Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, од 7-ми до 9-ти октомври, ќе престојува во работна посета на Република Бугарија, каде ќе учествува на 6. Состанок на високо ниво во организација на Меѓународниот центар „Низами Ганџави”, што се одржува во Софија. Во рамки на конференцијата, претседателот Иванов ќе се обрати на воведната сесија насловена „Што значи солидарноста во контекст на актуелните глобални предизвици”. Во организација на Атлантскиот клуб на Бугарија, претседателот Иванов ќе одржи предавање на тема „Македонија во НАТО: очекувањата од НАТО Самитот во Варшава”. За време на работната…
повеќе...Tag: бугарија
Премиерот Груевски се сретна со бугарскиот министер за надворешни работи
Претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски, оствари средба со министерот за надворешни работи на Република Бугарија, Даниел Митов. Соговорниците дадоа позитивна оценка за односите меѓу двете земји, и ја истакнаа заложбата и потребата за нивно дополнително интензивирање во сферите од заемен интерес. Премиерот Груевски на средбата истакна дека Република Македонија се залага за континуирано унапредување на добрососедските односи што ќе придонесе за подлабока политичка и економска соработка во регионот. Соговорниците разговараа и за работата на работните групи на министерствата за надворешни работи во врска со договорот за добрососедство…
повеќе...Соработка меѓу Македонија и Бугарија во областа на креативните индустрии
Делегации од министерствата за култура на Македонија и Бугарија денеска имаа неформална средба посветена на секторот креативни индустрии, иницирана од Културно-информативнот центар на РМ во Софија, кој беше и домаќин на средбата. Претставниците разменија искуства за разработените документи и стратегии за развој на креативните индустрии како гранка која генерира економски раст и отвора работни места. Деана Данаилова, раководител на одделот меѓународна дејност во Министерството за култура рече дека имаатнационален фонд Kултура кој ги поддржува креативните индустрии. Секоја година тој поставува приоритет во некоја област и преку конкурс се распределуваат средствата…
повеќе...„Денови на македонскиот туризам” во Софија
Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот во четврток навечер во Софија ќе организира „Денови на македонскиот туризам”, пред партнерите и пријатели од Бугарија, тур оператори и претставници на медиумите. Настанот се организира со цел афирмација на започнатата туристичка сезона, да им се претстави туристичкиот производ од Македонија и можност за зголемување на бројот на Бугарски туристи кои традиционално секоја година ја посетуваат нашата земја. Настанот ќе биде збогатен со дегустација на македонско вино, македонска музика и пригодна наградна игра , а најсреќните ќе имаат можност да бидат добитници на…
повеќе...Претседателот на СДСМ Заев утре на средби во Бугарија
Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, утре ќе престојува во еднодневна посета на Република Бугарија. Предвидени се средби на претседателот Заев со високи владини функционери, како и со раководството на сестринската партија, Бугарската социјалистичка партија.
повеќе...Одбранбената соработка помеѓу Македонија и Бугарија во фокусот на средбата на замениците-министри за одбрана, Лабеништа и Кјумурџиев
Република Македонија и Република Бугарија имаат континуирана соработка и дијалог на полето на одбраната и остануваат силно посветени за изнаоѓање на разни модалитети за натамошен развој и продлабочување на оваа соработка. Тоа го заклучија замениците-министри за одбрана на Република Македонија и Република Бугарија, Арбен Лабеништа и Димитар Кјумурџиев на средба во Министерството за одбрана. На средбата заменикот-министер Лабеништа изрази задоволство од нивото на односите помеѓу двете министерства и Армии и укажа на тоа дека двете соседни земји треба да продолжат со добрата соработка која ќе влијае не само на двете…
повеќе...Честитка од претседателот Иванов по повод Националниот празник на Република Бугарија
Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, по повод Националниот празник на Република Бугарија упати честитка до г. Росен Плевнелиев, Претседател на Република Бугарија. „Почитуван господине Претседател, Ми претставува особена чест и задоволство од името на граѓаните на Република Македонија и од свое лично име, да Ви упатам срдечни честитки по повод Националниот празник на Република Бугарија. Дозволете ми во оваа свечена пригода, да го изразам моето уверување дека со заемен ангажман ќе придонесеме за натамошен развој на билатералните односи и за уште поуспешна и поплодна соработка на сите полиња…
повеќе...Успешна промоција на Македонија како туристичка дестинација на саемот за туризам во Софија, Бугарија
Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот и оваа година успешно ja претстави Македонија како туристичка дестинација на “HOLIDAY & SPA EXPO 2015” саем за туризам во Софија, Бугарија кој се оддржа од 12-15ти Февруари. „Успешните промотивни активности на АППТРМ на туристичкиот пазар во Бугарија, континуираната медиумска кампања во печатените медиуми и на веб порталите позитивно се одразија на зголемување на број на туристи од Бугарија кој изминатата сезона изнесуваше повеќе од 10%. Остваривме средби со тур оператори од Бугарија меѓу кои: Global Tours, Bohemia Travel, Viva travel agency, Modern…
повеќе...Македонија и Бугарија ја унапредуваат соработката во здравството
Во претстојниот период да се потпише План за унапредување на соработка меѓу министерствата за здравство на Република Македонија и на Република Бугарија, со посебен фокус на едукации, стручно усовршување и специјализации на македонските доктори. Ова денеска на средба во Софија, го договорија министрите за здравство на Република Македонија и на Република Бугарија, Никола Тодоров и Петар Стефанов Москов. Планот, соопшти Министерството за здравство, ќе содржи и други облици на соработка, како што се: соработка во областа на здравствениот менаџмент, изработка на протоколи, упатства, водичи и стандарди, програми за превенција, како…
повеќе...Охридските стрелци се закитија со медали на Меѓународниот турнир во гаѓање со воздушно оружје во Бугарија
Една златна, една сребрена и две бронзени медали за охридските стрелци на Меѓународниот Турнир во гаѓање со воздушно оружје, што се одржа од 14-16.11.2014 год. во Благоевград, Република Бугарија. Во конкуренција на јуниорки прво место за Нина Балабан со резултат од 404,2 кругови. Во конкуренција на млади јуниорки, до 15 години, Јана Маркоска се пласира на втората позиција со резултат од 388 кругови, што воедно претставува и нејзин нов личен рекорд. Третата позиција во категорија на јуниори и јуниорки им припадна на Мартин Гоџоски (572,4) и Ангела Алексовска (384,2).
повеќе...