Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Попоски, денеска, престојуваше во работна посета на Република Бугарија, каде што оствари средба со неговиот хомолог, министерот за надворешни работи на Република Бугарија, Кристиан Вигенин. На средбата, двајцата министри се осврнаа на актуелните билатерални прашања, состојбите во регионот и можностите за продлабочување и унапредување на односите, преку реализирање на конкретни договорни проекти што се од интерес на граѓаните на Република Македонија и Република Бугарија. Акцент беше ставен врз европската перспектива на регионот, која може да биде реалност само преку отворен дијалог и…
повеќе...Tag: бугарија
Министерот Јанакиески се сретна со неговиот бугарски колега Папазов
Ве информираме дека Министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, во рамките на својата работна посета на Република Бугарија оствари билатерална средба со Министерот за транспорт, информатички технологии и комуникации на Република Бугарија, Данаил Папазов. На средбата, министерот Јанакиески го информираше својот бугарски колега дека целосно е подготвена проектната документација и финансиската конструкција за железничката делница Куманово – Бељаковце и дека градежните работи се очекува да започнат во првиот квартал од следната година, а на отпочнувањето со градежните работи ќе присуствува и министерот Папазов. Исто така, министерот Јанакиески информираше дека…
повеќе...Спречен обид за шверц на накит
Царинските службеници на граничниот премин Деве Баир спречија обид за нелегално внесување на околу 1500 парчиња накит Swarovski. На 18 ноември 2013 година, околу 9 часот наутро, на граничниот премин Деве Баир за влез во државата се пријави патничко моторно возило со бугарски регистарски ознаки, управуван од бугарски државјани, а како сопатник патувала и осомничената во случајот, исто така бугарска државјанка, со иницијали И.А. На прашање на царинските службеници дали имаат нешто да пријават, патниците изјавиле дека немаат ништо за пријавување и дека патуваат туристички во Скопје каде ќе останат…
повеќе...КУД „Отекс“ на едукативно дружење во Банско
Културно Уметничкото Друштво „Отекс“ од Охрид, учествува на едукативно дружење во бугарскиот град Банско. Целта на посетата е размена на искуства и работилници за толеранција, дискриминација, насилство, хуманост, развивање креативни вештини и јавен настап преку театарска форма. На едукативното дружење учество зедоа малата и средната група од КУД „Отекс“. Едукативното дружење трае од 15-ти до 17-ти ноември.
повеќе...СОНК Охрид во посета на Република Бугарија – Потпишан Меморандум за меѓусебна соработка
Шестчлена делегација на регионалниот одбор на охридскиот СОНК, предводена од претседателот Ацо Речкоски, а во чиј состав беа и Јованка Колоска, Милица Маневска, Катерина Крстеска, Мери Ристеска и Димче Донески, деновиве, од 25 до 28 октомври 2013 г., беше во работна посета на Софија и Пловдив, Република Бугарија, каде по иницијатива и покана од Софискиот Синдикат на Учителите беше потпишан и Меморандум за соработка меѓу синдикатите СОНК (Охрид) и ПОТКРЕПА (Софија). При самиот чин на потпишување на меморандумот беше истакнато дека и двата синдиката се согласни да се залагаат…
повеќе...Веслачкиот клуб „ЈУГ“ Охрид се врати со солидни резултати од Бугарија
Веслачите на Веслачки клуб „ЈУГ“ Охрид утринава се вратија од Пловдив Република Бугарија каде што викендов учествуваа на Меѓународната веслачка регата „Тракија“ освојувајки шест медалји и тоа: Анастазија Паскали го освои второто место – сребрен медал во дисциплината скиф за кадетки, и второто место – сребрен медал во дисциплината скиф за сениорки. Мартина Тодоровска го освои второто место – сребрен медал во дисциплината скиф за лесни веслачки во сениорска категорија, исто така го освои третото место – бронзен медал во дисциплината скиф за јуниорки и во дисциплината веслање на ергометар…
повеќе...Средби на министерот Никола Попоски со министрите за надворешни работи на Бугарија и на Грција
Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Попоски, како дел од делегацијата на Република Македонија предводена од Претседателот на Владата, Никола Груевски, покрај учеството на генералната дебата на 68-то заседание на Генералното собрание на Обединетите нации, денес, на маргините на генералната дебата оствари билатерална средба со министерот за надворешни работи на Република Бугарија, Кристиан Вигенин. На средбата, двајцата Министри се осврнаа на актуелните политичко-економски прашања, состојбите во регионот и можностите за продлабочување и унапредување на односите, преку реализирање на конкретни проекти што се од интерес на граѓаните од Македонија…
повеќе...Одбележана четвртата годишнина од трагичната несреќа на бродот „Илинден“
По повод одбележувањето на четвртата годишнина од бродската несреќа, што се случи на 5- ти септември 2009- та година, денеска, делегација на општина Охрид, предводена од претседателката на Советот, Гордана Коњаноска, претставници на Амбасадата на Република Бугарија во Република Македонија и претставници на граѓански здруженија, положија свежо цвеќе на спомен обележјето подигнато на градскиот кеј, во чест на трагично погинатите петнаесет бугарски туристи. На местото каде што потона бродот „Илинден“, во близина на авто- кампот „Елешец“, делегациите пуштија меморијален венец во водите на Охридското Езеро, посакувајќи, во иднина, никогаш и…
повеќе...Македонија 2:0 Бугарија
Македонската фудбалска репрезентација победи со 2:0 на пријателскиот натпревар против Бугарија, кој се одигра на Националната Арена „Филип Втори“ во Скопје. Уште на самиот почеток на натпреварот, Македонија имаше одлична шанса да го открие резултатот. Во 3 минута по нафрлањето на Иван Тричкоски, Адис Јаховиќ биеше од прва, но голманот на Бугарија го одбрани ударот. И репрезентацијата на Бугарија имаше неколку шанси, но без посериозни закани, на полувреме сеуште беше актуелен почетниот резултат 0:0. На почетокот од второто полувреме исто како и во првото, не беше прикажана којзнае каква игра…
повеќе...Oрешански-Груевски: Средбата значаен придонес за унапредување на добрососедските односи
Бугарија го поддржува членството на Република Македонија во НАТО и ЕУ, но и натаму инсистира на договорот за добрососедство и соработка, изјави на денешната заедничка прес-конференција бугарскиот премиер Пламен Орешански со премиерот Никола Груевски во пограничниот бугарски град Ќустендил по неформалната заедничка мини седница на владите на двете земји. „Бугарија го поддржува членството на Република Македонија во НАТО и ЕУ, како и на сите земји од Западен Балкан. Инсистираме на Договорот за добрососедство и соработка и се надеваме дека работата за тоа ќе продолжи со зголемено темпо. Му подвлеков на…
повеќе...