Делегација на ОО на СДСМ положи цвеќе пред спомен плочата на Марко Бошњаков

Делегација на ОО на СДСМ Охрид денес положи свежо цвеќе пред спомен плочата на Марко Бошњаков, пред неговата родна куќа. Оддавањето чест на славниот охридски гемиџија се реализираше по повод одбележувањето на 107 годишнината од неговата смрт. „Неговите дела, идеали и верувања останаа врежани во колективното сеќавање на охриѓани и се вечна инспирација за сите генерации на нашиот старозамански град.“- велат од ОО на СДСМ Охрид.

повеќе...

Панихида на гробот на Григор Прличев

Во рамките на свеченостите на годинашните „Прличеви беседи“, денеска на гробот на ловороносецот „Григор Прличев“, што се наоѓа до црквата „Св. Богородица- Перивлепта“, беше одржана панихида и беше положено цвеќе. На гробот на Прличев цвеќе положија градоначалникот Никола Бакрачески и претставници на институциите што го носат неговото име. Претходно беше положено цвеќе на бистата, што се наоѓа во кругот на Основното училиште „Григор Прличев“.

повеќе...

Охридските улици ќе се разубавуваат со цвеќе

Во рамките на реализацијата на годишната програма, Одделението за заштита и влијание врз животната средина, ќе го спроведе проектот – „Цветни балкони – Цветен Охрид“. За таа цел, на 09 февруари во 17 часот во големата сала на општина Охрид, ќе се организира средба со жителите на улиците: Цар Самоил, Коста Абраш и Кузман Капидан. Се молат граѓаните од споменатите улици да присуствуваат на закажаната средба и со свои предлози да учествуваат во успешно спроведување на проектот.

повеќе...

Започнаа чествувањата по повод 7-ми Ноември, Денот на ослободувањето на Охрид

Со полагање свежо цвеќе пред спомен обележјата на борците во Градскиот парк, започнаа чествувањата по повод 7-ми Ноември, Денот на ослободувањето на Охрид. Делегации од Општината, јавните претпријатија, политички партии, од борците и граѓаните положија цвеќе пред спомениците во Градскиот парк, споменикот на Петре Пирузе(основен суд), пред споменикот на Мите Богоески ( двор на СОСУ Св.Кирил и Методиј), спомениците на паднатите борци (градски гробишта). Свежо цвеќе, пред споменикот на Јасна Ристеска(с. Рамне), покрај делегациите положија и членовите од семејството на Јасна Ристеска. Во објектот „Централна“ при ЈОУДГ „Јасна Ристеска, денес беше…

повеќе...

По повод Денот на Востанието на македонскиот народ положено цвеќе во спомен паркот

По повод одбележувањето на 11 октомври- Денот на востанието на македонскиот народ , денеска пред бистите на револуционерите во градскиот парк, букети свежо цвеќе положија делегации на општина Охрид, Сојузот на борците од НОАВМ, политички партии и невладини организации.

повеќе...

Положено цвеќе пред споменикот на Св.Климент

По повод Денот на Свети Климент Охридски, Патронот на градот, делегација на општина Охрид предводена од претседателот на Советот, Гордана Коњаноска, положи свежо цвеќе пред споменикот на заштитникот на градскиот плоштад. Пред споменикот на Св. Климент Охридски се поклонија и делегации на основното и средното општинско училиште кое го носат името на Патронот на градот како и политичките партии. Во чест на Св.Климент Охридски претходно беше одржан Меѓународен фестивал на духовна музика „Тебе поем-Св.Клименте“, во организација на Младинскиот културен центар и Европската асоцијација на фестивали, а со финансиска поддршка на…

повеќе...

Положено свежо цвеќе пред бистите на илинденските великани

Во чест на националниот празник Илинден, делегација на Општина Охрид, предводена од градоначалникот Никола Бакрачески, претставници на градскиот совет, пратеници и претставници на политчки партии, денес во спомен паркот на илинденските великани, положија свежо цвеќе, во знак и почит кон нивното дело. „Собрани сме тука денес на Илинден, нашиот најголем национален празник, денот кој ја симболизира вековната борба на македонскиот народ за своја држава, но и за правда, човекољубие и хуманост, да им оддадеме достојна почит на великаните на македонската револуционерна и народно ослободителна борба. На Илинден во 1903 година,…

повеќе...

Положено цвеќе на гробот на Гоце Делчев за почеток на „Илинденскиот планинарски марш 2014“

Денес, директорот на Агенцијата за млади и спорт, Марјан Спасески, претседателот на Федерацијата на планинарски спортови на Македонија, Јовица Угриновски и членови на ПСК „Бистра“ – Скопје положија свежо цвеќе на гробот на Гоце Делчев во Црквата „Св.Спас“ во Скопје, како увертира на традиционалниот “Илинденски Планинарски Марш 2014“ кој по 28-ми пат се одржува под покровителство на АМС. Тој е дел од активностите со кои Владата на Република Македонија, Агенцијата за млади и спорт и неколку спортски федерации ќе ја одбележат неделата на Илинденското празнување. „Илинден е еден од најголемите…

повеќе...

Заменети цветните насади во паркот пред зградата на Локалната самоуправа

Паркот пред зградата на Локалната самоуправа во Охрид последнава година непрекинато се одржува цветен.  Екипи на ЈП „Охридски Комуналец“ повторно ги заменија цветните насади и сега тука ќе цутат цветови на растението меѓу народот попознато како Џунџуле. 

повеќе...

Чаршијата разубавена со бели петунии

ЈП „Охридски Комуналец“ постави цветни саксии со бели висечки петунии на канделабрите во старата охридска чаршија. За оваа намена претпријатието набави доволно саксии за да има по две на сите канделабри од фонтаната кај чинарот до чајџилниците на улица „Гоце Делчев“ и до крстосницата кај Охридска Банка. Нови цветни насади со сардели денес беа засадувани и во парковите околу пристаништето.

повеќе...