Единаесетти пат, традиционално во Скопје, но и во другите градови низ Македонија ќе се одржи „Баскерфест“, фестивалот кој под отворено небо нуди бесплатна забава за сите возрасти. Локацијата е плоштад „Македонија“, а свои точки секојдневно ќе имаат атрактивни баскер изведувачи од целиот свет. Во Скопје фестивалот ќе започне на 10 јуни и ќе трае 10 дена, а потоа ќе продолжи и во другите градови ширум Македонија. Со овој настан секоја година се отвараат портите на Скопје како за домашната, така и за меѓународната публика која ја има во се поголем…
повеќе...Tag: фестивал
По 18-ти пат „Распеано рибарче“ во Охрид
Вечерва во ЦК „Григор Прличев“, свечено беше отворен најстариот градски детски фестивал „Распеано рибарче“. Најмладите од детската градинка „Јасна Ристеска“ и децата од охридските основни училишта уживаа во веселите детски песнички кои се испејаа на првата фестивалска ноќ. Овогодинешното 18-то издание на фестивалот е посветено на прерано починатиот основач на фестивалот Коле Петкуќески. Присутните ги поздрави заменик градоначалникот на Охрид, Ангел Јанев. „Охридското „Распеано рибарче“, покрај многуте настапи на учениците од музичкото училиште, покрај промоциите на орќестрите за народна и забавна музика, хорските фестивали, фестивалите на народни песни и игри…
повеќе...Овие денови се одржува Детскиот Фестивал „Распеано Рибарче”
Во Центарот за култура „Григор Прличев“ Охрид, денес, утре и задутре ќе се одржи Детскиот Фестивал „Распеано Рибарче”. -04.05.2016 среда во 11.00 часот -05.05.2016 четврток во 10.30 и 16.00 часот -06.05.2016 петок во 10.30 и 19.00 часот.
повеќе...5-ти „Spring Wine Festival“ од 11-15 мај во Скопје
Од 11-ти до 15-ти мај веќе традиционално по петти пат на паркингот на Веро Центар ќе се одржи ексклузивниот пролетен вински фестивал – „Spring Wine Festival”. „Како изминатите изданија на фестивалот, така и оваа година ќе можете да уживате во дегустација на најубавите сортни македонски вина и вкусни деликатеси по промотивни цени, пропратени со богата музичка програма која ќе ги задоволи вкусовите на разновидната публика. Од среда до недела паркингот пред Веро Центарот ќе се претвори во место каде мирисот на пролетта, љубовта и виното ќе ги возбудат сетилата и ќе…
повеќе...Отворен Филмски фестивал во Охрид
Заменик градоначалникот на Охрид, Анѓел Јанев синоќа присуствуваше на отворање на првиот филмски фестивал „Филмоција “ што до 10 април се одржува во просториите на „Институтот за филм- Филмска Академија Охрид“. Во своето обраќање пред студентите кои се организатори на фестивалот и останатите присутни, Јанев истакна : „По неполна година од отворањето на „Институтот за филм- Филмска академија Охрид“ , оваа јавна научна установа направила одлична проценка дека покрај редовните наставни активности, на младите им е потребно дружење и размена на искуства во областа на седмата уметност. Организирањето на првиот…
повеќе...Прв студентски филмски фестивал – Филмоција во Охрид
Институтот за филм – Филмска Академија Охрид во периодот од 8ми до 10ти април 2016 година, го организира својот прв студентски филмски фестивал – Филмоција (Feelmotion) – чии активности ќе се одвиваат во просториите на академијата во Охрид. Овој настан предвидува разновидна и богата тридневна програма, вклучувајќи проекции на филмови, работилници и мини концерти. – Факултети кои ќе учествуваат со сопствени филмови и студенти ce: Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, Есра и ФДУ – Скопје, Тетовскиот Универзитет и „Хасан Приштина“ од Косово. – Работилниците ќе бидат водени од продуцентите: Огнен Антов, Борис Дамовски, Атанас Георгиев и…
повеќе...Започна дводневниот филмски фестивал за млади „Џифони“
Во рамки на младинскиот интернационален филмски фестивал „Џифони“, денес во амфитеатарот на УИНТ „Свети Апостол Павле“ во Охрид свечено беше отворен фестивалот. Пред 135 средношколци од четирите средни училишта во Охрид, свое обраќање имаше градоначалникот Никола Бакрачески кој посочи дека локалната самоуправа во континуитет работи за промовирање на филмската уметност во градот „Локалната самоуправа континуирано дава поддршка на ваквите настани, а целта ние да го поттикнеме ширењето на културниот производ и ширењето на филмската култура во Охрид. По завршувањето на овај меѓународен филмски фестивал, се надевам дека кај дел од…
повеќе...„Џифони патува“ допатува во Охрид
Најголемиот интернационален младински филмски фестивал „Џифони“, во наредните два дена ќе гостува во Охрид. Во име на општина Охрид, благодарност до организаторите упати заменик – градоначалникот, Ангел Јанев. „Почитувани организатори, во име на општина Охрид и градоначалникот Бакрачески сакам да Ви се заблагодарам за тоа што го одбравте Охрид да биде дел од овај најголем интернационален младински филмски фестивал. Со овај фестивал, учесниците ќе имаат ретка можност, преку реномирани предавачи да се запознаат со тајните на филмот и филмската уметност. Преку работилниците коишто се организираат во рамки на фестивалот, тие…
повеќе...Од 8ми до 11ти декември „Зимски поетски фестивал“ во Скопје
Од утре 8ми до 11ти декември во Скопје ќе се одржува нов Зимски поетски фестивал, во рамките на манифестацијата Струшки вечери на поезијата. Зимскиот поетски фестивал (ЗПФ) е востановен како дел од настојувањата за институцијата Струшки вечери на поезијата за интензивна културна активност на СВП насекаде во земјава и преку целата година. „Во таа насока настаните кои се одржуваа во август неможе да го покријат интересот на целата публика, особено не на академската, која претставува целна публика на Зимскиот фесивал и ќе овозможи нов начин на презентција на поетските вредности…
повеќе...Основци од „Св.Климент Охридски“ учествуваа на Национален фестивал за лица со и без хендикеп во Скопје
Учениците од посебните и редовните паралелки од ОУ „Св. Климент Охридски“ учествуваа на Националниот фестивал за лица со и без хендикеп „ИГРИ БЕЗ МАСКА“- ТЕАТАР БЕЗ ДИСКРИМИНАЦИЈА 2015 во Драмски театар во Скопје. Овој фестивал за прв пат се одржува кај нас со интенција да прерасне во традиција, а има натпреварувачки карактер. На фестивалот учествуваат групи од цела Македонија, а најдобрите три пртстави во Април ќе се пртстават во Македонскиот Народен Театар и ќе продолжат да се натпреваруваат на национално ниво. „Нашето училиште се претстави со „Легенда за Охрид“ и…
повеќе...