По повод 24-Мај денот на сесловенските просветители Св. Кирил Методиј, утрово градоначалникот Никола Бакрачески присуствуваше на црковното чествување и ја проследи културно уметничката програма во старото училиште Св. Кирил и Методиј во населбата Кошишта што по повод празникот ги организира КУД „Ѓердан“. Градоначалникот го проследи концертот на кој учествуваа Стефани Велјаноска и Теодора Филоска на виолина, Дарио Тренески на клавир и Петар Кочоски на хармоника. Младите „ѓерданчиња“ пред градоначалникот во дворниот простор на училиштето заиграа и запеаја традиционални игри и песни. Еден час подоцна Градоначалникот Бакрачески присуствуваше на културно уметничката…
повеќе...Tag: цвеќе
Достојно одбележан Денот на победата над фашизмот
Општина Охрид свечено ги одбележа двата значајни празници, 9-ти Мај, Денот на Европа и 9-ти Мај, денот на победата над фашизмот. На спомен обележјата во Паркот на револуцијата букети свежо цвеќе положија делегации на општина Охрид, Општинската организација на Сојузот на борци од Народноослободителната и антифашистичка војна, политички партии и поединци почитувачи на револуционерната борба. „Големи биле страдањата на сите светски народи во Втората светска војна. Милиони луѓе загинале на боиштата и во концентрационите логори, или се здобиле со траен инвалидитет. Република Македонија во антифашистичката војна дала свој огромен придонес,…
повеќе...Претставници од Советот на Општина Охрид положија цвеќе пред бистата на големиот хуманист – Анри Динан
На 8ми Мај 1828 година, роден е големиот хуманист Анри Динан, основоположник на идејата за движењето на Црвениот крст. Во негова чест 8ми Мај се одбележува како Светски ден на Црвениот крст и Црвената полумесечина, а неделата од 8-15 Мај, како Недела на Црвениот крст и Црвената полумесечина. Денес претставници од Советот на Општина Охрид, Црвен крст – Охрид и Здружението „Анри Динан“ од Струга положија свежо цвеќе на бистата на Анри Динан. Веднаш потоа во Центарот за култура „Григор Прличев“ – Охрид беше отворена втората изложба на Арс Вивенди…
повеќе...Делегација на Општина Охрид во Цер-кичевско
Охрид, денеска, со повеќе манифестации ја одбележува 109 годишнината од смртта на корифејот на Македонската револуционерна борба, Христо Узунов. Чествувањата започнаа со достоен историски час посветен на херојската погибија на Христо Узунов и неговата чета. На спомен обележјето на Христо Узунов се поклонаа и положија цвеќе делегациите на општина Охрид, Основното училиште кое го носи неговото име „Христо Узунов“, политичките партии, бројни здруженија на граѓани и поединци почитувачи на ликот и делото на Узунов. Свеченоста продолжи во с. Цер – Кичевско, каде што се одржа панихида во чест на херојот.…
повеќе...ОУ „Христо Узунов“ го чествува патрониот празник на училиштето
Денес ОУ „Христо Узунов“ го одбележа денот на својот Патрон Христо Узунов со полагање цвеќе на бистата на Узунов во училишниот двор, со пригодна реч и со доделување на награди на наградените на ликовниот и литературниот конкурс на училиштето. Покрај делегацијата на училиштето цвеќе на битката на револуционерот Христо Узунов положија и преставниците на Комисијата за одбележување на празници и манифестации при Советот на Општина Охрид. По речтта за Узунов беа доделени награди за творбите од литературниот и ликовниот конкурс по што Директорот на училиштето Тони Симоноски се обрати на…
повеќе...Охридската гимназија со низа активности за Денот на пролетта
Денеска со низа на активности по повод доаѓањето на пролетта, како и другите важни датуми кои се одбележуваат на овој ден, гимназијалците од ОСУ „ Св. Климент Охридски“ се приклучија во акција на разубавување на градот и својот училишен двор. Се одржа еко акција со садење цвеќиња, како и делење на едукативни еко флаери на учениците и минувачите пред училишната зграда. Во рамките на проектот Имплементација на конвенцијата за правата на детето во РМ, во соработка со Младински совет и подржан од Локалната самоуправа, беше организиран отворен – инфо ден,…
повеќе...Денот на пролетта одбележан со голем хепенинг во општина Дебарца
После успешно сработениот проект „Заедно до почиста општина“ денес во с.Белчишта учениците и вработените во ОУ „Дебрца“ и Локалната самоуправа организираа свечен хепенинг и продажна акција. Проектот се одвиваше во 6 работни седници, а секоја седница имаше различни активности меѓу кои: поставување корпи за отпадоци, засадување рози кои беа донирани од страна на градоначалникот Игор Трајкоски, уредување на училишниот двор, одржување јавна трибина, марш на учениците со еко транспаренти низ повеќе локации на општината, поставување хранилки за птици пред училиштата. Целиот проект се заокружи со свеченост при што имаше богата…
повеќе...Вработените од „Охридско Лето“ во акција – розите се вратија на Долни Сарај
Фестивалот „Охридско Лето“ во соработка со јавното претпријатие „Охридски комуналец“, во рамките на акцијата на Министерството за животна средина „Македонија земја на цвеќето- земја на розите“, денеска хортикултурно го уредија Долни Сарај со разни видови цветни насади. Во акцијата вработените од оваа национална установа заедно со охридските комуналци засадија рози со што просторот го врати препознатливиот лик на кој се сеќаваат постарите вработени во „Охридско Лето“. Трајче Наумоски, кој веќе четири децинии е задолжен за организацијата на музчко сценски настапи на учесниците на „Охридксо лето“ вели дека сцената Долни Сарај…
повеќе...Засадени повеќе од 500 рози низ Охрид
Во акцијата на Министерството за животна средина „Македонија земја на цвеќето- земја на розите“ денеска се вклучи и општина Охрид. Локалната самоуправа во содејство со ЈП „Охридски Комуналец“ организираше акција за засадување рози. Акцијата со засадување на рози започна од кај хотелот „Дончо“ на „Булевар Туристичка“ (потег градски пазар-Петља), месноста „Долни Сарај“ (по барање на Фестивалот „Охридско лето“) и во основните училишта „Григор Прличев“ и „Христо Узунов“. „Како Јавно Претпријатие се вклучуваме во акцијата на министерството за животна средина Македонија земја на цвеќето- земја на розите, Денес затоа посадивме повеќе од…
повеќе...