До крајот на 2016-та и во првата половина на 2017-та во Охрид ќе започнат да се градат повеќе капитални објекти чија вредност е над 25 милиони евра, а кои се од голема потреба за граѓаните и кои во изминатите децнии беа напразно ветувани, а сега конечно се реализираат. Годинава треба да се градат нова марина, две катни гаражи, пешачка патека од пристаниште до Канео, Конгресен центар, како и нов објект за Домот на култура. Заедно со претходно потпишаните инвестиции за градба на покриен базен и покриен зелен пазар, нова современа…
повеќе...Tag: градоначалник
Градоначалникот Бакрачески на увид на завршните активности на кружниот тек кај „Охридска банка“
Градоначалникот, Никола Бакрачески денеска направи увид на завршните активности за уредување на кружниот тек на пресекот од булевар „Туристичка“ и улица „Македонски Просветители“. Во моментов екипи на ЈП „Охридски Комуналец“ работат на хортикултурно уредување на големиот -примарен кружен тек , по што ќе се уредува и малиот секундарен. Претходно на овој простор поставена е нова атмосферска канализација,поставен е двослоен асфалт. Завршено е и обележувањето и поставена е заштитна ограда. Со изградбата на овој двоен кружен тек, Охрид го добива третиот новоизграден кружен тек од вкупно предвидените пет. Во тек на…
повеќе...Градоначалникот Бакрачески на заедничка средба со туристичките делегации од Македонија и Бугарија
Градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески учествуваше на координативна средба меѓу туристичките делегации од Р. Македонија и Р. Бугарија што вчера се одржа во Скопје на иницијатива на Министерот за економија на Р. Македонија,Беким Незири. На работната средба на која учествуваа претставници на туристичките асоциации и градоначалниците на Сандански, Смолјан, Благоевград, Чепеларе и Банско од бугарска страна и претставници на туристичките асоцијации и деловните здруженија на туристичките работници, Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот, како и градоначалниците на Охрид, Скопје, Тетово, Крушево, Општина Чаир, Маврово и Ростуше од македонска страна, се…
повеќе...Градоначалникот Бакрачески се сретна со претставници од Маниса, Турција
Градоначалникот Бакрачески, денес оствари средба со Селим Шардан,советник во локалната самоуправа во градот Маниса и советник за култура на градоначалникот Омер Фарук Челик. На средбата гостинот од Турција, ја истакна желбата за поблиска соработка на Маниса со Охрид и продлабочување на соработката со збратимениот град Скопје и надградување на пријателските врски со Македонија. Градоначалникот Бакрачески ја истакна подготвеноста на Охрид, да оствари плодна соработка во областа на културата, спортот и подготвеноста за инвестиции на бизнисмените од Маниса. Советникот Шардан во име на градоначалникот Челик, упати покана до Бакрачески да го…
повеќе...Градоначалникот Бакрачески со честитка по повод празникот Свети Сава
Градоначалникот Никола Бакрачески, по повод празникот Свети Сава, упати честитка до припадниците на српската заедница во Охрид. „Во името на граѓаните на општина Охрид и во мое име, Ви го честитам Денот на првиот српски архиепископ Свети Сава, 27 јануари, и Ви посакувам празникот да го поминете во мир,среќа и благосостојба, заедно со семејството и пријателите. Денот на Свети Сава е еден од најголемите национални празници на српскиот народ, кој се прославува секаде во светот каде живеат Срби. Припадниците на српската заедница се нераскинлив дел од нашето општество и посветено…
повеќе...Кривична пријава за струшкиот градоначалник и три други лица
Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело “злоупотреба на службена положба и овластување“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против З.С.(44) од струшкото село Ливада, Р.Х.(48) од Велешта, Ѓ.Д.(50) од Струга и В.Л.А.(60) од Скопје. Првопријавениот З.С. во својство на градоначалникот на општина Струга и одговорно лице во правно лице, во 2014 година издал паркинг за моторни возила во близина на зградата на Министерството за одбрана во Струга кај градското пливалиште кое со решение е означено како локација под заштита на државата. Тој, со закупувачот ДООЕЛ,, Пошка – Сони…
повеќе...Градоначалникот Бакрачески на меѓународна конференција за бегалската криза
Градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески учествува на меѓународната конференција за градоначалници посветена на бегалската криза, што вчера и денес се одржува во Виена, Австрија. На дводневната работна средба најбројни се градоначалниците од земјите погодени од кризата со бегалците, а учествуваат и експерти, претставници од невладиниот сектор и бегалци. Се очекува да се понудат мерки, конзистентни политики и решенија кои ќе бидат спроведливи во земјите погодени од бегалската криза. Заклучоците засновани на начелата на демократијата и човечките права ќе бидат адресирани на национално и интернационално ниво. На конференција чиј покровител е…
повеќе...Доделена Светската награда за хуманизам
Со свечена пригода во куќата Уранија на МАНУ, синоќа беше доделена Светската награда за хуманизам на дописниот член на Хрватската Академија на науките, светски познат екуменист, Дарко Гашпаровиќ. Наградата ја доделува Охридската академија за хуманизам, која на еден начин претставува продолжение на Светиклиментовата прва средновековна школа за хуманизам, а неа ја врачи градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески. Ова е десетта година по ред како оваа престижна награда се доделува во Охрид, во очи на големиот Христијански празник „Богојавление – Водици“. „Вечерва е привилегија да се биде во Охрид, во предвечерието на…
повеќе...Продолжува реализацијата на проектот Waternet со градот Воден од Грција
Денес во Охрид се одржа „Вториот координативен состанок“ на проектот WATERNET, кој се реализира преку ИПА програмата за прекугранична соработка со соседна Грција. Целта на денешниот состанок е да се направи пресек на досегашните активности,помеѓу партнерите општина Охрид, општина Воден, Техничкиот Институт Александар од Солун и ФТУ од Охрид. Градоначалникот Бакрачески истакна дека реализацијата на проектот се одвива според предвидената динамика, а денешната средба со својот колега, Димитриос Гиану, градоначалникот на Воден, ќе биде искористена да се разгледаат можностите за соработка на повеќе полиња. Во таа насока градовите Охрид и…
повеќе...Доделени хуманитарни пакети на семејства од социјален ризик
Во пресрет на Богојавленските празници, како изминатите две така и оваа година Општина Охрид во соработка со Црвен Крст денеска додели пакети со прехрамбени производи и средства за лична хигиена на 50 социјално најзагрозени семејства од Охрид. На хуманитарниот настан присуствуваше и градоначалникот Никола Бакрачески кој рече дека вакви акции и во иднина ќе организира или кон нив ќе се приклучува Општина Охрид. „Ние се трудиме во текот на целата година низ различни акции да има вакви настани, а оваа во пресрет на празникот Богојавление веќе прераснува во традиција. Со…
повеќе...