Фудбалското игралиште за голем фудбал во Белчишта добива нов изглед

Градоначалникот на Општина Дебрца, Игор Трајкоски изврши увид во с. Белчишта, Општина Дебрца, каде што се одвиваат градежни активности околу Реконструкција и санација на фудбалското игралиште за голем фудбал. „До овој момент изведена е дренажата по должината на фудбалското игралиште за одводнување, изградени се кабини за резервните играчи, а во моментов се работи на дооградувавање на игралиштето со заштитна жичана мрежа, со што градежните активности се одвиваат според предвидената динамика. Во наредниот период ќе се отпочне со санација и реконструкција на објектот за соблекувални и простории за судии и делагати.“–…

повеќе...

Голема туристичка промоција на Охрид во Виена

Во рамки на активностите за промовирање на Охрид како најатрактивна туристичка дестинација во регионот, утре ( 22ри април), градоначалникот на општина Охрид, Никола Бакрачески заедно со Амбасадата на Р.Македонија во Виена и почесниот конзул на Р. Македонија во Австрија, Сузан Родлер, во Виена организираат голема туристичка промоција на Охрид. На случувањето се очекува да присуствуваат повеќе од 150 гости, претставници на најголемите туроператори, туристички агенции и новинари за туризам во Австрија. Присутните на настанот преку видео презентација ќе се запознаат со туристичката понуда на градот која изобилува со природните, културни…

повеќе...

Конгрес на Здружението на лекари по општа медицина во Охрид

Градоначалникот, Никола Бакрачески, синоќа го отвори 4-от по ред Конгрес на здружението на лекари по општа- семејна медицина што од 14тидо 17тимај се одржува во градот -домаќин, Охрид. „Секогаш ми причинува искрено задоволство кога присуствувам на собири од лекарската професија. Така е и на вашиот 4 Конгрес, на Здружението на лекари по општа медицина. Свој меѓу своите. Драги колеги, во свое име и во името на граѓаните на Охрид, ви посакувам успешна работа и пријатен престој во Охрид. Работата на нашите колеги од примарната здравствена заштита, со ефикасна семејна медицина,…

повеќе...

Градоначалникот Бакрачески оствари средба со жителите од УЗ „7ми Ноември“ и „Даме Груев“

Комуникација со граѓаните преку средби во рамки на урбаните заедници во кои живеат, е практика на градоначалникот Бакрачески која ја применува од доаѓањето на функцијата. Во таа насока, денес, оствари средба со жителите од УЗ „7ми Ноември“ и „Даме Груев“. На средбата покрај градоначалникот беа присутни раководителите во Локалната самоуправа и директорите од Јавните претпријатија. Жителите од овие две урбани заедници средбата ја искористија за запознавање на градоначалникот со нивните потреби, како и евентуални решенија и предлози за понатамошно уредување на урбаните заедници. Од страна на градоначалникот беа презентирани идните…

повеќе...

Градоначалникот Бакрачески утре на средба со жителите од УЗ „15ти Корпус“ и „Гоце Делчев“

Градоначалникот Бакрачески утре, (13.04.2016) со почеток во 15 часот ќе оствари средба со граѓаните од урбаните заедници „15ти Корпус“ и „Гоце Делчев“. Покрај градоначалникот на средбата ќе присуствуваат секретарот на општина Охрид, Димитар Спасески, раководителите како и директорите на Јавните претпријатија кои директно ќе се запознаат со потребите на жителите од овие урбани заедници.

повеќе...

Градоначалникот Бакрачески на средби со жителите од УЗ „7ми Ноември“ и „Даме Груев“

Градоначалникот на Општина Охрид, Никола Бакрачески продолжува со веќе добро воспоставената практика за остварување на средби со граѓаните од месните и урбаните заедници. Утре, (12.04.2016) со почеток во 15:00 часот ќе оствари средба со граѓаните од урбаните заедници „7ми Ноември“ и „Даме Груев“. Покрај градоначалникот на средбата ќе присуствуваат секретарот на општина Охрид, Димитар Спасески, раководителите како и директорите на Јавните претпријатија кои директно ќе се запознаат со потребите на жителите од овие урбани заедници.

повеќе...

Градоначалникот Бакрачески со честитка по повод Денот на Ромите

Градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески упати честитка по повод 8 април- Меѓународниот ден на Ромите. „Ромите како заедница и поединци, во голема мера придонесуваат за развојот на Охрид и Република Македонија во секоја сфера од општествениот живот. Токму затоа тие се значаен и нераскинлив дел од нашето мултиетничко општество во кое се негуваат различните култури и традиции. Моделот на еднакви права и можности , на соживот и на почитување на различностите е наша најголема сила. Процесот на натамошно подобрување на социјалната, економската и севкупната положба на Ромите, бара секојдневни активности…

повеќе...

Средба на градоначалникот Бакрачески со претставникот на Европската мрежа на градови со езера

Градоначалникот Бакрачески денеска имаше работна средба со Џулио Приџони, претставник на „Европската мрежа на градови со езера“ и член на UNEDEC – тело на Обединитети нации за Универално образование во Женева и УНЕСКО во Париз. На средбата најмногу стана збор за проектот кој од средината на овој месец ќе се спроведува од 6 општини партнери од “Европската мрежа на градови со езера“, два тур-оператори и една невладина организација. Проектот е поддржан од COSME – Европска програма за “Поддршка на конкурентен и одржлив развој на туризмот“. Главна цел на проектот е…

повеќе...

Градоначалникот Трајкоски избран за нов претседател на Советот за развој на Југозападниот плански регион

На денешната 9-та седница на Советот за развој на Југозападниот Плански Регион Градоначалникот на општина Дебарца Игор Трајкоски е избран за Нов Претседател на Советот за развој на Југозападниот плански регион на кој едногласно со шест гласа ЗА е избран од страна на градоначалниците кои припаѓаат во Југозападниот Плански Регион. Мандатот на Претседателот на Советот за развој на Југозападниот Плански Регион трае две години. На седницата на дневен ред беа поставени повеќе точки како и Избор на претседател на Советот за развој на Југозападниот регион. Градоначалникот Игор Трајкоски, посветено и…

повеќе...

Градоначалникот Бакрачески на средба со охридските станоиздавачи

Градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески денеска оствари работна средба со охридските станоиздавачи, а по повод Измените во законот за угостителска дејност кои се однесуваат на уредување на условите и начините за вршење угостителски услуги за сместување. Измените ги бараа станоиздавачите кои беа поддржани од градоначалникот Никола Бакрачески и стручните служби во локалната самоуправа кои посветено се вложија и заедно со пратениците во Собранието на Р. Македонија од Охрид допринесоа да се изгласаат овие измени. „Ние имавме слух за потребите на граѓаните на Охрид и на станоиздавачите кои што беа силно…

повеќе...