Министрите за транспорт на Македонија, Бугарија и Албанија денеска на средба во Софија усвоија Декларација за спроведување проекти од значење за трите држави и со која ќе се залагаат Коридорот 8 да стане еден од приоритетите на Европската унија. „Со Декларацијата која ја усвоивме утрово со моите колеги министри тежнееме Коридор 8 да стане еден од приоритетите на Европската Унија. Сакам да потенцирам дека во Македонија се градат два нови автопати на Коридорот 8. Оваа година започнавме со работа на првата од трите делници за железничко поврзување со Бугарија, што…
повеќе...Tag: бугарија
Учество на ВК „ЈУГ“ Охрид на Меѓународната регата „Тракија“ во Бугарија
Веслачите на Веслачкиот клуб „ЈУГ“ Охрид во саботата (4-ти октомври) настапија на Меѓународната веслачка регата „Тракија“ во Пловдив, Република Бугарија. На регатата освоија еден златен и три бронзени медали. Во дисциплината ергометар за кадетки Анастазија Паскали го освои првот место – златен медал. Во дисциплината скиф за кадетки Анастазија Паскали го освои третото место – бронзен медал. Во дисциплината скиф за сениорки за лесни веслачки Александра Ивановска го освои третото место – бронзен медал. Во дисциплината ергометар за сениорки Александра Ивановска го освои третото место – бронзен медал. На регатата учествуваа четиринаесет клубови…
повеќе...Македонија, Турција и Бугарија ја продлабочуваат научната соработка
Министерот за образование и наука, Абдулаќим Адеми, денеска, во Охрид се обрати на трилатералната средба за научна соработка меѓу водечките универзитети и академиите на науки на Република Македонија, Република Турција и Република Бугарија, во организација на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Средбата се одржа со цел дефинирање на заедничките приоритети за соработка во повеќе научни области, со особен фокус на заедничкото учество и искористување на меѓународните истражувачки и развојни фондови. За време на средбата водечките универзитети и академиите на науки, потпишаа петгодишен Меморандум за соработка со кој се предвидува унапредување…
повеќе...Јолевски-Најденов: Ќе ја продлабочуваме соработката во одбраната
Република Македонија има стратешки цели, а тоа е членството во ЕУ и во НАТО и во тој контекст поддршката од нашите пријатели од Република Бугарија е од исклучително значење, нагласи министерот за одбрана Зоран Јолевски, по денешната средба со неговиот бугарски колега Ангел Најденов во Софија. Република Бугарија ги поддржува овие иницијативи и аспирации на Република Македонија, истакна Јолевски, посочувајќи оти посетата на оваа пријателска, соседна земја, како негова прва официјална посета како во својство на министер за одбрана е потврда дека двете министерства за одбрана имаат висока соработка која,…
повеќе...Се продлабочува соработката помеѓу македонската и бугарската национална телевизија
Градоначалникот Никола Бакрачески, присуствуваше на потпишувањето на договор за реемитување на програмата меѓу Македонската радио-телевизија(МРТ) и Бугарската национална телевизија (БНТ) што денес се реализираше во Охрид. „Ми причинува задоволство што денеска сум со вас, на чинот на потпишувањето на договорот за реемитување на програми меѓу Македонската радио-телевизија и Бугарската национална телевизија. Особено сум почестен што сте одлучиле овој документ да го потпишете во Охрид, документ кој ќе допринесе за продлабочување на добрите и пријателски односи меѓу Република Македонија и Република Бугарија. Радува фактот што овој настан е поддржан…
повеќе...Богати културни активности во Културно-информативниот центар на Република Македонија во Софија
Во Културно-информативниот центар на Република Македонија во Софија во периодот што следува, со поддршка од Министерството за култура, ќе се реализираат повеќе културни настани преку кои македонската култура ќе биде претставена во бугарската престолнина. На 29 април, во организација на Националната галерија на Македонија, ќе се реализира изложбата „Акварели“ на македонскиот ликовен уметник Илија Кавкалески. По успешното прво учество на Република Македонија на големата поетска манифестација на европските литератури, и годинава на 14 мај македонската литература ќе биде претставена на манифестацијата „Литературна ноќ“ на која ќе учествуваат сите странски културни…
повеќе...Делегација на Општина Охрид во посета на Велико Трново – Бугарија
Делегација на општината Охрид предводена од заменик градоначалникот Ангел Јанев и советниците Илјат Ибраим и Верица Хајба беа во посета на Велико Трново – Бугарија по повод 22–ри март – денот на овој бугарски град. Охридските гости беа дел од чествувањата кои се организираа по повод празникот, а во име на градоначалникот Никола Бакрачески и Општина Охрид на свечената седница на градскиот совет се обрати заменик градоначалникот Ангел Јанев. „Охрид и Велико Трново се градови со огромна историја зад себе, длабока култура и големи туристички и културни потенцијали кои пак…
повеќе...Македонија и Бугарија бараат поддршка од ЕК за заедничките инфраструктурни проекти
Република Бугарија и Република Македонија ќе ги интензивираат напорите за промовирање на добрососедските односи и соработка, вклучително и преку проекти и иницијативи кои би можеле да имаат практична вредност не само за двете земји, туку и за целиот регион. Ова се наведува во заедничкото писмо на министрите за надворешни работи на двете земји Кристијан Вигенин и Никола Попоски до еврокомесарот за проширување Штефан Филе и комесарот за регионална политика Јоханес Хан. „Двете страни високо ги ценат можностите кои ги дава ЕК за зајакнување на партнерството преку програмите за територијална соработка,…
повеќе...Градоначалникот Бакрачески ја додели светската награда за хуманизам
Во рамки на празнувањата посветени на најголемиот и најмасовен христијански празник, Богојавление – Водици, синоќа градоначалникот Никола Бакрачески во куќата на Уранија по традиција ја додели Светската награда за хуманизам 2014, на годинешниот добитник, академскиот сликар Светлин Русев од Бугарија. „Во предвечерјето пред водици , ми причинува особена чест и задоволство што сум избран да ја доделам оваа престижна награда на академикот Светлин Русев . Без сомнение од она што го знам можам да речам дека се работи за уметник- сликар од светски ранг. Јас сум среќен што Охрид претставува…
повеќе...Од март почнуваат градежните работи на пругата кон Бугарија
Во март следната година ќе почнат градежните работи за реконструкција на железничката делница Куманово – Бељаковце во должина од 31 километар, прва од планираните три за железничко поврзување на Македонија со Бугарија, на Коридорот 8. Претставници на изведувачот на градежните работи, германската компанија „Вибе“, потпишаа Договор со раководството на ЈП „МЖ Инфраструктура“ за реализација на проектот во вредност од 39.753.000 евра. „Сметаме дека проектот ќе го реализираме во рок од две години како што е планирано. Датумот за почнување на работите е 17 март 2014 година, но претходно имаме исцрпни…
повеќе...