СДСМ Дебрца: Трајкоски, ајде кажи колку општински пари и додели на твојата сестра!?

ОО СДСМ Дебрца испрати соопштение до медиумите во кое стои: „Трајкоски во изминативе четири години општинските пари наменети за финансирање на граѓанските организации во голема мерка ги делел на роднински и партиски подобни здруженија на граѓани, без почитување на одлуката за критериумите и постапката за распределба на финансиски средства на здруженијата на граѓани и фондациите од буџетот на општина Дебрца, донесена од советот на општината. Особено , посебна грижа водел за неговата сестра, која е основач на Здружението “Мавивест”, од село Велмеј, организација за која никој   и  да не слушнал…

повеќе...

Утре во Белчишта ќе се одржи завршен митинг на СДСМ и Коалицијата „Живот во Македонија”

Утре ќе се одржи завршниот митинг на Коалицијата „Живот во Македонија” предводена од Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија. Митингот е закажан во Домот на Културата во Белчишта, со почеток во 16:30 часот. Свое обраќање на завршниот митинг ќе имаат, кандидатот за градоначалник на општина Дебрца, Зоран Ногачески и Премиерот на Република Македонија Зоран Заев.

повеќе...

Ногачески: Ајде Трајкоски охрабри се и излези на ТВ дебата!

Кандидатот за градоначалник за општина Дебрца од редовите на СДСМ и коалицијата, Зоран Ногачески испрати соопштение до медиумите во кое стои: „Трајкоски, од овде, од пред општинската зграда во Белчишта, која изминативе четири години, Ти им ја затвори и зароби на граѓаните на Дебрца јавно Те повикувам: Собери храброст, излези да се соочиш со граѓаните кои Те избраа, одбери медиум и дај да излеземе на ТВ дебата. И воопшто не плаши се, докрај ќе бидам коректен и однапред ќе Ти кажам на кои прашања ќе побарам да одговориш. Не мене,…

повеќе...

Одржан Централниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Мешеишта

Вечерва во Домот на културата во Мешеишта се одржа Централен митинг на Кандидатот за Градоначалник Игор Трајкоски, носителот на советничката листа Моника Мацеска, како и кандидатите за советници во Советот на Општина Дебрца. „Како млад човек и како претседател на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ на Дебрца сакам да истакнам  дека секогаш ќе се борам и ќе ги застапувам интересите на младите, заедно со нашиот најголем поддржувач кандидатот за градоначалник на Општина Дебрца, господинот Игор Трајкоски. Реализиравме многу проекти за младите, морам да потенцирам дека заедно со кандидатот за градоначалник ќе ја…

повеќе...

Централен митинг во Мешеишта на кандидатот за градоначалник Трајкоски и кандидатите за советници

Утревечер ќе се одржи Централен митинг на Кандидатот за Градоначалник Игор Трајкоски, носителот на советничката листа Моника Мацеска и кандидатите за советници во советот на Општина Дебрца. Централниот митинг ќе се одржи со почеток во 19:00 часот, во Домот на култура – Мешеишта. На настанот ќе присуствува и пратеникот Антониjо Милошoски.

повеќе...

Ногачески: Трајкоски времето на твоите лаги и владеење заврши

Кандидатот за градоначалник на општина Дебрца, Зоран Ногачески, од Коалицијата „Живот во Македонија за сите”, предводена од СДСМ, денес испрати реакција до медиумите, во која се вели: „Трајкоски, искрено Те жалам, што од ден на ден се повеќе тонеш и го достигна дното. Еве, денес си го објавил Договорот што во 2012 година општина Дебрца го склучи со Македонското Еколошко Друштво, за кое општината доби средства за Проектот-Промоција на Белчишкото Блато. И притоа шириш ноторни лаги, тврдејќи дека тоа бил фиктивен договор, инсинуирајќи дека јас сум ги потрошил парите за проектот.…

повеќе...

Трајкоски: Нашето ново мото секогаш работа е всушност наша досегашна пракса

Низ изминативе четири години јас како Градоначалник на Општина Дебрца успеав да го одржам дадениот збор. Она што го ветив да го исполнам, но не само тоа, туку се трудев и тековно работев вон мојата изборна програма се со цел што повеќе жители на Дебрца да бидат задоволни. Потребата за помош не познава никаква поделба, а потребата за реализирање на проекти го зголемува бројот на жителите кои ја прикажуваат довербата кон мене и ВМРО ДПМНЕ. Сите знаат дека во Дебрца никогаш не било повеќе направено отколку изминативе четири години. Тоа…

повеќе...

Смилески: Колкави хонорари има земено Ногачески за проекти и дали воопшто тие проекти се реализирани?

Кандидатот за советник од ВМРО-ДПМНЕ Дебрца, Јован Смилески денес одржа прес-конференција, на која истакна: „Очигледен е фактот дека на само четири дена до изборниот молк Ногачески е разобличен од неколку аспекти.
 Прво неговата т.н искреност и транспарентност која мака мачи да ја манифестира се прикажа како минорна со оглед на фактот дека на ниту едно од поставените прашања од наша страна не даде одговор. 
 Но ние ја знаеме ваквата негова страна која веќе сега добро им е позната и на пошироката јавност. За неговата политичка нестабилност и променливост не сакаме ни да…

повеќе...

Ногачески: Трајкоски мојот образ е чист, ај погледни си го твојот!

Кандидатот за Градоначалник на општина Дебрца, Зоран Ногачески, испрати реакција до медиумите во која стои: „Трајкоски мојот образ е чист, ај погледни си го твојот!? Трајкоски соочен со изборниот дебакл што ќе го претрпи на 15 Октомври, од ден на ден се повеќе и повеќе тоне во сопствената мизерија. Пред некој ден преку нарачан текст од дијаспората се обидоа да го нарушат моето човечко достоинство и да ми го сомничат потеклото. Еве, за сите, јас сум од Волино, тука во оваа стара куќа растев, се школував, оформив семејство, тука живеам…

повеќе...

Трајкоски се сретна со претставници од Сојузот на борци и Здружението „Мобилност“

Актуелниот градоначалник на Општина Дебрца Игор Трајкоски, кој е кандидат на коалицијата „За подобра Македониjа”, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, денес оствари средба со претставници на Организацијата на борците од НОВ и поддржувачи на традициите и со здружението „Мобилност“ во Охрид. На средбата претседателот на боречката организација, Гоце Георгиески искажа благодарност кон градоначалникот Трајкоски, за сите досегашни заеднички реализирани проекти во Општина Дебрца, од аспект на чувањето на спомен обележјата од НОВ и ПОМ, како и одбележувањето на годишнини од историско значење за македонската државност. Кандидатот Трајкоски, пред присутните на средбата, исто…

повеќе...