Заменик министерот за образование учествува на Светскиот образовен форум 2016 во Лондон

Заменик министерот за образование и наука Спиро Ристовски учествува на тридневниот Светски образовен форум 2016, кој се одржува во Лондон, Велика Британија. Светскиот образовен форум е најголемиот интернационален собир на министри за образование, на кој се дебатира за глобалните образовни предизвици, креирањето на политиките за справување со истите и се разменуваат позитивни практики и искуства во областа. Согласно агендата, заменик министерот Ристовски оствари неколку билатерални средби во насока на интензивирање на соработката на Република Македонија со дел од другите земји учеснички. Ристовски се сретна и со Мајкл О’Саливан, генералниот директор…

повеќе...

Агро-бизнис форум: Пристапот до капитал основа за инвестиции во земјоделството

Македонскиот агро-бнизнис има голем потенцијал. За негово искористување е неопходно постојано вложување во модернизација, иновации и знаење, но потребни се и добри стратегии за настап на странски пазари. Ова е пораката од денешниот Агро-бизнис форум што четврта година по ред го организира ПроКредит банка. Учествуваа преку 200 претприемачи и земјоделци, а присуствуваа и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков, како и директорот на Мисијата на УСАИД Џејмс Стајн. Пристапот до капитал, до финансиски средства по поволни услови, беше една од клучните теми на Форумот. Како што беше речено,…

повеќе...

Бизнис форум во Токио – јапонска компанија најави инвестиција во хотелиерството

Македонската Амбасадата во Токио денеска организираше бизнис форум на кој јапонските бизнисмени се запознаа со можностите за инвестирање во Македонија. Поволностите за инвестирање ги претставија министерот за привлекување странски инвестиции Горан Мицковски и амбасадорот на Република Македонија во Токио, Андријана Цветковиќ. Познат јапонски бренд во хотелиерството најави инвестиција во хотел во Скопје. На бизнис форумот учестваа триесетина јапонски компании од различни области меѓу кои HONDA, NEC, Marubeni, Mitsui…, а настанот медиумски беше покриен од страна на Фуџи телевизијата. Во својата презентација министерот за стански инвестиции Горан Мицковски, ги презентираше инвестициските…

повеќе...

Мигрантската криза и војната против ИСИС (ДАЕШ) главни теми на форумот во Халифакс

Министерот за одбрана на Република Македонија, Зоран Јолевски зема активно учествуво на меѓународниот безбедносен форум Халифакс 2015. Последните безбедносни случувања во Европа и Африка, мигрантската криза и војната против ИСИС се главни теми на панелите на Форумот на кој учествуваат голем број високи државни претставници, дипломати, сенатори, експерти, членови на парламенти, уредници на медиумски куќи, претставници на тинк тенк заедницата, од повеќе од 60 земји. На маргините на Форумот, Министерот Јолевски оствари повеќе кратки средби и билатерални состаноци со Министрите за национална одбрана на Канада и Литванија, Харјит Синг Сајан…

повеќе...

Работна сесија на Салзбург Форумот што се одржува во Софија

Во рамки на третата работна сесија на Салзбург Форумот што се одржува во Софија, Република Бугарија, заменик министерот за внатрешни работи м-р Митко Чавков имаше свое обраќање на тема- “Предизвиците кои се наметнуваат со притисокот од зголемената миграција долж западно балканската рута – заеднички мерки и подобрување на соработката“. Заменик министерот Чавков потенцираше дека соработката со сите земји од регионот е клучна и дека Република Македонија е подготвена за соработка во секој момент со сите земји од регионот како и со европските и меѓународните институции и агенции. Истовремено, тој посочи…

повеќе...

Заменик министерот Чавков на состаноци на Салцбург Форумот и Конвенцијата за полициска соработка на земјите од ЈИЕ

Заменик министерот за внатрешни работи м-р Митко Чавков денес и утре (18/19.11) во Софија, Република Бугарија,учествува на средбите на министрите за внатрешни работи во рамки на Салцбург Форумот (чиишто актуелен претседавач е Бугарија) и Конвенцијата за полициска соработка на земјите од југоисточна Европа чиишто, пак, актуелен претседавач е токму Република Македонија. Предвидено е во рамки на Салцбург Форумот замени министерот Чавков да има свои излагања околу миграцијата низ западно-балканската рута како и околу ЕУ перспективите на земјите од западниот Балкан. Исто така заменик министерот Чавков че има свои обраќања и…

повеќе...

Хуманитарна акција „Детската насмевка е повредна од највредното богатство” на Форумот на жени на СДСМ Охрид

Под мотото „Детската насмевка е повредна од највредното богатство”, Форумот на жени на СДСМ Охрид вчера организира хуманитарна акција по повод 20-ти Ноември, Меѓународниот ден на детето. Форумот своите кулинарски специјалитети ги изложи на продажба пред своите сопартијци. Средствата собрани од хуманитарната акција ќе бидат наменети за деца кои живеат во семејства со тешка финансиска состојба. „Со оваа хуманитарна акција имаме за цел да потсетиме дека децата се ранлива категорија на општеството, а општеството е тоа кое треба да ја обезбеди нивната благосостојба. Децата се нашите идни судии, во текот…

повеќе...

Mинистерката за култура во работна посета во Бугарија

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска денеска и утре ќе престојува во работна посета на Република Бугарија каде што ќе учествува на вториот Форум за културна соработка меѓу Народна Република Кина и земјите од централна и од источна Европа. Во рамките на Форумот, денеска е предвидено министерката за култура да има свое обраќање на панел-дискусијата на тема „Актуелните предизвици во управувањето со културното наследство и размената на културни добра“, а ќе оствари и билатерални средби со повеќе министри за култура на земјите од регионот, меѓу кои и со бугарскиот министер за…

повеќе...

Вечерва свечено ќе биде отворен Првиот дипломатски форум на ЦЕИ

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денес ќе се обрати на свеченото отворање на Првиот дипломатски форум на ЦЕИ, во рамки на македонското претседавање со Централно европската иницијатива. Форумот што се одржува во согласност со една од стратешките цели на ЦЕИ, имплементација на мали и средни проекти, е во организација на Дипломатската академија при Министерството за надворешни работи во соработка со Иванов Школата за лидери – Алумни Асоцијација (ИСЛАА). Првиот дипломатски форум, се одржува под покровителство на Претседателот на Република Македонија, и е на тема: „Макро и микро стратегии…

повеќе...

Оглас за самокандидирање на координаторки на Форумот на жени во Аеродром и Кочани

Оглас за самокандидирање за Координаторки на Форумот на жени во Општинските организации на СДСМ во Аеродром и Кочани Правилник за работа на Форум на жени на СДСМ Пријава за кандидирање Стандардизирана биографија Стандардизирана програма Изјава за Етички кодекc

повеќе...