Во рамки на работната посета на Виена – Австрија, а како дел од планираните средби, градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески, во текот на вчерашниот ден се сретна со група угледни членови на виенското општество, во организација на почесниот конзул на Македонија во Австрија, Сузан Родлер и нашата амбасадорка во Виена, Василка Попоска – Тренеска. На средбата беа присутни банкари, адвокати, архитекти, лекари, политичари, бизнисмени и други видни луѓе од високите кругови на Виена. Градоначалникот Бакрачески имаше успешна презентација на охридското културно и природно наследство како и на туристичката понуда на…
повеќе...Tag: градоначалник
Работна средба на градоначалникот Бакрачески со чешкиот амбасадор Мирослав Рамеш
Градоначалникот Бакрачески, денес оствари работна средба со амбасадорот на Чешката Република во нашата земја, Мирослав Рамеш. Средбата е на барање на амбасадорот, а во пресрет на посетата на претседателот на Чешка Милош Земан. Градоначалникот Бакрачески беше информиран дека најверојатно Охрид ќе биде домаќин на чешкиот претседател, во првата декада од јуни. За време на дводневната посета на Македонија, претседателот Земан ќе биде придружуван од голема група чешки бизнисмени, кои ќе остварат мини бизнис форум со заинтересирани компании од нашата земја. Исто така планирано е годинашното одбележување на 9 мај –…
повеќе...Градоначалникот Бакрачески со честитка по повод 8ми март – Денот на жената
По повод одбележувањето на 8ми март – Меѓународниот ден на жената, градоначалникот Никола Бакрачески, до припадничките на понежниот пол, упати честитка со желби за здравје, среќа и личен просперитет. „Одбележувањето на Меѓународниот ден на жената 8ми март е прилика да се потсетиме и разгледаме колку далеку отишло македонското општество во напорите да се постигне родовата рамноправност. Исто така, овој ден би требало да биде прилика сите граѓани да се здружат, поврзат и мобилизираат за понатамошни конкретни општествени промени кои ќе им овозможат на жените да бидат рамноправни, почитувани и ценети…
повеќе...Се интензивираат работите околу изградбата на регионалниот колектор во Дебрца
Градоначалникот на Општина Дебрца, Игор Трајкоски беше во посета на градежните активности кои се одвиваат на терен околу изградбата на Регионалениот колектор за одведување на отпадни води за селата Мешеишта, Климештани, Волино, Требеништа и Горенци. Изградбата на колекторскиот систем е проект на Општина Дебрца во соработка со Министерството за транспорт и врскипреку проектот “Водоснабдување и одведување на отпадни води“ со грант обезбеден од Европската Инвестициона Банка. Инвестицијата е во вредност од 13.706.061,0денари. На терен градежните активности се одвиваат согласно динамиката предвидена со договорот за изградба на колекторскиот систем, односно изградени…
повеќе...Љубаништа доби мини плоштад
Градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески денеска беше во охридското село Љубаништа каде Локалната самоуправа и охридските јавни претпријатија го уредија просторот околу спомен обележјето на Паднатите борци, со што жителите добија мини плоштад, односно уреден простор за одмор и дружење. „Во рамки на нашата востановена пракса за рамномерен развој на сите населени места во општина Охрид, градски и приградски средини како и села а препознавајќи ги приоритетите на мештаните на Љубаниша и одговарајќи на нивните барања, изминатиов период го уредивме простор околу спомен обележјето на Паднатите борци во ова село.…
повеќе...Од јуни нова авиолинија Охрид – Белград
На работниот состанок помеѓу градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески и менаџерскиот тим на „AIR SERBIA“ што денес се одржа во Белград , Р. Србија на кој главна тема на дискусија беше воспоставување на авио линија Охрид – Белград се разгледаа можностите истата да стартува од почетокот на месец јуни до крајот на октомври оваа година. На работниот состанок беа разгледани сите модели коишто се во интерес на двете страни. Притоа беше заклучено дека воспоставувањето на авио линијата Охрид – Белград за нас е значајна од два аспекти. Од една страна…
повеќе...Британскиот амбасадор во посета на Општина Охрид
Британскиот амбасадор во нашата земја Чарлс Гарет, денес оствари средба со градоначалникот Никола Бакрачески. Во разговорот беа разгледани повеќе прашања, кои се од интерес за Охрид и Обединетото Кралство. На средбата стана збор и за актуелната политичка состојба во Република Македонија, за која соговорниците се согласија дека треба да се вложат максимални напори и добра волја на сите политички актери, за надминување на постоечката состојба. Градоначалникот Бакрачески го запозна британскиот амбасадор, со плановите за развојот на Охрид и перспективите кои ги нуди нашитот град. Двајцата соговорници се согласија дека отворената…
повеќе...Доделени стипендиите за учениците и студентите од Охрид
Со пригодна свеченост, денес градоначалникот Никола Бакрачески на 85 ученици и студенти од Охрид, кои учестуваа на конкурсот распишан од локалната самоуправа, им ги врачи договорите за стипендии за учебната 2015/16 година. Градоначалникот Бакрачески, во своето обраќање истакна дека локална самоуправа денес го заокружува годинашниот проект за доделување на стипендии на талентираните ученици и студенти, со што се исполнува даденото ветување дека од година во година средствата кои ќе се издвојуваат за оваа намена перманентно ќе растат. „Во однос на минатата учебна година, годинава имаме зголемување и на бројот на…
повеќе...Охрид празнува во чест на Прличев
По повод одбележувањето на манифестацијата „Прличеви беседи“, делегација на општина Охрид предводена од градоначалникот Никола Бакрачески положи цвеќе пред бистата на поетот пред Библиотеката „Григор Прличев“. Цвеќе положија и делегации од институциите што го носат името на Прличев, Библиотеката , Центарот за култура и Основното училиште како и претставници на политичките партии. Градоначалникот Бакрачески присуствуваше и на традиционалната визита во НУ Библиотека „Григор Прличев“ во чии рамки беседа за поетот одржа Јован Стрезоски член на Друштвото на Писатели на Македонија. Во рамки на празнувањата вечерва во Центарот за Култура ќе…
повеќе...Григор Прличев ја основал првата Општина во Охрид
Во рамки на чествувањата посветени на Григор Прличев, градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески денеска оствари протоколарна средба со внуката на венецоносецот, Олга Прличева. На срдбата меѓу другото стана збор за првите институционални форми во градов при што Прличева го информира градоначалникот Бакрачески дека според записи до кои таа дошла нејзиниот дедо, Григор Прличев бил основач на првата општина во Охрид во далечната 1870 година. Во рамки на општината функционирале тогашните Сектори за образование и за верски прашања што значи дека општината во Охрид ги избирала тогашните Митрополи во охридските цркви.…
повеќе...