Со проекција на филмот „Судија“ во режија на годинашниот добитник на гран при наградата, Кристијан Венсан, заврши 9-то издание на францускиот филмски фестивал. На четиридневната фестивалска програма која се одвиваше во Скопје и Охрид беа вкупно прикажани девет филмови. Градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески, ја имаше честа во рамките на „Специјалната вечер“ што се одржа во Домот на култура во Охрид да му ја врачи гран при наградата, „Охридска златна маска“, на добитникот, режисерот Кристијан Венсан. Во своето обраќање градоначалникот ја изрази важноста од одржувањето на ваков престижен филмски фестивал…
повеќе...Tag: фестивал
Започна 15 Интернационален музички натпревар „Охридски бисери“
Со настап на младите полски музичари, виолинистката Корнелија Фигиелска и пијанистот Адам Миколај, синоќа во катедралната црква Света Софија, започна 15 интернационален музички натпревар “Охридски бисери“. Во името на локалната самоуправа, пред уметниците се обрати заменикот на градоначалникот, Ангел Јанев. „Имам исклучителна чест и привилегија во името на градот домаќин, вечниот Охрид и во свое лично име, да го поздравам 15 издание на Интернационалниот натпревар на млади музичари “Охридски бисери“.Искрено верувам дека изминатите години, “Охридските бисери“ придонесоа кон збогатувањето на нашата духовна ризница и уште повеќе Охрид го отворија кон…
повеќе...Свечено затворање на „Охрид Филм Фест“ со филмовите „Само за губитници“ и „Бољшој Вавилон“
Специјалната гостинка на Фестивалот, Астрид Ветнал, која ја има главната улога во „Пат за Истанбул“ на познатиот режисер Рашид Бушареб, ќе одговара на новинарски прашања на прес-конференцијата што ќе се одржи на последниот ден од Охридскиот филмски фестивал (15 јуни). Свеченото затворање на Првиот интернационален фестивал за ангажиран филм „Охрид Филм Фест“ ќе се одржи во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид со краткиот филм „Само за губитници“ на Иво Трајков и со неверојатната вистинска приказна „Бољшој Вавилон“на Ник Рид и Марк Франчети. Во последниот ден од фестивалот, (15…
повеќе...По деветти пат Француски филмски фестивал
Со филмот „Патот за Истанбул“, во режија на Рашид Бушареб, утревечер свечено ќе биде отворено овогодинешното деветто издание на францускиот филмски фестивал што се одржува во Скопје и Охрид. Покрај овој во рамки на фестивалските денови во Скопје ќе се прикажуваат и филмовите „Утре“, „Фатима“, „ Лето“, „Ни на небо, ни на земја“. Фестивалскиот дел во Охрид, ќе се одржи во четврток 16-ти и петок 17-ти јуни. Во четврток, со почеток во 20.30 часот љубителите на филмската уметност ќе можат да го проследат филмот „Каприс“ во режија на Емануел Муре.…
повеќе...Познатата француска актерка Астрид Ветнал гостинка на „Охрид Филм Фест“
Денес во Охрид ќе пристигне познатата француска актерка Астрид Ветнал, која ја игра главната улога во филмот на Рашид Бушареб „Пат за Истанбул“. Оваа актерка има остварено многу улоги, меѓу кои и во филмовите на Копста Гаврас, Клод Лелуш, Беноа Маријаж и Леспер, а се прослави со политичката тв-серија „Црниот барон“. Во 2014 е номинирана за наградата „магрит“. Нејзина најзабележлива улога е во филмот „Патот за Истанбул“ на Рашид Бушареб, во кој таа игра самохрана мајка чија ќерка заминува за џихад во Сирија, и која решава да ја најде и…
повеќе...Во Охрид одржан Интернационалниот фолклорен фестивал „Плетенка”
Викендов, во Центарот на градот на бината кај Чинарот, во организација на КУД „Охриѓанка”, a во соработка со „Езерска разгледница” беше одржан Интернационалниот фолклорен фестивал „Плетенка”. На фестивалот учествуваа групи од Бугарија меѓу кои Женски хор ,,Плетеница” од Бугарија, Фолклорна група „Гергана” од Бугарија”, Група за афтентичен фолклор од Бугарија како и групи од Турција.
повеќе...„Охрид Филм Фест“ го живее четвртиот ден од фестивалот на ангажиран филм кој се одржува во Охрид
Утре, на Фестивалот пристигнува специјалната гостинка на Охридски филмски фестивал, Астрид Ветнал, со филмот „Пат за Истанбул“ на Рашид Бушаред Од денеска, (понеделник, 13 јуни) Фестивалот покрај редовната програма ќе продолжи со прикажување на кратката програма чиј избор го направи филмскиот критичар Влатко Галевски. На Фестивалот ќе бидат прикажани 44 кратки филма меѓу кои се пет македонски. Кратките филмови ќе се прикажуваат на Охридската филмска школа – ФИОФА со почеток од 13 часот денеска, во вторник и во среда, во три блока што ќе траат по два часа. Програмата започнува…
повеќе...Три долгометражни и два кратки филма на третата вечер на „Охрид Филм Фест“
Филмот „Мирно Лето“ познат како прва македонска филмска комедија, ќе ја отвори третата фестивалска вечер на првиот фестивал за ангажиран филм „Охрид Филм Фест“ кој се одржува од 10-15 јуни во Охрид. Специјално за градот Охрид, Фестивалот подготви програма посветена на градот и на филмовите кои се снимени во Охрид и за Охрид. Програмата е насловена „Охрид на филм“. Филмот „Мирно лето“ е дел од оваа програма, е снимен во 1961 година во режија на Димитрие Османли а во главните улоги се појавуваат: Љупка Џундева, Слободан Перовиќ, Мери Бошкова, Петре…
повеќе...Охрид Филм Фест 10-15 Јуни 2016
Вечерва во Центарот за култура „Григор Прличев“, со почеток во 20 часот свечено ќе биде отворен фестивалот „Од другата страна“, во режија на Зринко Огреста, Хрватска/Србија. Еве ја програмата: Петок 10 јуни / Центар за култура 20,00h Свечено отворање на фестивалот / Центар за култура „Од другата страна“, режија: Зринко Огреста, Хрватска/Србија, 2016, 85мин. Сабота 11 јуни / Центар за култура 17,00h „Охридско езеро“, режија: Данеш Ото, Македонија, 1958, 10мин. „Сонита“, режија: Росарех Гаем Магхами, Иран/Германија/Швајцарија, 2015, 90мин. 19,30h „Црната актовка“, режија: Хусеин Зејнали, Иран, 4.30мин. „Наша секојдневна приказна“, режија: Инес Тановиќ,…
повеќе...Импресивен настап на театарската група од Црвен крст Крагуевац на вториот ден од „Вдиши театар“
Импресивен настап на театарската група од Црвен крст Крагуевац на вториот ден од театарскиот фестивал Вдиши театар. Тие, вчера во предворјето на црквата Св.Софија ја изведоа театарската претстава „Рингишпил“ преку која ја пренесоа семејната драма за соочување со губењето моќ, пари, за пореметени меѓучовечки односи и борба со болестите на зависност. Со својата умешност во театарската игра, младите актери ја приближија до публиката, реалната и препознатлива во секојдневието, сурова игра на судбината, каде наизглед совршен живот се претвора во кошмар и се’ се менува непрекидно и врти како рингишпил. Како…
повеќе...