазар

Согласно програмските активности на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот за 2015 година и можноста за отварање на нови туристички пазари од 20-23.04 во Австрија, АППТРМ –Агенцијата за промоција и подршка на туризмот на Македонија ќе учествува на бизнис настан „An Evening with THE Experts“ кое вклучува презентации и бизнис средби со австриски тур оператори. Претставници од АППТРМ и директорот Кристијан Џамбазовски ќе ги презентираат туристичките потенцијали во Македонија, атрактивните туристички продукти и дестинации, висината и начинот на субвенционирање за организиран странски туристички промет во Македонија и можностите за…

повеќе...

Инвестициските можности претставени на бизнис форум во Хаг, Холандија

Претседателот на Владата на Република Македонија,  Никола Груевски, денеска заедно со министерот за привлекување на странски инвестиции, Џери Наумоф и директорот на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот,Климент Шекероски, се обратија на бизнис форум во Хаг, Кралството Холандија. На бизнис форумот кој се одржа во соработка со Светскиот трговски центар на Холандија и Холандскиот совет за промоција на трговијата беа промовирани поволностите за инвестирање во Република Македонија и добрата бизнис клима за водење на бизнис во државата. Премиерот Груевски истакна дека унапредување на бизнис климата и отворањето на…

повеќе...

Министерот Ивановски на бизнис форум во Естонија за привлекување на странски инвестиции

Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, од 11 до 13 март, беше во посета на Естонија, каде учествуваше на бизнис форум во организација на Стопанската Комора на Естонија. Тој одржа презентација пред информатички компании од Естонија, на која ги претстави потенцијалните можности за инвестирање во Република Македонија, ставајќи акцент на ИТ секторот. Меѓу темите кои привлекоа најголем интерес беше воспоставениот електронски систем за јавни набавки на Република Македонија. Министерот Ивановски посети и десетина најголеми естонски компании, кои работат во областа на информатичко-комуникациската технологија. Активностите се во рамките на…

повеќе...