Градоначалникот Бакрачески учествува на Дунавската конфернција во Виена

Градоначалникот Никола Бакрачески учествува на годинашната Дунавска конференција за водите, што денеска и утре се одржува во Виена, Австрија. На конференцијата, на која има 160 учесници од 15 земји се разговара за одржлив развој на Дунавскиот басен и за обврските за хармонизирање на домашните законодавства на земјите кандидатки со европските стандарди предвидени во основниот документ за заштита на водите, Europian acquis comunauture. Посебен акцент, на конференцијата ќе биде ставен на прашањето како владите и невладините организации на национално и локално ниво можат да го зајакнат процесот на придружување и членство…

повеќе...

Градоначалникот Бакрачески на прием кај евроамбасадорот Аиво Орав

Градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески вчера во Скопје беше на прием што го организира Шефот на делегацијата на Европската Унија во Македонија, Аиво Орав, а по повод празнувањата посветени на 9 мај – денот на Европа. Роденденот на Европската унија – 9 мај годинава во Македонија се одбележа со серија активности преку кои се приближува пораката на ЕУ до македонските граѓани во насока на нивно запознавање за приближувањето на земјата кон полноправно членство во Унијата. Македонија е земја кандидат од 2005 година и се уште го очекува датумот за отпочнување…

повеќе...

Отворена изложба на унгарски уметници во Охрид

Градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески и амбасадорот на Унгарија во Република Македонија , Јозеф Бенце, денеска во ЦК „Григор Прличев “, свечено ја отворија изложбата на ликовни уметници Роми од Унгарија. Бројните љубители на ликовната уметност ги поздрави градоначалникот Никола Бакрачески кој укажа на важноста од организирањето на вакви настани кои се во насока на зајакнување на пријателските односи помеѓу двете земји, Македонија и Унгарија. „Ми причинува особена чест и задоволство што денеска сум меѓу Вас, на отворањето на ликовната изложба на доајените на ромската ликовна уметност од Унгарија, која…

повеќе...

Во понеделник ќе биде отворена изложба на сликари Роми од Унгарија

Во организација на Општина Охрид и Амбасадата на Унгарија во Република Македонија, на 9ти мај(понеделник), во Центарот за култура „Григор Прличев“ во 14 часот, свечено ќе биде отворена изложба на ликовни уметници Роми од Унгарија. На изложбата ќе бидат поставени 28 слики од 19 ликовни уметници, а на отворањето се очекува да говорат унгарскиот амбасадор во Република Македонија Јозеф Бенце, Градоначалникот Никола Бакрачески, министерот Неждет Мустафа и директорот на Центарот за култура Горан Стојаноски.

повеќе...

Финализира изградбата на регионалниот колектор во Општина Дебрца

Градоначалникот на Општина Дебрца, Игор Трајкоски направи увид на градежните активности кои се одвиваат на терен околу изградбата на регионалениот колектор за одведување на отпадни води за селата Мешеишта, Волино, Требеништа, Горенци и Климештани, кој е пред самиот крај. Согласно проектната документација, целосно е трасиран цевководот во должина од 8,5 км изведен од полиетиленски цевки со пречникод ф-400мм и ф-300мм, изградени се 200 бетонски шахти, а моментално се работи на враќање на теренот во првобитна состојба. Регионалениот колектор за одведување на отпадни води за селата Мешеишта, Волино, Требеништа, Горенци и Климештани…

повеќе...

ТАВ Македонија ги пречека првите холандски туристи на охридскиот аеродром

Првиот туристички чартер-лет од Амстердам слета во Охрид утрово. Се очекува оваа летна сезона до октомври да бидат организирани 150 чартер-летови и Охрид да го посетат над 25.000 холандски туристи. Со воден мост во форма на виножито, традиционалната македонска закуска, како и торта за добредојде, ТАВ Македонија утрово на охридскиот аеродром „Свети Апостол Павле’’ ги пречека првите 180 туристи кои пристигнаа од Амстердам со чартер-летот на компанијата Корендон. Од ТАВ Македонија потенцираат дека се задоволни што чартер-летовите со холандски туристи продолжуваат и оваа летна сезона, шеста година по ред. „Пресреќни…

повеќе...

Велигденска честитка од градоначалникот Бакрачески

По повод празнувањето на најголемиот христијански празник, „Христовото воскресение- Велигден“, градоначалникот Никола Бакрачески упати честитка до граѓаните на Охрид од православна вероисповед. „Со особена радост и задоволство, на сите граѓани од православна вероисповед и на илјадниците туристи кои ќе престојуваат во Охрид им ги честитам Велигденските празници и им посакувам здравје, среќа,благосостојба, Христова љубов и спокој во секој дом и секое срце. „Христовото Воскресение- Велигден“ е возвишен ден, торжествена радост од која бликаат љубовта и надежта. За да го доживееме воскресението Христово“, од кое се роди богоугодната радост, ние треба…

повеќе...

Асфалтиран крак од улицата „Александар Турунџе“

Со пригодна свеченост, денес градоначалникот Никола Бакрачески, го пушти во употреба новоасфалтираниот крак од улицата „Александар Турунџе“, кој го спојува Велгошти со улицата „15 Корпус“. „Асфалтирањето на улицата „ Александар Турунџиев“ е дел од годишната програма за работа на секторот за комунални дејности,сообраќај и улици при Општина Охрид, а произлезе како проект од директните средби со претставниците од урбаната заедница „ 15ти Корпус“. Овој инфраструктурен зафат е уште еден реализиран дел од проектот на Локалната самоуправа за асфалтирање на тесни улици и пристапни патишта на територијата на Општина Охрид.Изведувач на…

повеќе...

Промовирано новото улично осветлување во Охрид

Со видео презентација, претставување на техничката спецификација и вредноста на целиот проект, денес, беше промовирано новото улично осветлување во Охрид. Градоначалникот Бакрачески, ја изрази придобивката од реализацијата на проектот, потенцирајќи ги пред се финасиските придобивки, заштеда на електрична енергија, реконструкција на постојната мрежа како и нејзино проширување и заштита на животната средина. „Од информациите што ги имавме од терен, од спроведената ревизија, дваесет до триесет проценти од уличните светла во Охрид, беа надвор од функција. Тоа е разбирливо ако се има во предвид дека се работи за стари инсталации и…

повеќе...

Продолжуваат контактите со Далијан

Градоначалникот на општина Охрид, Никола Бакрачески, денес оствари работна средба со Луис Ку, директор на Агенцијата за интернационални вложувања од Далијан, Народна Република Кина. На средбата гостинот од Далијан изрази силен интерес за вложување во Охрид, во областа на туризмот и прехранбената индустрија. Градоначалникот Бакрачески го запозна кинескиот претставник со актуелните планови на Општина Охрид во однос на урбанистичките решенија за одредени крајбрежни зони и визијата за нивно уредување и можноста за инвестиции. Се очекува директорот Ку во среда да оствари средба и со министерот за транспорт и врски, Владо…

повеќе...