Министерот Ивановски на бизнис форум во Естонија за привлекување на странски инвестиции

Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, од денес, 11-ти до 13-ти (петок), ќе биде во посета на Естонија, каде ќе учествува на бизнис форум во организација на Стопанската Комора на Естонија. Тој ќе има презентација пред информатички компании од Естонија, на која ќе ги претстави потенцијалните можности за инвестирање во Република Македонија, со фокус на ИТ секторот. Министерот Ивановски ќе посети и неколку естонски компании, кои работат во областа на информатичко-комуникациската технологија. Активностите се во рамките на владините роуд шоу активности за привлекување на странски инвестиции.

повеќе...

Пешевски, Самак и Мизо на бизнис-форум во Њујорк

Економска делегација, предводена од заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања, Владимир Пешевски, во чиј состав се и министерот за привлекување странски инвестиции, Веле Самак и директорот на Дирекцијата за ТИРЗ, Виктор Мизо, учествуваше на бизнис – форум во Њујорк, каде беа презентирани поволните услови за водење бизнис во Република Македонија. За време на форумот, организиран во соработка со магазинот Форбс, вицепремиерот Пешевски ги истакна поволностите за водење бизнис, посочувајќи ја поволната деловна клима во земјата, притоа осврнувајќи се кон придобивките за странските компании, како што се најнискиот даночен…

повеќе...

Општина Охрид, бизнис секторот и банкарите со заедничка политика за стопански раст и развој на Охрид

Општина Охрид, заедно со бизнис заедницата и банкарскиот сектор од градов ќе креираат заедничка политика за побрз економски раст и развој на Охрид. Ова беше заклучено на седмиот по ред Локален економски совет што денес се одржа во зградата на локалната самоуправа а на кој покрај постојаните членови на ова локално тело присуствуваа и банкари, туристички работници и градежници од Охрид. Според градоначалникот Никола Бакрачески неопходно е да се воспостави систем на постојана комуникација и соработка помеѓу бизнис субјектите во градот со цел да се креираат адекватни решенија за унапредување…

повеќе...

Македонија е фокусирана на овозможување добра бизнис клима

Претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски  се обрати на отворањето на глобалниот престижен самит “Вибрант Гуџерат” кој од 11 до 13 јануари се одржува во градот Ахмадабад, Република Индија. Станува збор за реномиран и угледен самит чија цел е зајакнување на економските врски, продлабочување на економската и политичка соработка и унапредување на индустријата и трговската размена меѓу државите. Самитот го отвори премиерот на Република Индија, г-дин Нарендра Моди, а меѓу учесниците на овој самит беа и генералниот секретар на Обединетите Нации, г-дин Бан Ки Мун, државниот секретар на…

повеќе...

„Форбс“: Македонија најдобра во регионот, а 31-ва во светот за водење бизнис

Македонија е рангирана на 31 место меѓу 146 држави во светот во најновиот извештај на американскиот економски магазин „Форбс“ за најдобри земји за бизнис, што претставува подобрување за пет позиции во однос на минатата година. Според „Форбс“, Македонија е најдобра држава за бизнис во регионот и е рангирана пред Бугарија која е на 42 место, Хрватска на 46, Црна Гора на 48, Турција на 50, Грција на 51, Албанија на 58, а БиХ и Србија на 84 место. По одделни идикатори, Македонија има највисока, трета позиција, за бирократски процедури, на…

повеќе...

Владина делегација на бизнис форум во Франкфурт

ретседателот на Владата на Република Македонија, г-дин Никола Груевски, и владина делегација во чиј состав се и заменик претседателот на Владата г-дин Владимир Пешевски, министерот за привлекување странски инвестиции г-дин Веле Самак, и директорот на Дирекцијата за технолошко – индустриски развојни зони г-дин Виктор Мизо, вчера попладне (вторник, 09.12.2014 година), во Франкфурт, СР Германија, присуствуваа и се обратија на бизнис форум за презентација на поволностите за реализација на странски инвестиции и отворање на нови работни места. На бизнис форумот присуствуваа претставници на 40 компании од областа на автомобилската индустрија, електрониката,…

повеќе...

Прогласени најдобрите пет студентски бизнис планови

Со врачување парични награди и ваучери со кои се покриваат трошоците за регистрација на фирма во Централниот регистер денеска беа прогласени петте најдобри бизнис планови во рамки на проектот „Организирање бизнис натпревар – Биди перспективен започни свој бизнис“, чија цел е поттикнување на претприемничкиот дух меѓу младите, преку подготовка на студентите и младите претприемачи за отпочнување на сопствен бизнис. Првонаградениот бизнис план „Make your mobile happy with battery full“ на Бесарта Џони доби вредносен чек од 330.000 денари, второнаградениот преокет „Решенија за паметен дом“ на Никола Николовски е награден со…

повеќе...

Можностите за инвестирање презентирани пред швајцарските бизнисмени

Владина делегација предводена од вицепремиерот Владимир Пешевски од денес престојува во посета на Швајцарската Конфедерација каде ќе ги презентира поволните услови за инвестирање и водење бизнис во Македонија. Делегацијата денеска имаше директни средби со раководствата на компании од прехранбениот сектор и од областа за производство на опрема и системи за греење, ладење и вентилација, како и фирми за производство на машински делови и алати. Од Кабинетот на вицепремиерот информираат дека на почетокот на следната година посета на Македонија најавиле сопствениците на компаниите „Оспелт“ и „Хилти“. Во организација на почесниот конзул…

повеќе...

Груевски: Посетата на САД успешна, американски компании најавија инвестиции

Владиниот тим предводен од премиерот Никола Груевски, со учеството на бизнис форумот во Лас Вегас, ја заврши неколкудневната економска посета на САД. Како што изјави Груевски по форумот, посетата на САД е повеќе од успешна. Дел од компаниите и стопанствениците со кои се остварени средби, најавија инвестиции во Македонија. „Посетивме четири четири големи значајни града, Њујорк, Чикаго, Лос Анџелес и Лас Вегас, доста компании. На презентациите имаше многу присутни, голем беше интересот, се поставија многу прашања и се остварија многу лични контакти. Неколку компании веќе најавија доаѓање во Македонија дури…

повеќе...

Со конкретни мерки до сопствени бизниси и отворање на нови работни места

Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов и директорот на Агенцијата за вработување на Република Македонија, Влатко Поповски на конференција за медиумите информираа за активните политики за вработување, односно за распишаните огласи за Проектот за самовработување со кредитирање, Проектот за самовработување со кредитирање за невработени млади лица до 29 години, Проектот кредитирање на правни субјекти (микро и мали претпријатија) за отворање на нови работни места и Проектот кредитирање на правни субјекти (микро и мали претпријатија) за отворање на нови работни места за млади лица до 29 годишна возраст. Министерот…

повеќе...