Ал ди Меола и Продиџи за крај на фестивалот „Ohrid calling“

Со настапот на виртуозот на гитара Ал Ди Меола и светската атракција Продиџи, викендов завршува првото издание на фестивалот „Ohrid Calling“. Во пресрет на двата музички спектакли, раководителот на Секторот за ТЛЕР Ѓоко Апостолов и Денис Илиоски од АВАЛОН продукција, на денешната прес конференција истакнаа дека подготовките за двата концерти течат со посакуваната динамика. „Ние можеме да го искажаме нашето задоволство од досегашната соработка со АВАЛОН продукција и убедени сме дека одличната организација на настапите на Ники Ромеро и Лост Фреквенси, ќе биде повторена и за престојните концерти викендов. Мислиме…

повеќе...

Во Охрид се одржа Интернационален фолклорен и хорски фестивал „Св. Климент Охридски“

Во неделата(7ми август) на плоштадот „Крушевска Република“, во организација на ИФФОМ (Интернационални Фолклорни Фестивали, Охрид – Македонија) во соработка со Фолклорна Асоцијација „Играорец”, Ансамбл „Скопје” i „ЕСЕ” Скопје“ се одржа Интернационалниот фолклорен и хорски фестивал „Св. Климент Охридски“. Охрид беше домаќин на повеќе странски групи од различни држави. На овој интернационален фестивал учествуваа групи од Македонија, Србија, Бугарија, Турција. Босна и Херцеговина, Литванија, Русија, Унгарија и Романија. На фестивалот, низ оридските улици продефилираа околу 420 учесници.

повеќе...

Фејсбук страница го злоупотребува името на фестивалот „Охридско лето“

Пред неполн час на фејсбук е направена страница со името Ohrid Summer Festival – Фестивал Охридско Лето и веднаш на истата се напишани неколку статуси во саркастичен стил. Очигледно некои луѓе немаат попаметна работа, па ситуацијата со невремето во Охрид и откажувањето на концертот на Артуро Сандовал ја злоупотребиле за лична корист. Пред неполн час на фејсбук е направена страница со името Ohrid Summer Festival – Фестивал Охридско Лето и веднаш на истата се напишани неколку статуси во саркастичен стил: „Почитувани, пари не враќаме, да си знајте! Ви благодариме на…

повеќе...

Одржан фестивалот „Охридски бисер“

Викендов на плоштадот „Крушевска Република“, во организација на ИФФОМ (Интернационални Фолклорни Фестивали, Охрид – Македонија) во соработка со КУД „Охриѓанка“, беше одржан Интернационалниот фолклорен фестивал „Охридски Бисер“. Охрид беше домаќин на повеќе странски групи од различни држави. На овој интернационален фестивал учествуваа групи од Македонија, Бугарија, две групи од Израел и две групи од Турција. На фестивалот имаше околу 280 учесници кои продефилираа низ Охридските улици.

повеќе...

Почнува најсилното издание на Green beach festival – најголемиот фестивал на електронската музика кај нас

Сѐ е подготвено за седмото издание на најголемиот фестивал на електронската музика кај нас, GREEN BEACH FESTIVAL кој ќе се одржи викендов (30-31 јули) во Охрид. Со највозбудливата програма во која се запишуваат вкупно 14 изведувачи на кои подеднакво им се восхитува и комерцијалната и андерграунд сцената, GREEN BEACH FESTIVAL ги претставува врвните уметници на електронската музика кои гарантираат исклучително дводневно доживување! „Пред нас едно од најсилните изданија досега, кое стапува на сцена со ексклузивни настапи на светската диџеј елита и со врвен продукциски тим задолжен за неповторливо аудио и…

повеќе...

Втор ден на фестивалот „ДримON“ – „Све(с)т во транзит“

Пронаоѓање на самиот себе си преку внатрешната номадизација, чувството на истоштеност во матичниот културен простор, миграција од нултистепен, културната миграција како носител на новости и можности. Овие точки беа патоказите преку кои се движеше разговорот на дебатата на вториот ден на Фестивалот за процесирање култура, „ДримON“, насловен „Све(с)т во транзит“, кој се одржа вчера, 29 јули во Струга. Професорката Елизабета Шелева ја модерираше исклучително актуелната и интересна дебата и тргна од тезата дека миграциите се, односно ќе бидат револуција на 21 век. Како панелисти беа Искра Гешоска, теоретичарка и уметникот…

повеќе...

Одржан Интернационалниот фолклорен фестивал „Александар Македонски“

Изминатиот викенд, на 23 и 24 јули, на плоштадот „Крушевска Република“ во Охрид, во организација на ИФФОМ (Интернационални Фолклорни Фестивали, Охрид – Македонија) во соработка со ДМКН „Александар Македонски“, беше одржан Интернационалниот фолклорен фестивал „Александар Македонски“. Охрид беше домаќин на повеќе странски групи од различни држави. На овој интернационален фестивал учествуваа групи од Македонија, Полска, Словачка, две групи од Србија, две групи од Бугарија и две групи од Романија. На фестивалот имаше околу 360 учесници кои продефилираа низ Охридските улици.

повеќе...

„Обојени програм“ ќе свират на Фестивалот за процесирање култура „ДримOn“ во Струга

Пионерите на српскиот алтернативен звук, „Обојени програм“ ќе настапат на четвртото издание на Фестивалот за процесирање култура „ДримON“ во Струга. Нивниот концерт е закажан за вториот ден на фестивалот, во четврток, 28 јули и ќе започне од 22 часот. Познати по своите интересни надреалистички текстови, заразни мелодии и истрајност на сцената, новосаѓаните настапуваат на главната сцена на „ДримON“, во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“. Публиката во Струга ќе има можност во живо да ги чуе Љуба, Бебец, Кебра и Цина, со добро познатите „Небо, небо плаво је“, „Кад се неко…

повеќе...

„Охрид СОС“ на Д-Фестивал со документарци за заштитените зони

Граѓанската иницијатива „Охрид СОС“, заедно со еколошкото здружение „Еко свест“ денеска е дел од програмата на Д-Фестивал во Дојран. Од „Охрид СОС“ ќе презентираат кратки документарни филмови за последиците од инфраструктурни објекти во заштитени зони. Исто така, ќе го презентираат Смарт Охрид – концептот за одржлив транспорт во Охрид и галерија од фотографии со еколошки катастрофи низ светот предизвикани од рудници како би ја информирале јавноста за катaстрофата што го чека Огражден. „Ќе имаме време и за дискусија. Ќе има и книга за посетители каде ве каниме сите да си…

повеќе...

Почна јубилејниот 55. Балкански фестивал на народни песни и игри

На летната сцена Долни Сарај, синоќа, со настапот на ансамблот „Танец“, свечено беше отворен јубилејниот 55.Балкански фестивал на народни песни и игри, на кој учествуваат фолклорни друштва од Македонија, Турција, Австралија, Бугарија и Црна Гора. Фестивалот за отворен го прогласи покровителот, претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски, а се обратија директорот на Центарот за култура „ Григор Прличев“ Горан Стојаноски и претседателката на Советот на општина Охрид Гордана Коњаноска. „И после 55 години, од овде, од прекрасниот амбиент на летната сцена Долни Сарај, учесниците на фестивалот ќе упатуваат…

повеќе...