TAV i Wizz Air ќе ја промовираат новата линија Будимпешта – Скопје

ТАВ Македонија и „Виз ер“ во среда (5-ти април) ќе ја промовираат новата линија Будимпешта – Скопје. Настанот ќе се одржи со почеток во 11:45 часот, на скопскиот аеродром „Александар Велики“. Пред присутните ќе се обратат Министерот за транспорт и врски, Владо Мисајловски, Алп Ер Тунга Ерсој, генерален директор на ТАВ Македонија и Дукс Ласло Иштван, Амбасадор на Унгарија во Република Македонија.

повеќе...

Македонија заинтересирана за брзата железница од Пиреја до Будимпешта

Македонија е заинтересирана да биде дел од проектот за изградба на пругата од пристаништето во Пиреја до Будимпешта. Ова го истакна вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски на денешната средба со кинеската делегација предводена од заменикот министер за национален развој и комисија за реформи Ксу Ксианпинг, заменик генералниот директор на кинеската железничка корпорација, Хуанг Мин и потпретседателот на кинеската Ексим банка, Сун Пинг. На средбата, како што соопшти Кабинетот на вицепремиерот Пешевски, двете страни изразиле согласност да биде изработена физибилити студија за трасата каде би поминувала пругата и за цената…

повеќе...

Напредок на регионот со брзата пруга Будимпешта-Атина

Пругата од Будимпешта до Белград, што претствува првиот дел од брзата пруга која треба да ги поврзе Унгарија, Србија, Македонија и Грција, треба да биде готова за две години. Договорот денеска го потпишаа Србија и Унгарија со НР Кина во рамки на Самитот што се одржува во Белград. „Изградбата на овој проект ќе послужи за развојот на регионот и ќе помогне да се олеснат интересите на Кина и на земјите од Источна и Централна Европа. Изградбата на пругата ќе помогне да се унапреди логистиката помеѓу четирите земји и ќе го…

повеќе...