Градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески присуствуваше на света литургија што утрово се одржа во црквата „Св. Георгиja“ во населбата Горна влашка мала, а по повод големиот христијански празник, Рождеството Христово- Божиќ. Заедно со своите сограѓани, православни христијани, градоначалникот Бакрачески се помоли за добро здравје на своите ближни но и на сите граѓани. Тој посака Божјата милост да ги прати сите луѓе на патот кон успехот, меѓусебното разбирање и толеранцијата а оние кои слават празникот да го минат во добро расположение заедно со семејството и ближните полни со љубов, добра мисла…
повеќе...Tag: градоначалник
Божиќна честитка од градоначалникот Бакрачески
По повод големиот христијански празник, Рождество Христово- Божиќ, градоначалникот Никола Бакрачески, до верниците од православната вероисповед упати честитка, со желби за добро здравје, лична среќа, радост и бериќет во семејствата. „Великиот празник на Христовото раѓање- Божиќ, поминете го во радосен амбиент, во топлината на домот, заедно со семејството и ближните, полни со љубов, добра мисла и меѓусебно разбирање. Божиќ е празник кој поттикнува на човекољубие, почит кон другите и помош на немоќните. Христовото раѓање е величествен ден за човештвото, ден кога се здогледа големиот сјај и се означи зачетокот на…
повеќе...Бакрачески: Нечовечки е да се злоупотребуваат трагедиите за политички цели
Градоначалникот Никола Бакрачески, по повод трагедијата во која вчера, во новогодишната ноќ,животот го изгуби дваесет и шест годишен охриѓанец, јавно, а потоа и лично на семејството на починатиот, изрази длабоко сочуство за изгубениот млад живот.Бакрачески со загриженост порача дека нечовечки е да се злоупотребуваат трагедиите за политички цели и апелира до граѓаните за воздржаност , почит кон починатиот и верба дека инситуциите на системот, врз основа на законските прописи, ќе ги казнат сторителите на овој грозоморен чин. „По повод оваа голема трагедија која го снајде пред се семејтвото, но и…
повеќе...Заев новогодишната ноќ ја помина со штитениците во Заводот во Банско
Градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев, по единаесетти пат новогодишната ноќ ја помина со штитениците во Заводот за заштита и рeхабилитација во Банско. Во прекрасен новогодишен амбиент, скромно и весело поминаа првите часови од Новата 2016 година потврдувајќи го искреното пријателство кое трае повеќе од една деценија. Градоначалникот Заев од срце на своите пријатели – штитениците им ја честита Новата година и им посака многу здравје и среќа. Тие му возвратија на честитките посакувајќи му исто така многу здравје и среќа и посакаа уште многу нови години да поминуваат заедно.
повеќе...Новогодишно обраќање на градоначалникот Бакрачески
Градоначалникот на Општина Охрид, Никола Бакрачески во Новогодишното видео обраќање упати искрени честитки до граѓаните на Општина Охрид со желби за многу здравје, бериќет и просперитет во Новата 2016 година.
повеќе...Промовирана стихозбирката „Љубовен занес“ од Митре Мангоски Радождански
Градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески присуствуваше на промоција на стихозбирката „Љубовен Вознес“ од Митре Мангоски Радождански. Во поздравното обраќање, градоначалникот Бакрачески истакна дека со ова дело авторот ги направил горди жителите како на Радожда така и на Охрид. „Преку промоцијата на оваа стихозбирка до мене проструија моменти од моето детство поминати заедно со Митре во Радожда и секако на сите знаменитости што ги имаше во овој дел од крајбрежјето. Денес покрај со пријател од детството јас сум побогат и со еден творец кој со својата поезија враќа спомени од моето…
повеќе...Започна дводневниот филмски фестивал за млади „Џифони“
Во рамки на младинскиот интернационален филмски фестивал „Џифони“, денес во амфитеатарот на УИНТ „Свети Апостол Павле“ во Охрид свечено беше отворен фестивалот. Пред 135 средношколци од четирите средни училишта во Охрид, свое обраќање имаше градоначалникот Никола Бакрачески кој посочи дека локалната самоуправа во континуитет работи за промовирање на филмската уметност во градот „Локалната самоуправа континуирано дава поддршка на ваквите настани, а целта ние да го поттикнеме ширењето на културниот производ и ширењето на филмската култура во Охрид. По завршувањето на овај меѓународен филмски фестивал, се надевам дека кај дел од…
повеќе...Честитка од градоначалникот Бакрачески по повод Католички Божиќ
Градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески упати честитка до сите граѓани со католичка вероисповед по повод раѓањето Христово- Божиќ. „Денот посветен на Христовото раѓање- Божиќ е најголемиот христијански празник кој ги симболизира, семејните вредности, човечката толеранција и заемното разбирање . Овој празник на љубовта и добрината нека донесе душевен мир и спокој, светлина и топлина во домовите и сила да правиме добри дела, да влеваме надеж на сите оние кои страдаат и меѓусебно да се почитуваме и помагаме. Божиќ е празник кој не учи да живееме во простување и милосрдие, да…
повеќе...Викторија Лоба, Боби Мојсовски, „Компас бенд и „Билјана Јуниор“ за дочек на Нова година во Охрид
Музичките ѕвезди Викторија Лоба и Боби Мојсовски, ансамблот „Билјана Јуниор“ и групата „Компас бенд“ ќе ги забавуваат охриѓани и гостите за дочек на Новата 2016-та Година во Охрид. Градоначалникот Никола Бакрачески ги покани сите охриѓани и гости најлудата ноќ да ја дочекаат на градскиот плоштад. „Се надевам дека одзивот на граѓаните на Охрид и гостите ќе биде одличен. Очекуваме преполн плоштад на самиот дочек, но и според најавите на туристичките агенции, хотелитерите како и од приватните станоиздавачи, очекуваме Охрид и оваа година да биде препон со гости за новогодишните празници.…
повеќе...Честитка од градоначалникот Бакрачески по повод Денот на наставата на турски јазик
Градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески , по повод одбележувањето на Денот на наставата на турски јазик – 21 декември, упати честитка до припадниците на турската заедница во Охрид и Р. Македонија. „Употребата и образованието на мајчиниот јазик се најзначајните човечки права преку кои се создава, чува и промовира идентитетот на народите. Со денешното празнување уште еднаш потсетуваме на долгата традиција на соживот и заедништво во Република Македонија претставено преку негување на различните култури, традиции и религии, кои нe поврзуваат и обединуваат. Турската заедница е почитуван и значаен дел во Охрид…
повеќе...