Фестивалската програма на 55-тото издание на „Охридско лето“ вечерва продолжува со традиционалниот концерт насловен како „Вечер на Европската Унија“ . Во црквата „Св. Софија“ со почеток од 21 часот ќе имаме можност да го слушнеме одличното словенечко трио во кое членуваат харфистката Мојца Злобко Вајгл, флејтистката Ева Нина Козмус и виолончелистката Кармен Пецар. Харфистката Мојца Злобко Вајгл се вбројува меѓу водечките музичари во Словенија, со богата интернационална кариера како солист и како камерен изведувач. Дипломирала на Музичката академија во Љубљана, а своите постдипломски студии ги завршила на Академијата за музика…
повеќе...Tag: еу
Македонија во фокусот на разговорите на денешниот Совет за надворешни работи на ЕУ
Актуелната политичка состојба во Република Македонија е во фокусот на разговорите на денешниот Совет за надворешни работи на Европската унија во Луксембург. Шефовите на дипломатиите на земјите-членки на ЕУ ќе разговараат за случувањата во нашата земја со високиот претставник за надворешна и безбедносна политика, Федерика Могерини, а потоа и со генералниот секретар на Обединетите нации, Бан Ки-Мун. Денешните заклучоци што ќе ги донесе Советот на ЕУ, во четврток и петок треба да бидат потврдени од шефовите на држави и влади на ЕУ на Самитот на Европскиот совет во Брисел.
повеќе...Претседателот Иванов бара неодложен почеток на преговорите со ЕУ и прием во НАТО
Неодложен почеток на пристапните преговори за членство во ЕУ и прием на Република Македонија во НАТО Алијансата, побара претседателот Иванов на денешните средби со претседателот на Република Словенија, Борут Пахор и претседателот на Република Хрватска, Колинда Грабер Китаровиќ, а во рамки на учеството на „Самит 100″, кој денеска се одржува во Порторож. На средбите со словенечкиот и хрватскиот претседател беа разменети мислења и информации за повеќе актуелни теми од заемен интерес. Претседателот Иванов ги информираше претседателите на Република Хрватска и Република Словенија за актуелната политичко-безбедносна состојба во Република Македонија. Oценувајќи…
повеќе...ЕУ утре ќе расправа за Македонија
Советот за надворешни работи на ЕУ утре (понеделник) ќе расправа за Македонија и ќе излезе со заедничка позиција во врска со случувањата во земјата и за мерките што треба да се преземат, најави шефот на бугарската дипломатија Даниел Митов, пренесе МИА. „Европа дејствува заеднички. Во понеделник на Советот за надворешни работи ќе дискутираме за темата Република Македонија и тамошните случувања, што треба да доведе до заедничка единствена позиција на сите министри за надворешни работи на земјите од ЕУ и за мерките што треба да ги преземеме“, изјави Митов за Бугарската…
повеќе...Министерот Попоски на состанок на НАТО во Турција
Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Попоски, денес во Анталија, Турција учествуваше на редовниот Министерски состанок на Северно – атлантскиот Совет на НАТО во формат „Решителна поддршка’’. На состанокот со кој претседаваше г-нот Столтенберг, министерот Попоски ги запозна министрите на НАТО членките и партнерите со најновите безбедносни предизвици со кој беше соочена земјата во изминатиот викенд. Тој информира за превземената акција на полицијата кои превенираа сериозен и координиран терористички акт против државните институции и цивилните цели на Република Македонија, при што беше предизвикана ненадоместлива загуба на животите на…
повеќе...Претседателот Иванов оствари средба со амбасадорите на САД, ЕУ, ОБСЕ, Р. Турција и претставникот на НАТО во Република Македонија
Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денеска ги прими г. Џес Бејли, амбасадор на Соединетите Американски Држави, г. Аиво Орав, шеф на Делегацијата на Европската унија, г-ѓа Мариане Берец, вршител на должноста шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, капетан Румен Радев, шеф на Канцеларијата за врски на НАТО и амбасадорот на Република Турција, г. Омур Шолендил, како НАТО контакт амбасадор. На средбата македонскиот претседател ги информираше соговорниците за вчерашната седница на Советот за безбедност, при што беа разменети информации и мислења за последните случувања во Куманово и безбедносната…
повеќе...Општина Охрид ќе го одбележи 9-ти мај Денот на Европа
Со низа активности општина Охрид ќе го одбележи Денот на Европа -9 мај. Утре во општинската зграда , со почеток во 11:15 часот, претседателката на градскиот Совет, Гордана Коњаноска, ќе оствари работна средба со Амбасадорот на Словенија во Р. Македонија, Н.Е. Бранко Раковец. Точно напладне на малиот плоштад кај некогашната библиотека , претседателката Коњановска и амбасадорот Раковец ќе одржат поздравни говори со што официјално ќе започне културно забавната програма посветена на празникот. Во забавниот дел учество ќе земат најмладите од ЈУДГ „Јасна Ристеска“ и учениците од сите основни училишта во…
повеќе...Работната група ЕУ – ЕФТА донесе одлука Македонија да се вклучи во заедничкиот транзит на ЕУ и ЕФТА
Делегација на Царинската управа на Република Македонија, предводена од директорот Радеска–Крстевска на 23 март 2015 година присуствуваше на 158-от состанок на ЕУ-ЕФТА Работната група за заеднички транзит и олеснување на формалностите во трговијата со стоки кој се одржа во Брисел, Белгија. На состанокот, Работната група на ЕУ и ЕФТА земјите ги усвои одлуките на Република Македонија да й биде упатена покана за полноправно членство во Конвенцијата за заедничка транзитна постапка и Конвенцијата за поедноставување на формалностите при трговија со стока. Се очекува Советот на ЕУ во мај годинава да ги…
повеќе...Претседателот Иванов се сретна со амбасадорите на САД, ЕУ, ОБСЕ и претставникот на НАТО во Република Македонија
Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денеска ги прими г. Џес Бејли, амбасадор на Соединетите Американски Држави, г. Аиво Орав, Шеф на Делегацијата на Европската унија, г-a Мариан Берец, Вршител на должноста Шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје и шефот на Канцеларијата за врски на НАТО, капетан Румен Радев. На средбата беа разменети мислења и информации околу актуелната политичка состојба во Република Македонија, како и за состојбите и очекувањата во врска со членството на Република Македонија во ЕУ и во НАТО. Претседателот Иванов истакна дека Република Македонија високо…
повеќе...Новите ЕУ правила за означување на храната промовирани и пред членките на Стопанска Комора на Македонија
„Новите барања на ЕУ за означување на храната – законска обврска на домашните оператори со храна од јуни 2015 година“,беше тема на денешната прес конференција и работилницата која во организација на Агенцијата за храна и ветеринарство и Стопанската комора на Македонија се одржа денес за членките на Комората. Како што истакна м-р Зоран Поповски, директор на Агенцијата за храна и ветеринарство, домашните оператори со храна треба да бидат детално информирани за новите правила кои ќе се применуваат во Европската унија, како и за соодветните еквивалентни национални правила кои ќе се…
повеќе...