По повод празникот 23 октомври – Ден на македонската револуционерна борба, ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид испрати честитка во која стои: „ВМРО-ДПМНЕ на сите граѓани им го честита празникот 23 Октомври – Денот на македонската револуционерната борба. Овој ден не потсетува на решителноста и одлучноста и пожртвуваноста на нашиот народ во стремежот за слобода и за своја независна држава. Симбол на непокор, патриотизам и правда. Денес им оддаваме почит на шесте великани кои ги удрија темелите на македонската револуционерна борба, кои преку Илинденското востание, а потоа и НОБ и 8 септември, израснаа…
повеќе...Tag: честитка
ОК ВМРО-ДПМНЕ Охрид со честитка по повод 11 Октомври-Ден на народното востание
По повод 11 Октомври-Денот на народното востание на Македонија, ОК ВМРО-ДПМНЕ Охрид испрати честитка, во која стои: „Денеска е 11 Октомври , а пред 76 години овој ден значел почеток на народноослободителната борба на македонскиот народ за време на Втората светска војна. Овој ден е пресвртница во борбата за самобитност и национална индивидуалност на нашиот народ, во неговата борба за слобода, за национални и социјални права, за сопствената државност. Оруженото востание, започнато на 11 октомври 1941 година, претставува исклучително значаен историски чин во долготрајната народноослободителна борба на македонскиот народ. И денес, 11…
повеќе...ВМРО-ДПМНЕ Охрид со честитка по повод празникот 8 Септември – Денот на Независноста на Република Македонија
ОК на ВМРО-ДПМНЕ Охрид упатува честитка го граѓаните, по повод празникот 8 Септември – Денот на Независноста на Република Македонија. „Почитувани, Вековниот стремеж на Македонците за суверена татковина беше постигнат на 8 ми Септември 1991 година, датум кој покрај двата историски Илиндена засекогаш ќе остане длабоко врежан во нашата историја и во нашата свест. Чувањето на независноста е наша обврска, без оглед на предизвиците кои доаѓаат. На нас останува обврската да ја направиме Македонија политички и економски силна, развиена и стабилна држава а нашиот град Охрид успешен и пријатно место…
повеќе...Честитка од градоначалникот Бакрачески по повод Денот на Египќаните
По повод Денот на Балканските Египќани , градоначалникот Никола Бакрачески упати честитка со искрени желби за соживот и мирољубива коегзистенција во сегашноста и иднината на локалната заедница. „Почитувањето на различностите и надминувањето на етничките и културолошките препреки се основен предуслов за здраво мултиетничко општество. Соживотот низ вековите покажал и покажува дека само со меѓусебно разбирање се градат темелите на доверба и меѓусебно почитување како универзални вредности. Уверен сум дека овие пораки до Еѓипќаните ќе бидат прифатени во духот на мултикултурализмот и меѓуетничката интеграција“. – стои во честитката на градоначалникот Бакрачески…
повеќе...ВМРО-ДПМНЕ со честитка по повод Меѓународниот ден на Египќаните
ОК на ВМРО-ДПМНЕ Охрид упатува честитка по повод 24ти јуни Меѓународниот ден на Египќаните. Во неа се вели: „Дозволете да го честитаме денот 24ти јуни, кој преставува Меѓународен ден на Египќаните. Имено покрај честитката сакаме да го изразиме и нашето задоволство од целосната соработка што ВМРО ДПМНЕ ја има со Египќаните и на државно и на локално ниво во Република Македонија со констатација дека токму таквата соработка е пример за меѓусебно доследно почитување. Истрајноста која ја покажуваат Египќаните треба да биде водилка кон стремежот за било какво достигнување. Затоа ние…
повеќе...Честитка од градоначалникот Бакрачески по повод Националниот ден на Власите
Градоначалникот Никола Бакрачески, по повод 23 Мај – Националниот ден на Власите упати честитка до припадниците на влашката етничка заедница во Охрид. „Припадниците на влашката етничка заедница, со својата богата култура и општествено делување, претставуваат нераскинлив дел од историјата на Република Македонија.Власите со нивната култура, срдечност и мирољубивост се составен дел на македонското општество, а влашката заедница давала и дава значаен историски, општествен и културен придонес во современата македонска држава. Нивниот придонес е осведочен и во развојот на локалната заедница. Ние како нивни сограѓани сме убедени дека Влашката заедница е…
повеќе...Честитка од градоначалникот Бакрачески до Македонската полиција
По повод 7 мај, Денот на Македонската полиција, градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески, до припадниците на Министерството за внатрешни работи, упати честитка во која стои: „Денес кога Македонската држава е исправена пред нови предизвици, Вие како припадници на Министерството за внатрешни работи, ја имате одговорноста како и многу пати во минатото, да бидете последната брана за зачувување на мирот, безбедноста и правниот поредок на Република Македонија. Верувам дека и овој пат ќе бидете на висината на задачата со која безбедноста и сигурноста на сите граѓани ќе биде гарантирана. Граѓаните на…
повеќе...Велигденска честитка на ОО СДСМ Охрид
ОО на СДСМ Охрид упатува искрена честитка до сите граѓани на Охрид кои го чествуваат големиот христијански празник, Христовото Воскресение – Велигден. „Светлината на Христовото Воскрение е симбол на откровението на вистината – спасителка на светот и на човекот. Ова е период кога можеби повеќе од било кога сме исправени пред најголемите предизвици како граѓани на овој наш старозамански град – да покажеме здрав разум, храброст и зрелост и цврсто и непоколебливо да застанеме на страната на животот, вистината, правдата, почитта кон различностите, на страната на човековото достоинство што ја…
повеќе...СВР Охрид со честитка за Велигден
По повод големиот Христијански празник Велигден, до сите православни и католички верници од СВР Охрид упатуваат искрени честитки за среќно и долговечно празнување на Христовото Воскресение. „Посакуваме достоинствено и величествено велигденско празнување, нека столбот на нашата вера Велигден ги исполни нашите домови и семејства со здравје, љубов, среќа, со чиста мисла, почит, солидарност и толеранција кон сите наши сограѓани. Како служба, длабоко сме убедени дека со единство и заедничка верба во поубава иднина, градиме стабилна, безбедна и демократска држава што се темели на целосно почитување и унапредување на основните човекови…
повеќе...Велигденска честитка од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Охрид
ОК на ВМРО-ДПМНЕ Охрид, по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, упати честитка до своите сограѓани од православна вероисповед. Во честитката стои: „Празникот кога се разгласува веста за Христовото воскресение симболизира радост, утеха и поука за верниците. Животворен празник кој е една и единствена основа на христијанскиот живот и христијанската надеж. Надеж за подобар свет, за подобро утре. Токму поради тоа Спокојот, мирот и хармонијата нека го обележат денешниот ден и нека заживеат во сите домови. Да ги споделиме овие празнични мигови со нашите најблиски, со нашите роднини, соседи…
повеќе...