Ново рекордно најниско место за Македонија на ФИФА рејтинг листата

Ново рекордно најниско место за Македонија на ФИФА рејтинг листата. По поразот од Шпанија со 0:4 во Гранада, нашата репрезентација забележа пад од -7 места и моментално се наоѓа на 162 место на најновата ФИФА рејтинг листа. На врвот од ФИФА рејтинг листата останува Аргентина, а промени има на второто место каде што се искачи Бразил, а со тоа Германија падна на третото место. Најголем скок изминатиот месец забележа репрезентацијата на Ерменија со скок од +38 места се искачи на 87 место. Најголем пад забележа репрезентацијата на Чад од -49…

повеќе...

Рекордно најниско 155 место за Македонија на ФИФА рејтинг листата

Македонската фудбалска репрезентација по поразите од Израел и Италија, забележа пад од -9 места и моментално се наоѓа на 155 место на најновата ФИФА рејтинг листа. На врвот од ФИФА рејтинг листата остана Аргентина, а промена има на второто и третото место каде што се искачија Германија и Бразил. Најголем скок изминатиот месец забележа репрезентацијата на Црна Гора со скок од +49 места се искачи на 56 место. Најголем пад забележа репрезентацијата на Кипар од -52 места и се најде на 139 место. WebOhrid

повеќе...

Македонија со ново „рекордно“ ниско место на најновата ФИФА рејтинг листа

Македонската фудбалска репрезентација по поразот од Албанија, забележа пад од -8 места и моментално се наоѓа на 146 место на најновата ФИФА рејтинг листа. Ова е нов „рекорд“ за нас, откако претходно оваа година (април и мај) нашата репрезентација беше на 141 место. На врвот од ФИФА рејтинг листа каде остана Аргентина и Белгија, додека пак на третото место се искачи Германија. Најголем скок изминатиот месец забележа репрезентацијата на Боливија со скок од +35 места се искачи на 75 место. Најголем пад забележа репрезентацијата на Централноафриканската Република од -35 места и…

повеќе...

Скок од едно место за Македонија на најновата ФИФА рејтинг листа

Македонската фудбалска репрезентација забележа скок од едно место и се наоѓа на 138 место на најновата ФИФА рејтинг листа. Како и изминатиот така и овој месец, нашата репрезентација го дели ова место со репрезентациите на Доминиканска Република и со Виетнам. Нема промени на врвот од ФИФА рејтинг листа каде остана Аргентина пред Белгија и Колумбија. Најголем скок изминатиот месец забележа репрезентацијата на Северна Кореја со скок од +18 места се искачи на 99 место. Најголем пад забележа репрезентацијата на Куба од -30 места и се најде на 151 место. WebOhrid

повеќе...

Скок од две места за Македонија на најновата ФИФА рејтинг листа

По победата од 3:1 во пријателскиот натпревар против Азербејџан, Македонија забележа скок од две места на најновата ФИФА рејтинг листа. Македонската фудбалска репрезентација моментално се наоѓа на 139 место. Македонија има шанса да напредува и на следната рејтинг листа, но тоа зависи пред се од исходот на денешниот пријателски натпревар против Иран, кој ќе се одигра во 19:00 часот на Националната арена „Филип Втори“ во Скопје. На врвот од ФИФА рејтинг листата останаа Аргентина и Белгија, додека пак на третото место се искачи репрезентацијата на Колумбија. Најголем скок изминатиот месец…

повеќе...

Македонија остана на 141 место на ФИФА рејтинг листата

Без промени за Македонија на најновата ФИФА рејтинг листа. Македонската фудбалска репрезентација и овој месец останува на 141-то рекордно најниско место за нас. Нема промени и на врвот од ФИФА рејтинг листата, каде останува водечката тројка Аргентина, Белгија и Чиле. Најголем скок изминатиот месец забележа репрезентацијата на Лаос, со скок од +6 места се најде на 176 место, додека пак најголем пад од -14 места има репрезентацијата на Кувајт која се најде на 140 место. WebOhrid

повеќе...

Македонија на рекордно најниско 141 место на ФИФА рејтинг листата

Македонската фудбалска репрезентација забележа нов пад на ФИФА рејтинг листата. По поразите во пријателските натпревари, Македонија падна -3 места и се најде на 141 место – рекордно најниско досега.  Промени има и на врвот од ФИФА рејтинг листата, каде се искачи Аргентина, Белгија падна на второто место, а на трето место се искачи репрезентацијата на Чиле. Најголем скок изминатиот месец забележа репрезентацијата на Гвинеја-Бисао, со скок од +45 места се најде на 102 место, додека пак најголем пад од -24 места има репрезентацијата на Аруба која се најде на 137 место.…

повеќе...

Македонија закотвена на 138 место на ФИФА рејтинг листата

Македонската фудбалска репрезентација веќе трет месец по ред останува на 138 место на ФИФА рејтинг листата. Нема промени и на врвот од најновата ФИФА рејтинг листа, каде останува Белгија, пред Аргентина на второто место и Шпанија на трето место. Најголем скок изминатиот месец забележа репрезентацијата на Ерменија, со скок од +7 места се најде на 116 место, додека пак најголем пад од -15 места има репрезентацијата на Сао Томе и Принсипе која се најде на 174 место. WebOhrid

повеќе...

Без промени за Македонија на најновата ФИФА рејтинг листа

Македонската фудбалска репрезентација остана на 138 место според најновата ФИФА рејтинг листа. Нема промени на врвот од ФИФА рејтинг листата, каде и понатаму останува Белгија, пред Аргентина на второто место и Шпанија на трето место. Најголем скок изминатиот месец забележа репрезентацијата на Палестина, со скок од +21 места се најде на 110 место, додека пак најголем пад од -24 места има репрезентацијата на Либија која се најде на 105 место. WebOhrid

повеќе...

Македонија на 138 место на најновата ФИФА рејтинг листа

Фудбалската репрезентација на Македонија ја започнува новата 2016 година на 138 место на ФИФА рејтинг листата. Според најновата листа, Македонија забележа пад од -2 места и моментално е на 138 место од вкупно 209 репрезентации. Нема промени на врвот од ФИФА рејтинг листата, каде и понатаму останува Белгија, пред Аргентина на второто место и Шпанија на трето место. Најголем скок изминатиот месец забележа репрезентацијата на Тајланд, со скок од +12 места се најде на 121 место, додека пак најголем пад од -45 места има репрезентацијата на Куба која се најде на 136…

повеќе...