Германската „Акомпласт“ со нова инвестиција во Прилеп

Министерот за странски инвестиции Бил Павлески и градоначалникот на Прилеп Марјан Ристески ја најавија новата инвестиција на германската автомобилска компанија „Акомпласт“ вредна неколку милиони евра, која ќе отвори 250 нови вработувања. Според Павлески, станува збор за фирма која се занимава со висока технологија. „Германската автомобилска компанија „Акомпласт“ е специјализирана за пластично моделирање на автомобилски делови и користи напредна врвна технологија. Oсвен во Германија, има фабрики и во Англија и во Чешка. По нивните консултации, решија да инвестираат во Македонија зашто земјата нуди поволни можности за инвестирање, но и високостручен технички…

повеќе...

И во случајот на Македонија да се почитува меѓународното право – учество на претседателот на 51. Минхенска безбедносна конференција

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, од 6-ти до 8- ми февруари, во Минхен, Сојузна Република Германија, учествуваше на 51. Минхенска безбедносна конференција, придружуван од Министерот за надворешни работи на Република Македонија, м-р Никола Попоски. Во фокусот на годинешната конференција беа: Светот во 2015 година, борбата против тероризмот, нерешените конфликти во Европа со акцент на Украина, состојбата на Блискиот Исток, ризиците од бегалска криза, итн. За време на своето трето учество на Минхенската безбедносна конференција, претседателот Иванов оствари повеќе формални и неформални средби со дел од учесниците на собирот.…

повеќе...

Груевски: „Костал“ и ОДВ Електрик ќе значат препород за охридско-струшкиот регион

Компанијата „Костал“ јавно објави дека ќе инвестира во Македонија. Ќе вработи илјада лица во првите три години, но ќе има и голем број индиректни вработувања. Заедно од ОДВ Електрик, кои исто така планираат да вработат илјада лица, ќе придонесат за препород на охридско-струшкиот регион, изјави денеска премиерот Никола Груевски. „Денеска веќе можеме да го соопштиме нивното име затоа што компанијата одлучи јавно да објави на нивната веб – страна дека донеле одлука да инвестираат во Македонија. Тие планираат договорот да се потпише некаде во јануари-февруари, за месец до два, а…

повеќе...

Груевски: Наскоро нова германска инвестиција во Македонија

Претседателот на Владата на Република Македонија, г-дин Никола Груевски, и владина делегација во чиј состав се и заменик претседателот на Владата, г-дин Владимир Пешевски, министерот за привлекување странски инвестиции, г-дин Веле Самак, и директорот на Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони, Виктор Мизо, вчера попладне (среда, 10.12.2014 година), во Келн, СР Германија, присуствуваа и се обратија на бизнис форум за презентација на поволностите за реализација на странски инвестиции и отворање на нови работни места. На бизнис форумот присуствуваа претставници на компании од областа на автомобилската индустрија, информатиката, енергетиката и од други…

повеќе...

Времена забрана за увоз на живина и живинско месо од Холандија, Германија и Велика Британија

Во насока на преземање на превентивни мерки за заштита од пренесување на болеста Птичји грип во Република Македонија, по добиено известување од Европската комисија за присуство на оваа болест, Агенцијата за храна и ветеринарство изрече мерка времена забрана за увоз на пратки од живина и производи од живинско месо ( вклучително и јајца) по потекло од Холандија, Германија и Велика Британија. Надзорот на појавата и присуството на оваа болест во Република Македонија се врши согласно позитивните законски решенија предвидени со Законот за ветеринарно здравство, Програмата за сузбивање и искоренување на…

повеќе...

Убавините на Охрид прикажани на германската NRD телевизија

Една од најгледаните национални телевизии во Германија NRD- телевизија , деновиве го емитуваше документарниот филм во кој се прикажани убавините на Охрид и Охридското Езеро насловен како „ Тајните на Охридското Езеро“. Авторите Мартин Милер и Хајнз Галинг во филмот ги доловуваат убавините на Охридското Езерото со кристално чистата езерска вода и различните видови риби кои егзистираат. Во филмот се зборува и за надалеку познатиот охридскиот бисер и неговата изработка, како и за охридскиот тркалезен сунѓер, плашицата и одгледувањето на пастрмката. Документарниот филм кој е продуциран на крајот од годинешнава…

повеќе...

Фестивал на новиот германски филм во Охрид

Националната Установа Центар за култура „Григор Прличев” – Охрид, во соработка со Амбасадата на СР Германија, Ве покануваат на ФЕСТИВАЛ НА НОВИОТ ГЕРМАНСКИ ФИЛМ. Свеченото отворање на фестивалот е во САБОТА 18-ти октомври со филмот „Родители“-трагикомедија, потоа следат: -(недела)19-ти октомври 2014, филмот „Фак ју Гете“-комедија -(понеделник) 20-ти октомври 2014 „Паркот на среќата“-драма -19-ти и 20-ти октомври 2014 „Рики“ детски филм, 11.00 часот -(вторник) 21-ти октомври. документарецот „Германија од горе“. Почетокот на кино проекциите е во 20.00 часот, а влезот е слободен.

повеќе...

Делегација од Визмар – Германија во посета на Охрид

Делегација од германскиот град Визмар беше во работна посета на Охрид.Гостите од Германија односно градоначалникот и сенатор Михаел Беркан , спикерот на градскиот совет Андреас Нилсен, членовите на градскиот совет и на партијата ЦДУ Др. Хоот и Фридер Вајнхолд, остварија работен состанок со заменик градоначалникот на Охрид, Ангел Јанев и претставници од Секторот за туризам и локален економски развој . На средбата се разговараше на повеќе теми како што се одржлив развој на туризмот и стопанството а се разгледаа и можностите за заеднички настап пред европските фондови и УНЕСКО фондовите.…

повеќе...

Иницијативи за плодна соработка помеѓу Охрид и Дортмунд – Германија

Градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески денес оствари работна средба со поранешниот градоначалник и актуелен советник во Советот  на  германскиот  град  Дортмунд , Рутиге Шмит.   На средбата  двете страни  се сложија  дека има реална основа за соработка помеѓу Охрид  и Дортмунд  на повеќе полиња  и дека  ова ќе биде само еден добар почеток за широка и долгорочна соработка помеѓу двата  града.   Според охридскиот градоначалник целта на средбата е  воспоставување на   соработка која што ќе има реални основи да се одржи  во иднина и би дала  долгорочни резултати помеѓу  македонскиот ,Охрид…

повеќе...

Претседателот Иванов ги прими акредитивните писма на новоименуваните амбасадори на Сојузна Република Германија и на Државата Израел

Претседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваните амбасадори на Сојузна Република Германија и на Државата Израел за Република Македонија. На средбата со новоименуваниот амбасадор на Сојузна Република Гермнанија, Н.Е. д-р Кристине Алтхаузер, претседателот Иванов, истакна дека Македонско-германските односи ги карактеризира искрено пријателство, меѓусебна почит, континуиран политички дијалог и значајна динамика во соработката во повеќе области, и додаде дека очекува натамошно интензивирање на соработката и поддршката, во однос на нашите евроатлански интеграции. „За нас од особено значење е поддршката и помошта од Сојузна Република…

повеќе...