Американска автомобилска компанија ќе гради фабрика и ќе вработи 2.500 лица

Компанија од автомобилската индустрија не извести дека донеле одлука за градба на нова фабрика која ќе биде лоцирана во поголем град во северозападна Македонија и во која ќе се вработат 2.000 до 2.500 лица, изјави премиерот Никола Груевски. Компанијата, според очекувањата на Владата, ќе ја објави и сама инвестицијата во наредните месец до два. „Тоа ме радува затоа што во тој дел има потреба од доста вработувања. Ќе имаат квалитетна работна сила, а многу луѓе од тој регион ќе си најдат работа, ќе ги згрижат своите семејства со заработувачка која…

повеќе...

Бакрачески и менаџерскиот тим на „Евергрин Енерџи“ ги разгледуваа можностите за привлекување светски компании во слободните индустриски зони

Градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески денеска ја посети фабриката за камини на пелети „Евергрин Енерџи“, која последниве години станува еден од најголемите извозници во Југозападниот регион од Македонија и извезува производи во над 20 земји од Европа. Целта на посетата беше да се укаже на поволностите и поддршката што Општина Охрид може да ја даде на оваа успешна компанија се со цел да се подигне локалниот економски раст да се обезбедат можности за успешно работење на фирмата во иднина која со тоа и би го зголемувала производство што значи дека…

повеќе...

Градоначалникот Бакрачески утре ќе ја посети фабриката за камини на пелети „Евергрин Енерџи“

Градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески утре (среда)во 13.00 часот, ќе ја посети фабриката за камини на пелети „Евергрин Енерџи“, која последниве години станува еден од најголемите извозници во Југозападниот регион од Македонија и извезува производи во над 20 земји од Европа. Компанијата произведува камини од сопствен бренд, но и ултрамодерно дизајнирани камини на пелети за Италија кои се произведуваат под италијански бренд. „Евергрин Енерџи“ постојано го зголемува извозот и бројот на вработените, а последниов месец инвестирано е во нови машини и опрема. На средбата градоначалникот со менаџментот на „Евергрин енерџи“…

повеќе...

Груевски: ЕМО повторно ќе биде рестартирано

ЕМО повторно ќе биде рестартирано. Две германски компании се заинтересирани за делови од компанијата, а за што Владата веќе води разговори. Ова го најави премиерот Никола Груевски при денешната посета во Охридско. „Делови ќе земат германските компании кои веќе ги објавија своите инвестиции во Охрид. Едната од нив ќе земе поголем дел од ЕМО и ќе останат само неколку објекти за кои се заинтересирани две други компании и со нив сме во разговори да ги убедиме да инвестираат. Така што комплетно цело ЕМО да биде повторно рестартирано што за автоделови,…

повеќе...

„Монтанте груп“ ќе инвестира 10 милиони евра во фабрика во Бунарџик, најавени 100 работни места

Италијанската мултинационална компанија „Монтанте груп“ есенва ќе започне градба на фабрика во ТИРЗ Скопје 1 за производство на амортизери за возови, шински возила, автобуси и тешки возила. Првичната инвестиција ќе изнесува околу 10 милиони евра, а објектот во кој ќе се вработат 100 лица треба да биде готов најдоцна за една година од почетокот на градбата. Ова на прес-конференција го истакнаа сопственикот на Монтанте груп, Антоанело Монтанте и директорот на Дирекцијата за ТИРЗ, Виктор Мизо. Групацијата веќе регистрирала мешовита компанија во Македонија под името „Њуко“, а се предвидува по завршувањето…

повеќе...

Кривични пријави за охриѓани поради несовесно работење во службата и кражба

СВР Охрид поднесе кривична пријава против З.Н.(56), магационер во АД “Емо-Косел“, Т.Ј.(55) и М.К.(55), двајцата обезбедување во АД „Емо-Косел“ за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“, а Т.В.(54) шеф на погон, за кривично дело „кражба“. На 23.05.2014 година, T.В ги зел клучевите на погонот-трансформатори и со непознато лице користејќи згодна прилика од магацинскиот простор одзеле 1.190 килограми бакарни фолии. З.Н. иако бил должен да ја контролира состојбата со материјалите на одговорните лица во претпријатието на одговорните лица во претпријатието не пријавил кусок на бакарни фолии. Т.Ј. и М.К. вршејќи…

повеќе...

Интензивно се бара стратешки партнер за ЕМО

На повидок е решение за наоѓање на стратешки партнер  за ЕМО,. Ова го истакна синоќа лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на митингот во Охрид. „Во сериозни разговори сме со крупна компанија од една средноевропска држава, за таа да стане стратешки партнер на охридски ЕМО. Не давам ветување, туку информирам дека ќе направиме се’ што е во наша моќ, да ги убедиме за тој чекор. Ако не успееме со нив, ќе преговараме напорно и ќе бараме решение. За ЕМО да стане тоа што бил некогаш, силен, моќен, со вработени“ посочи Груевски.…

повеќе...

„Продис“ во април отвора втора фабрика во Македонија, околу 200 нови вработувања

Премиерот Никола Груевски денеска оцени дека веќе е тренд отворањето нови фабрики од страна на странските инвеститори кои се веќе во Македонија. „Тоа покажува дека странските компании се задоволни од условите што ги нуди Владата и локалните самоуправи. „Џонсон контрол“ покрај постоечката фабрика во Скопје, отвора нова во Штип, меѓународната компанија „Џонсон Мети“ на истото место работи на отворање нова фабрика, Технохозе најави отворање нов објект четирипати поголем од постојниот, руската компанија за лекови „Продис“ најави дека во април ќе отвори втора фабрика во која ќе вложи 15 милиони евра…

повеќе...