АХВ со честитка за Велигден

Агенцијата за храна и ветеринарство на Република Македонија на сите верници од православна вероисповест, им ги честита големите Велигденски празници. „Во сплотеност, со верба во Бога, на здрава и богата трпеза, нека бидат пристутни доброто здравје, љубовта и искреноста. Нека Христовото воскресение го исполни Вашиот дом со благосостојба и мир. Честит Велигден!“- стои во честитката.

повеќе...

СВР Охрид со честитка за Велигден

По повод големиот Христијански празник Велигден, од СВР Охрид до сите православни верници упатуваат искрени честитки за среќно и долговечно празнување на Христовото Воскресение. „Посакуваме достоинствено и величествено велигденско празнување, нека столбот на нашата вера Велигден ги исполни нашите домови и семејства со здравје, среќа, со чиста мисла, почит, солидарност и толеранција кон сите наши сограѓани. Како служба, длабоко сме убедени дека со единство и заедничка верба во поубава иднина, градиме стабилна, безбедна и демократска држава што се темели на целосно почитување и унапредување на основните човекови права и слободи…

повеќе...

Честитка од ВМРО-ДПМНЕ по повод големиот Христијански празник – Велигден

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, упати честитка до сите православни христијани во Република Македонија, како и до до Поглаварот на Македонска Православна Црква – Охридска Архиепископија Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Стефан. „Со голема чест и радост во мое лично име и во името на ВМРО-ДПМНЕ, Вам, на членовите на Синодот и на сите православни верници од Македонија и дијаспората, Ви го честитам големиот Христијански празник – Велигден и Ви посакувам мирни и благословени празнични денови. Денот на Христовото воскресение е ден кој…

повеќе...

Велигденска честитка од градоначалникот Бакрачески

По повод празнувањето на најголемиот христијански празник, „Христовото воскресение- Велигден“, градоначалникот Никола Бакрачески упати честитка до граѓаните на Охрид од православна вероисповед. „Со особена радост и задоволство, на сите граѓани од православна вероисповед и на илјадниците туристи кои ќе престојуваат во Охрид им ги честитам Велигденските празници и им посакувам здравје, среќа,благосостојба, Христова љубов и спокој во секој дом и секое срце. „Христовото Воскресение- Велигден“ е возвишен ден, торжествена радост од која бликаат љубовта и надежта. За да го доживееме воскресението Христово“, од кое се роди богоугодната радост, ние треба…

повеќе...

Честитка од претседателот Иванов по повод еврејскиот празник Пасха

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, по повод големиот еврејски празник Пaсха, упати честитка до г-ѓа Берта Романо-Николиќ, претседател на Еврејската заедница во Република Македонија, како и до сите припадници на Eврејската заедница во Република Македонија. „Почитувана г-ѓo Романо-Николиќ, Ми претставува особена чест и големо задоволство, Вам и на припадниците на Еврејската заедница во Република Македонија да Ви го честитам претстојниот празник Пaсхa, денот кога се прославува ослободувањето на Евреите од египетското ропство. Еден од најголемите еврејски празници, празникот Пaсхa во себе ја содржи пораката за слобода, правда и…

повеќе...

Честитка од претседателот Иванов по повод Меѓународниот ден на Ромите

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, по повод 8 Април – Меѓународниот ден на Ромите, упати честитка до припадниците на ромската заедница во Република Македонија. Драги сограѓани, Би сакал најсрдечно да ви го честитам 8 Април, Меѓународниот ден на Ромите. Овој значен празник е можност за прослава на различноста, но и за евалуација на степенот на вклученост на ромската заедница во општествените текови. Во текот на 25-те години независност, Република Македонија напорно работеше за да ја унапреди социоекономската, политичката, и културната позиција на Ромите во општеството. Благодарение на македонскиот…

повеќе...

Градоначалникот Бакрачески со честитка по повод Денот на Ромите

Градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески упати честитка по повод 8 април- Меѓународниот ден на Ромите. „Ромите како заедница и поединци, во голема мера придонесуваат за развојот на Охрид и Република Македонија во секоја сфера од општествениот живот. Токму затоа тие се значаен и нераскинлив дел од нашето мултиетничко општество во кое се негуваат различните култури и традиции. Моделот на еднакви права и можности , на соживот и на почитување на различностите е наша најголема сила. Процесот на натамошно подобрување на социјалната, економската и севкупната положба на Ромите, бара секојдневни активности…

повеќе...

Заев: Големите предизвици се надминуваат со голема духовна сила и верба во вистината

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, во чест на најголемиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, упати честитка до Бискупот скопски и апостолски егзарх во Македонија, г-дин Киро Стојанов, како и до сите граѓани од католичка вероисповед и други кои го празнуваат денешниот ден. „Ви го честитам од срце големиот христијански празник, Воскресение Христово – Велигден, во име на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и во мое име. Пожелувам добро здравје, мир, семејна харомонија и лична и колективна благосостојба за сите. Ова се времиња на големи предизвици, што ја искушуваат вербата во…

повеќе...

Иванов со честитка до сите христијански верници кои ги прославуваат Велигден според Грегоријанскиот календар

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, упати честитка до Бискупот скопски и апостолски егзарх, д-р Киро Стојанов и до сите христијански верници кои го прославуваат Велигден според Грегоријанскиот календар. „Почитуван д-р Стојанов, Ми претставува особено задоволство, Вам и на сите верници на Католичката црква во Република Македонија, да Ви го честитам христијанскиот празник – Велигден. Празнувајќи го големиот празник – Велигден, ја славиме победата над смртта и триумфот на љубовта и надежта. Христовата жртва е завет за генерациите кои ја…

повеќе...