Македонското меѓународно движење за човекови права се сретна со американскиот Стејт департмент

Претседателот на Македонското меѓународно движење за човекови права, Бил Николов, повторно се сретна со релевантни претставници на американскиот Стејт департмент и го повтори барањето на ММДЧП за САД да ја осудат Тиранската платформа, наместо истата да ја оправдуваат и да се залагаат за неа. ММДЧП побара амбасадорот Џес Бејли веднаш да се отстрани од функцијата амбасадор на САД во Република Македонија, Заменик-помошникот државен секретар Хојт Брајан Ји да го повлече своето барање за доделување на мандат на анти-македонската коалиција и за задоцнетата политика за Македонија на претседателот Трамп да се…

повеќе...

Усвоена предлог-резолуцијата за напредокот на Македонија

Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент, со 54 гласoви „за“ и 8 „против“, ја усвои Предлог-резолуцијата за напредокот на Република Македонија за 2016 година. На тој начин, европскиот законодавен дом ја потврди осмата препорака на Европската комисија за отворање на преговорите за членство на нашата земја во Европската унија, со услов исполнување на Пржинскиот договор и итните реформски приоритети. Европратениците усвоија 28 компромисни амандмани од вкупно поднесените 318.

повеќе...

Осма препорака за Македонија за отворање на преговорите за членство во ЕУ

Европската комисија ги објави најновите Извештаи за напредокот на земјите кандидати за членство во Европската Унија, при што Република Македонија по осми пат доби препорака за отворање на преговорите за членство во ЕУ, условена со целосно реализирање на Пржинскиот договор преку спроведување на кредибилни предвремени парламентарни избори на 11 декември и имплементација на итните реформски приоритети. Во Извештајот се дава оценка за политичката состојба во пресрет на предвремените парламентарни избори, спроведувањето на Охридскиот рамковен договор, граѓанското општество, јавната администрација, судството, борбата против корупцијата и организираниот криминал, невработеноста, регионалната соработка и…

повеќе...

Обуки за искористување на ЕУ-фондовите во Охрид

Институтот за демократија „Социетас цивилис“ од Скопје (ИДСЦС), во соработка со Асоцијацијата за демократски иницијативи (АДИ) од Гостивар и со Организацијата на жени од Свети Николе, од денеска до 9 ноември, во Охрид, спроведува обука за проектен дизајн и за менаџмент. Обуката е дел од проектот „Унапредување на социјалната вклученост преку ефективно искористување на ЕУ-фондовите“. Во овој период ќе има обуки за организациите што работаат и сакаат да соработуваат со центрите за социјална работа во Ресен, Битола, Прилеп, Крушево, Демир Хисар, Неготино и во Кавадарци. Обуката за организации кои работат…

повеќе...

Македонија користи искуства на Германија, Полска и Хрватска во ЕУ-интеграцијата

Препораки за унапредување на меѓуминистерската организација, координацијата и управувањето со ИПА фондовите и подготовка на националната верзија на правото на ЕУ, се дел од резултатите на твининг проектот „Понатамошно зајакнување на организациските и институционалните капацитети за процесот на европската интеграција“. Спроведен е од Секретаријатот за европски прашања и конзорциумот од три земји членки на ЕУ – Германија, Полска и Хрватска, а во него беа вклучени и експерти од Бугарија. На денешната конференција по повод затворањето на твининг проектот се обрати вицепремиерот задолжен за европски прашања Арбр Адеми, кој истакна дека…

повеќе...

Попоски: Последните настани во Македонија се позитивни сигнали да се вратиме назад на ЕУ и НАТО агендата

Министерот за надворешни работи Никола Попоски денеска имаше богата работна агенда во седиштето на НАТО во Брисел, каде оствари билатерални средби со помошникот-државен секретар на САД за европски и евро-азиски прашања, Викторија Нуланд, како и со шефовите на дипломатиите на Германија Франк-Валтер Штајнмаер, на Турција Мевљут Чавушоглу, на Унгарија Петер Сијарто на Грција Никос Коѕијас, како и со Даниел Митов шефот на дипломатијата на Бугарија. По овие средби, шефот на македонската дипломатија учествуваше и на состанокот на Северно-атлантскиот совет на НАТО во рамки на земји-партиципиенти во мисијата „Одлучна поддршка“ во…

повеќе...

Груевски: Членството во НАТО и ЕУ се наша стратегиска определба

„Ние сме карактеристични по многу работи, особено по залагањето и трудот, по нашата посветеност и одговорен пристап. Многу значајно помеѓу сето тоа е една од нашите главни карактеристики а тоа е грижата, залагањето и бранењето на националниот и државен интерес.“ Ова вечерва го изјави Никола Груевски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ, потенцирајќи дека секогаш во фокусот на владата е Република Македонија. „Секогаш, секаде сме се залагале и ќе се залагаме за оваа врвна вредност, секогаш во нашиот фокус е државата, нашата држава Македонија. Она за што се бореле генерации и генерации да…

повеќе...

Усвоена Резолуцијата за Република Македонија

Ако Република Македонија може да излезе од актуелниот политички ќорсокак, да одржи слободни и фер избори и со потребните реформи да се врати на вистинскиот пат, тогаш не треба да има понатамошни пречки за започнување на разговорите за пристапување во Европската Унија, се вели во Резолуцијата, која денеска со 404 гласови „за“, 76 „против“ и 29 „воздржани“ беше изгласана од европратениците во Стразбур. „Земјата се наоѓа во критичен момент – не само што премногу долго чека пред вратата на ЕУ како земја кандидат, туку се соочува и со предизвикот на…

повеќе...

Средба Јолевски – Каве: НАТО и ЕУ се приоритет за Македонија

Членството во НАТО-алијансата е приоритет за Република Македонија за што сме и целосно подготвени, рече министерот за одбрана на Република Македонија, Зоран Јолевски на денешната средба во Министерството со генерал-мајор Иан Каве, заменик командант за планирање во Здружената команда на сојузничките сили во Неапол. Министерот Јолевски додаде дека реформскиот процес во Армијата тече во континуитет. „Започнавме со процес на модернизација кој е исклучително важен. Тоа што е битно е дека работевме напорно на дефинирање на приоритетите кои се важни за одржување на способностите на Армијата, но и на интеропративноста со…

повеќе...

Попоски: ЕУ ќе го забави приливот на бегалци кон Северна Европа

Ветување од земјите од ЕУ за забавување на приливот на бегалци кон Северна Европа, добила Македонија на состанокот на министрите за надворешни работи, кој викендов се одржуваше во Амстердам, тврди министерот за надворешни работи на Македонија, Никола Попоски. Според Попоски, Србија, Хрватска, Унгарија, Словачка и Чешка ѝ понудиле на Македонија помош во полицајци, опрема и за формирање центри за регистрација, додавајќи дека не е важно како таа помош ќе биде наречена. „Најважно е да имаме луѓе и опрема за да можеме да ја контролираме границата и да ја спроведуваме регистрацијата…

повеќе...