Точно три години од доаѓањето на функцијата градоначалник, денес во дворот на Општина Охрид, градоначалникот Никола Бакрачески го промовира отчетот за сработеното од април 2013 до април 2016 година. Станува збор за издание во кое преку конкретни податоци и вредности на 200 страници се опфатени дел од реализираните проекти. „Третата година од мандатот што ми го доверивте, измина со најинтензивната динамика во работата на локалната самоуправа видена до сега, со многу реализирани проекти, подобрување на перфомансите на сите јавни претпријатија основани од Општина Охрид, и сигнификантно подобрување на ефикасноста на општинската администрација која…
повеќе...Tag: градоначалник
Пуштена во употреба реконструираната ул. „Кирил и Методиј“ во стариот дел на градот
Градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески денеска официјално ја пушти во употреба реконструираната улица „Кирил и Методиј во стариот дел на Охрид. Проектот е позитивен за жителите од овој дел на градот со оглед на тоа што ќе се движат и сообраќаат на уредена улица која воедно ја подобрува и туристичката слика ако се земе во предвид дека старото градско јадро е најмногу посетувано од туристи во сите периоди од годината. Реконструкцијата на патот доаѓа по средбите на градоначалникот Бакрачески со жителите од стариот дел на Охрид чие приоритетно барање беше…
повеќе...Претставници на ОБСЕ ја посетија Општина Охрид
Градоначалникот Никола Бакрачески оствари протоколарна средба со претставници на мисијата на ОБСЕ во Република Македонија, Давид Лоеф и Марк Хансел. Дипломатите од ОБСЕ пројавија интерес за актуелната економска ситуација во која се наоѓа Охрид и регионот. Градоначалникот Бакрачески ги запозна гостите со напорите и преземањата на локалната самоуправа за стратешките интереси на Охрид и региионот, за подобрување на економскиот амбиент, со посебен акцент на туризмот и развојот на регионот како единствена и европски препознатлива дестинација.
повеќе...Општина Дебрца потпиша договори со МЖСПП за доделување на финансиски средства за изработка на техничка документација
Врз основа на Конкурсот за распределување на средства за финансирање и реализирање на програми, проекти и други активности од областа на животната средина за 2016 година, Министерот за животна средина и просторно планирање, Нурхан Изаири донесе Одлука за избор на програми, проекти и активности кои ќе се финансираат од Програмата за инвестирање на животната средина за 2016 година. Согласно Одлуката, за Општина Дебрца доделени се финансиски средства за Изработка на техничка документација за инфраструктурни и основни проекти за изградба водовод и канализации. За таа цел Градоначалникот на Општина Дебрца денес…
повеќе...Нови иницијативи за збогатување на соработката со Јапонија
Градоначалникот Никола Бакрачески, денеска имаше работна средба со амбасадорката на Република Македонија во Јапонија, Андријана Цветковиќ. На средбата се разговараше за неколку нови иницијативи за продлабочување на соработката на Охрид, со неколку градови во Јапонија. Стана збор за гостување на познати јапонски уметници на фестивалот „Охридско лето“, потпишување меморандум за соработка меѓу Хидробиолошкиот институт и Природниот музеј од Бива, град кој се наоѓа покрај едно од најстарите езера во светот, реализацијата на проектот за ревитализација на колекторскиот систем кој се имплементира со помош на Јапонската агенција за меѓународна соработка JICA и…
повеќе...Пуштен во употреба реконструираниот пат Охрид – Велестово
Градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески во присуство на мештаните од село Велестово и бројни охриѓани, денеска свечено го стави во употреба патот Охрид – Велестово којшто е реконструиран по целата должина од 4 087 метри. Според градоначалникот Бакрачески денешниот настан е потврда на стратегијата на локалната власт за подеднаков и рамномерен развој на сите делови од Охрид. „Импактот од реконструкцијата на овој патен правец сметаме дека ќе биде повеќекратен пред се за жителите на ова охридско село кои од 70-те години на минатиот век до сега одеа по видно оштетен…
повеќе...Честитка од градоначалникот Бакрачески по повод католички Велигден
Градоначалникот на општина Охрид, Никола Бакрачески, по повод големиот празник Велигден, упати честитка до верниците од католичка вероисповед, посакувајќи им празнувањето да го поминат во радосна атмосфера, во кругот на семејството и пријателите. „Големиот христијански празник Велигден, еден од најважните денови во историјата на човештвото, поминете го во голема радост кон животот и љубовта, самопочитувањето и почитувањето на другите.Овој светол ден нека биде вечна стремеж кон поттикот за саможртва во секојдневието и упорна борба за доброто и победа над злото, длабоко уверени во потребата за човекољубие и почитување на христијанските…
повеќе...Градоначалникот Бакрачески на работна средба со врвот на МПЦ и МАНУ
По минатонеделната конституивна седница на Одборот за одбележување на 1 100 годишнината од упокојувањето на Св. Климент -Охридски што се одржа во Скопје, а со која претседаваше претседателот на државава Ѓорге Иванов, денеска градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески го одржа првиот координативен состанок со врвот на МПЦ и МАНУ со цел да се утврдат првичните содржини на централната манифестација на настанот – Свечената Академија што на 9 август ќе се одржи во Охрид. На работната средба присуствуваа поглаварот на МПЦ г. г Стефан, митрополитот дебарско –кичевски, г. Тимотеј, претседателот на…
повеќе...Охрид достојно ќе ги одбележи 1 100 години од упокојувањето на Св.Климент Охридски
На покана на претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески вчера во Скопје присуствуваше на конститутивната седница на Одборот за одбележување на 1 100 годишнината од упокојувањето на Св. Климент Охридски. На средбата со која преседаваше претседателот на државава, покрај градоначалникот Бакрачески присуствуваа и заменик-министерот за образование, претседателот и претставници на МАНУ, ректорот на универзитетот „Св.Климент Охридски” – Битола, директорот на НУБ „Св.Климент Охридски” – Скопје и други претставници на државни институции. На кординативниот работен состанок на институциите-носители и организации се разгледаа предлог-активностите и културните…
повеќе...Започнаа градежните активности околу проектот за реконструкција на улици во Ботун
Градоначалникот на Општина Дебрца, Игор Трајкоски изврши увид во с. Ботун, Општина Дебрца, каде што се одвиваат градежни активности околу изградбата на атмосферската канализација, која е дел од проектот за реконструкција на улици во с. Ботун со должина од 1 км. Атмосферската канализација ќе биде изведена со бетонски цевки со попречен профил од 1000 мм, со вкупна должина од околу 300 метри, информираат од Општината. „Согласно динамиката за изведување на градежните активности покрај изградбата на атмосферската канализација проектот предвидува крпење на ударните дупки и надградба над постојниот асфалт со нов…
повеќе...