Над 3.500 компании од Илиноис, меѓу кои познати брендови и корпорации, имаат можност да дознаат за условите за инвестирање во Македонија од владиниот тим предводен од премиерот Никола Груевски на форум во Чикаго. Дел од нив ги најавуваат и плановите за инвестирање, а меѓу нив е и инженерската компанија „Гленмон Глобал Солушн“, која ќе се занимава со инженерство и проектирање и ќе ангажира висококвалификувана работна сила. Чикаго е трет најголем град во САД со трет најголем бруто регионален производ и е оценет како град со најизбалансирана економија, со што претставува…
повеќе...Tag: бизнис
Дуинг бизнис 2015: Македонија уште еднаш меѓу најдобрите реформатори во регионот
Македонија останува меѓу земјите со најдобри резултати на глобално ниво во реформите за олеснување на водењето бизнис, покажува најновиот Извештај на Светска банка „Дуинг бизнис 2015: Преку границите на ефикасноста“. Рангирана е на 30. место, односно едно место погоре во однос на минатата година кога беше на 31. позиција. Според Извештајот Црна Гора е на 36. место, Бугарија на 38., Романија на 48., Словенија на 51 место, Албанија на 68., Србија на 91 место и Босна и Херцеговина на 107 место. Во Извештајот се додава дека пред 10 години во…
повеќе...Можностите за бизнис во Македонија претставени во Полска
Полски компании од различни области покажаа интерес за можностите за инвестирање во Македонија и соработка со македонски компании од повеќе индустрии, на бизнис форумот и економската презентација на Македонија, што се одржува денеска во Варшава. На бизнис форумот, организиран со полската Агенција за информации и инвестиции, се обратија македонскиот вицепремиер за економски прашања Владимир Пешевски и вицепремиерот и министер за економија на Полска Јануш Пехочински. Пред бизнис заедницата во Варшава Пешевски и заменик директорот на Агенцијата за странски инвестиции, Климент Шеќеровски, ги презентираа условите за инвестирање и водење бизнис во…
повеќе...Македонските услови за инвестирање претставени на бизнис форум во Далас
Македонски владин економски тим, предводен од вицепремиерот Владимир Пешевски, ги презентира условите за инвестирање и водење бизнис во Македонија на бизнис форум во Далас, САД, пред претставници на голем број компании од областа на информатички технологии, финансиски и аутсорсинг услуги. „Македонската делегација, во чиј состав се и министрите за странски инвестиции Веле Самак и Џери Наумоф, извршниот директор на ДТИРЗ Виктор Мизо и економскиот промотер Васко Давидовски, одржа и поединечни средби со раководството на низа компании, кои се заинтересирани за проширување на своите производствени капацитети на територијата на Европа“, соопшти…
повеќе...Премиерот Груевски и владината делегација се обратија на бизнис-форум во Турција
Претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски и владината делегација, денеска присуствуваа и се обратија на бизнис форум во Коџаели, Република Турција, при што ги презентираа поволностите кои нашата земја ги нуди на странските инвеститори за отворање бизнис и нови работни места во Македонија. Бизнис форумот беше организиран во соработка со Индустриската зона во Коџаели, и на него присуствуваа менаџери од повеќе компании, претежно од областа на автомобилската индустрија, хемиската индустрија, како и претставници од металската и текстилна индустрија. Премиерот Груевски во своето обраќање пред присутните се задржа на…
повеќе...Македонска делагација на унгарско- македонски бизнис форум во Будимпешта
Македонска делегација предводена од министерот за странски инвестиции, г-дин Бил Павлески, учествува на унгарско- македонски бизнис форум во Будимпешта, Република Унгарија кој е организиран во соработка со националната унгарска трговска куќа „Hungarian National Trading House“, со поддршка на македонската амбасада во Унгарија и промоторот на Република Македонија задолжен за Полска, Унгарија и Чешка. На форумот како дел од македонската делегацијата учествуваат и министерот без ресор, г-дин Фуркан Чако и заменик министерот за економија, г-дин Христијан Делев. Министерот Павлески во своето обраќање ги презентираше можностите за инвестирање, како и поволната бизнис…
повеќе...Претседателот Иванов на Бизнис Форум во Анкара – Ги повика турските бизнисмени да инвестираат во Македонија
Претседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов, во рамки на посетата на Република Турција по повод утрешната инаугурација на новоизбраниот турски претседател Реџеп Таип Ердоган, денеска присуствуваше на Бизнис Форум што се одржа во индустриската зона Остим, Анкара. Индустриската зона Остим е една од најголемите зони во Турција со 5 000 компании и преку 50 000 вработени во 17 различни индустриски сектори. На Бизнис Форумот присуствуваа претставници од 5 индустриски сектори од сферата на обновливата енергија, медицината, градежништвото, автомобилската и одбранбената индустрија кои претставуваат повеќе од 80 компании. Македонскиот претседател…
повеќе...Финансиска поддршка за студенти заинтересирани да отворат бизнис
Сите студенти и потенцијални млади претприемачи од 18 до 30 години заинтересирани за почнување сопствен бизнис да аплицираат со бизнис план на јавниот повик, апелира министерот за економија, Беким Незири. Повикот е објавен на 4 јули годинава, а ќе трае до 15 септември. Како што најави Незири, најдобрите бизнис планови ќе добијат финансиска поддршка, прворангираниот 330.000 денари, второрангираниот 230.000 денари, третиот избран 130.000 денари, четврторангираниот 100.000 и петорангираниот 60.000 денари. Петте наградени бизнис планови согласно јавниот повик треба да формираат претпријатие и за неговото регистрирање, посочи министерот, ќе ги искористат…
повеќе...Отворени податоци од институциите за граѓаните и бизнис секторот
Граѓаните и бизнис секторот имаат можност за слободен и бесплатен пристап до податоци од јавен карактер без технички или законски ограничувања преку порталот www.otvorenipodatoci.gov.mk што го промовираше денеска министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски. Според Ивановски, станува збор за значаен проект на МИОА со цел да се обезбеди поголема транспарентност во функционирањето на институциите, ефикасност на администрацијата и реискористување на податоците за развој на економијата. „Искуството што го има Европската унија со отворањето на податоците покажува фантастични економски параметри кои со реискористувањето на податоците од државните институции достигнуваат…
повеќе...Груевски: Со електронски залог, подобри услови за бизнис
Регистрацијата на залог во Централниот регистар може да се врши електронски. Воспоставен е нов систем, со инвестиција од 250.000 евра, како надградба на Заложниот регистар, а целата постапка за упис на залог е забрзана. Со системот е-залог, според премиерот Никола Груевски, се подигнува нивото и стилот на работа во Заложниот регистар, се забрзува постапката и се олеснува водењето бизнис. – Ова претставува уште еден проект во низата, со кој преку воведување нова технологија се создава можност целокупниот процес на регистрирањето на залогот и плаќањето на надоместот да се прави по…
повеќе...