Во јануари издадени 236 одобренија за градење

Според податоците на Државниот завод за статистика, во јануари 2015 се издадени 236 одобренија за градење што е за 68.6% повеќе во однос на истиот месец од претходната година. Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 1 578 227 илјади денари што е за 35.8% помалку во однос на истиот месец од претходната година. Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 153 (64.8%) се наменети за објекти од високоградба, 26 (11.0%) за објекти од нискоградба и 57 (24.2%) за објекти за реконструкција. Од вкупно 236 објекти,…

повеќе...

Министерството за транспорт и врски распиша неколку објави за отуѓување на градежно неизградено земјиште сопственост на Република Македонија

Министерството за транспорт и врски информира дека распиша неколку објави за отуѓување на градежно неизградено земјиште сопственост на Република Македонија. Станува збор за објави за продажба на 2 градежни парцели за изградба на бензински станици, 4 градежни парцели за изградба на винарии, 7 парцели за изградба на објекти за комерцијални и деловни намени и 15 градежни парцели за изградба на објекти за лесна незагадувачка индустија сервиси и стоваришта. Ова е детален приказ за секоја објава: 1. Предмет на електронското јавно наддавање е градежно неизградено земјиште, сопственост на Република Македонија, предвидено…

повеќе...

Објава број 4/15 за отуѓување на градежно земјиште сопственост на РМ

Предмет на електронското јавно наддавање е градежно земјиште, сопственост на Република Македонија, предвидено со Детален урбанистички план У3.9 (УБ 9.4) и УЗ 15 (дел од УБ 15.5) плански опфат (ул. 15 ти Корпус и ул. Кленоец) Охрид, донесен со Одлука бр. 07-6092/39, од 30.06.2014 година од општина Охрид, со намена за изградба на комунална супраструктура – автобуски терминал со компатибилни класи на намени, согласно Табеларен преглед во кој се дадени податоци за градежната парцела, број на катастарска парцела опфатена со градежната парцела, површина на градежна парцела, максимална висина на венец,…

повеќе...

Градежништвото ќе го продолжи растот, поттик и проектот „Купи куќа, купи стан“

Позитивните трендови во градежништвото се очекува да продолжи и во наредниот период. Поддршката со владините мерки и активности како и во претходниот период ќе продолжи и годинава со средства од буџетот за капитални проекти, но и со проектот „Купи куќа, купи стан“ што ќе обезбеди работа за градежните компании, кои, исто така, очекуваат да продолжи растот во градежниот сектор. Ова беше истакнато на отворањето на 12. Меѓународен саем за градежништво, градежни материјали и градежна механизација и 5. Саем за недвижности и инвестиции што од денеска до 7 март се одржува…

повеќе...

Вредност на договорени и извршени градежни работи во странство

Според податоците на Државниот завод за статистика, во периодот јануари-декември 2014 година, вкупната вредност на договорените градежни работи во странство изнесува 6 363 706 илјади денари што е за 27.7% повеќе во споредба со истиот период од претходната година. Во наведениот период, градежната оператива од Република Македонија во странство извршила градежни работи во вкупна вредност од 994 215 илјади денари што е за 48.0% помалку во споредба со истиот период од претходната година. Во истиот период е забележан зголемен обем на извршените градежни работи во Италија, Хрватска, Швајцарија и Србија,…

повеќе...

Издадени одобренија за употреба на градежни објекти

Според податоците на Државниот завод за статистика, во периодот јули-декември 2014 се издадени 14 одобренија за употреба, а проценетата вредност на објектите изнесува 1 688 518 илјади денари. Според издадените одобренија за употреба, 10 (71.4%) од вкупниот број на издадени одобренија за употреба се наменети за објекти од високоградба и 4 (28.6%) за објекти од нискоградба.  Од вкупно 14 објекти, на 6 (42.9%) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 8 објекти (57.1%) инвеститори се деловни субјекти. Во извештајниот период се издадени одобренија за употреба на 54 станови со…

повеќе...

Издадени 305 одобренија за градење во месец декември

Според податоците на Државниот завод за статистика, во декември 2014 се издадени 305 одобренија за градење што е за 27.6% повеќе во однос на истиот месец од претходната година. Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 3 472 932 илјади денари што е за 36.3% повеќе во однос на истиот месец од претходната година. Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 207 (67.9%) се наменети за објекти од високоградба, 30 (9.8%) за објекти од нискоградба и 68 (22.3%) за објекти за реконструкција. Од вкупно 305 објекти,…

повеќе...

Издадени одобренија за градење

Според податоците на Државниот завод за статистика, во ноември 2014 се издадени 281 одобрение за градење што е за 54.4% повеќе во однос на истиот месец од претходната година. Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 3 601 885 илјади денари што е за 83.9% повеќе во однос на истиот месец од претходната година. Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 181 (64.4%) се наменети за објекти од високоградба, 41 (14.6%) за објекти од нискоградба и 59 (21.0%) за објекти за реконструкција. Од вкупно 281 објект,…

повеќе...

Градоначалникот Бакрачески и градежниците заеднички ги разгледуваа можностите за стопанско заживување на Охрид

Градоначалникот Никола Бакрачески, денеска во општинската зграда, оствари работна средба со 30-ина претставници од градежната фела во Охрид. Целта на работниот состанок беше општината и градежниците заеднички да ги разгледаат сите аспекти од функционирањето на градежништвото во Охрид Од страна на градоначалникот Бакрачески беше истакнато дека општина Охрид настојува согласно своите ингеренции и во склад со законската регулатива да им излезе во пресрет на инвеститорите како и во рамки на своите можности да влијае до ресорните министерства во поглед на забрзување на некои постапки во однос на надминување на потешкотиите…

повеќе...

Во октомври издадени 241 одобрение за градење

Според податоците на Државниот завод за статистика, во октомври 2014 се издадени 241 одобрение за градење што е за 63.9% повеќе во однос на истиот месец од претходната година. Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 3 302 972 илјади денари што е за 29.4% повеќе во однос на истиот месец од претходната година. Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 169 (70.1%) се наменети за објекти од високоградба, 26 (10.8%) за објекти од нискоградба и 46 (19.1%) за објекти за реконструкција. Од вкупно 241 објект,…

повеќе...