Јапонски компании заинтересирани за бизнис во Македонија

Македонија е земја со најниски трошоци за правење бизнис во Европа, има најнизок даночен пакет, поволна и образована работна сила, прави голем дел реформи во намалување на процедурите за бизнисмените и создава добра бизнис клима. Вака премиерот Никола Груевски ги повика јапонските потенцијални инвеститори добро да ги анализираат податоците и поволностите и да ја внесат Македонија во своите планови за ширење на капацитетите во Европа. Според него сите овие поволности, резултираат во последно време со одлуки на голем број компании да отворат свои капацитети во Македонија или да ги прошират…

повеќе...

Груевски: Поддршка за бизнисот, нови патишта и намалување на ДДВ

За поддршка на домашното стопанство во наредниот период ќе бидат реализирани бројни мерки и активности, најави мандатарот Никола Груевски, при презентацијата на Предлог-владината програма за периодот 2014-2018 година. Меѓу најзначајните наброја нови 100 милиони евра поволни финансиски средства со субвенционирана камата од 5,5 проценти, докапитализација на МБПР со 10 милиони евра, наменети за производство за извоз, финансирање земјоделски производство и извоз и откуп, а ќе продолжи и проектот странски експерти за домашни компании. „Владата ќе продолжи со политиките за создавање рамен и еднаков терен за фирмите и намалување на нелојалната…

повеќе...

Објавен огласот за грант за отворање сопствен бизнис

Нови 400 невработени лица регистрирани во Агенцијата за вработување на Република Македонија од денеска ќе можат да аплицираат на огласот за грант вреден 3.000 евра, неповратни средства што ги доделува државата за отворање сопствен бизнис. Според министерот за труд и социјална политика Диме Спасов, ова е одлична можност невработените лица кои имаат бизнис идеја да добијат поддршка и да се самовработат, да развијат сопствен бизнис. Покрај грантот од 3.000 евра во форма на опрема и репроматеријали, учесниците во програмата за самовработување добиваат и низа други придобивки кои треба да им…

повеќе...

Државата ќе поддржи отворање нови 400 мали бизниси

Нови 400 невработени лица регистрирани во Агенцијата за вработување на Република Македонија од утре ќе можат да аплицираат на огласот за грант вреден 3.000 евра, неповратни средства кои ги доделува државата за отворање сопствен бизнис. „Ги повикувам сите невработени лица кои имаа бизнис идеја да ја искористат оваа шанса и да аплицираат. Ова е одлична можност да добијат поддршка и да се самовработат, да развијат сопствен бизнис кој ќе придонесе и во развојот на македонската економија и во отворање нови работни места“, истакна на денешната прес-конференција министерот за труд и…

повеќе...

Со посебни мерки Локалната самоуправа ќе ги помага и локалните бизнисмени

Градоначалникот Никола Бакрачески, денеска имаше средба со  охридските бизнисмени кои до општината доставиле проекти за развој на нивните компании. На средбата, што се одржа на нивно барање, беа разгледани можностите за поддршка на развојот на локалните бизниси од  страна на Локалната самоуправа. Заеднички беше заклучено дека има сеуште неискористени можности за помош на охридските бизнисмени, а градоначалникот Бакрачески потсети дека не ги дели домашните и странските инвеститори и дека бенефициите на Владата и Локалната самоуправа важат и за едните и за другите. Градоначалникот ги информира и за можностите кои им…

повеќе...

Ставрески: До 23.000 евра за младите кои сакаат да почнат бизнис

Главна цел на програмата на ВМРО-ДПМНЕ за следните четири години е вработување на младите лица и во таа насока се предвидени повеќе добри проекти, изјави  Зоран Ставрески, носител на кандидатската листа за пратеници од ВМРО-ДПМНЕ во Четвртата изборна единица. „Секој млад човек кој сака да се самовработи може да добие 7.000 евра за сопствено вработување, а може да вработи уште четири лица во истата фирма кои ќе добијат по 4.000 евра. Значи вкупно 23.000 евра е финансиската поддршка што е предвидена за самовработување и средствата се даваат на вкупно седум…

повеќе...

Австралиска компанија пренесува дел од бизнисот во Македонија

Австралиската компанија Gamut Global Operations ќе развива бизнис софтвер во Македонија. Денеска официјално ја отвори канцеларијата во земјава на што присуствуваше министерот за информатичко општество Иво Ивановски. „Идејата да дојдеме во Македонија се должи на позитивната инвестициска клима, конкурентната цена и пристапот до квалитетен кадар кој ги исполнува условите кои ни беа потребни. Исто така, посветени сме во обезбедувањето на македонски персонал со пристап до најновата опрема, алатки и процеси, со цел да се придонесе во подобрување на вештините и овозможување продуктивен капацитет“, изјави претставникот на компанијата Џон Бургес. Компанијата…

повеќе...

Градоначалникот Бакрачески оствари работна средба со бизнисмен од Либан

Градоначалникот Никола Бакрачески денес оствари работна средба со Надим Саоу, познат бизнисмен од Либан кој е заинтересиран да инвестира во Охрид, во изградба на хотели  и апартмани со можност да вложува и во проекти од областа  на  јавно приватно партнерство. Градоначалникот Бакрачески  го запозна својот гостин со сите реални проекти на општина Охрид во кои може да се инвестира –  мал шопинг центар, зелен пазар, ски центар, дом за стари лица, аква парк, истакнувајќи дека Локалната Самоуправа  би  ја прифатила секоја  постапка на јавно приватно партнерство   онаму каде може…

повеќе...

Ставрески: Потврдата на Фич е признание за владините политики

Потврдата на стабилниот кредитен рејтинг на Република Македонија од една од најреномираните агенции во светот „Фич“ е признание дека макроекономските политики се стабилни, со добра солидна стапка на раст на економијата, движена од градежништвото, високите капитални инвестиции од буџетот и средствата вложени од странските компании, оцени вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески. Истакна дека тоа е одлична вест бидеќи само во изминатите неколку месеци Фич и Стандард и пурс ги намалија кредитните рејтинзи на повеќе земји во регионот како Хрватска, Словенија, па и пошироко на Украина, Русија, Турција… „Задоволни…

повеќе...

По 3.000 евра за отворање бизнис со самовработување

Речиси 950 невработени лица кои активно бараат работа годинава ќе бидат обучени за отворање на сопствен бизнис во рамките на Програмата „Самовработување 2014 година“. Секој од нив ќе добие и грант од околу 3.000 евра за отворање бизнис, а доколку вработи уште едно лице и дополнителни 1.500 евра. За тоа, како што информира вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски, во Програмата за работа на Владата за 2014 година се предвидени околу 3,2 милиони евра. Вицепремиерот Пешевски денеска во Агенцијата за вработување на Република Македонија се обрати пред првите 26 учесници…

повеќе...