Градоначалникот, Никола Бакрачески, денеска во Охрид оствари работна средба со градоначалникот на албанскиот град Поградец , Едуард Капри. На средбата беше заклучено дека неопходна е поголема соработка меѓу општините, Охрид од македонска и Поградец од албанска страна во делот на заштита на Охридското Езеро во насока на заедничко привлекување средства од Европски фондови или Влади како и градење на заедничка платформа за развој на туризмот. Наредниов период се очекува двајцата градоначалници да потпишат меморандум за соработка и формирање комитет со две комисии по што се предвидува одржување на континуирани состаноци…
повеќе...Tag: градоначалник
Интегрално обраќање на градоначалникот Бакрачески на свечената академија по повод Св.Климент Охридски – патрон на градот
Интегрално обраќање на градоначалникот Никола Бакрачески на свечената академија по повод Св.Климент Охридски- патрон на градот До кога незнајци ќе го сакате незнаењето? До кога бујните ќе се насладуваат на бујноста? До кога глупавите ќе го мразат знаењето?- цитат од Бибилијa, изреки Соломон, син Давидов. Буква пред буква, збор по збор- реченица, Библија, цело творештво, пренесувано од колено, на колено, преку лист вградено во еден Универзитет од кој ќе се расее писменоста и од каде животот ќе добие друга духовна и културна димензија. Божја воља да неговата мисија ја оствари…
повеќе...Охрид денес го слави својот заштитник Св.Климент Охридски
Празнувањата на Свети Климент Охридски, утрово започнаа со свечена литургија во Светиклиментовиот храм на Плаошник, со која чиноначалствуваше владиката Тимотеј. На свечената литургија со своите сограѓани, присуствуваше и градоначалникот Никола Бакрачески во придружба на гостите кои се во Охрид во чест на празникот. Градоначалникот Бакрачески и претставници на општествено политички организации и институции, пред спомениците на светителот во ОУ „Св.Климент Охриски“ и на градскиот плоштад, се поклонија и положија свежо цвеќе. Во текот на денот, градоначалникот Бакрачески оствари протоколарни средби со делегациите на збратимените и пријателски градови. Празнувањата завршуваат вечерва…
повеќе...Гордана Јосифова Неделковска одликувана со орденот на уметности и книжевност на Франција
Музичкиот селектор на фестивалот Охридско лето, Гордана Јосифова Неделковска, е одликувана со престижниот орден на Република Франција „Витез од Редот на уметности и книжевност“ заради нејзините достигања во промоцијата на уметноста во Македонија, промоција на македонската уметност надвор од земјата и поддршка на промоцијата на француската култура во Македонија. Одликувањето синоќа на свеченост во француската резиденција и го врачи амбасадорката на Франција, Лоренс Оер, која го истакна нејзиниот допринос во ширењето на француската култура и уметност. „Француската Влада сака да ѝ оддаде признание на г-ѓа Јосифова Неделковска, посебно во областа…
повеќе...Градоначалникот Бакрачески изрази сочувство кон француските граѓани
По повод синоќешниот терористички напад во француската престолнина Париз, градоначалникот Никола Бакрачески, упати зборови на сочувство до амбасадорот на Франција во нашата земја, Н.Е. Лоренс Оер. „Знам дека во овој момент нема зборови со кои може да се најде утеха за ужасниот и кукавички чин со кој синоќа беа соочени граѓаните на Париз и Франција. Дозволете ми, во мое име и во името на граѓаните на Охрид да Ви изразам најдлабоко сочувсто за загинатите и повредени граѓани на Вашата земја. Молитвите на охриѓани денес се упатени кон Франција. Земјата која…
повеќе...Пуштена во употреба реконструираната улица „Ристо Чадо“ во Охрид
Премиерот Никола Груевски денеска присуствуваше на пуштањето во употреба на реконструираната улица „Ристо Чадо“ со изградена фекална канализација и тротоари во охридската населба Видобишта. „Реконструкцијата на улицата „Ристо Чадо“ беше едно од најчестите барања на жителите од овој регион. Барањето беше сосема на место со оглед на тоа како изгледаше улицата претходно и немањето на сливници и атмосферска канализација. Како резултат на тоа луѓето возеа по дупки и нерамнини, при поголеми дождови се собираше вода по дворовите, се правеа големи вирови на улицата, а пешаците немаа каде да се движат…
повеќе...Охрид добива најсовремен пливачки базен во Македонија и пошироко
Започна изградбата на затворениот базен во спортско рекреативниот центар „Билјанини извори“ во Охрид. На отпочнувањето на градежните работи присуствуваа премиерот на Република Македонија, Никола Груевски, градоначалникот на општина Охрид, Никола Бакрачески и директорот на Агенцијата за млади и спорт, Марјан Спасески. „Се собравме денес тука за да го означиме почетокот на реализацијата на она што значеше децениски идеали на плејада охриѓани кои својата љувов кон градот, својата професионална кариера ја вложија во развојот на пливачките спортови, на ватерполот и на спортот воопшто, и со тоа дадоа значаен допринос во промоција на…
повеќе...Емисија за Охрид на Ал Џезеира
Градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески ќе биде гостин во третата епизода од серијалот „Алхемија на Балканот – Македонија” што ќе се емитува утревечер (четврток) со почеток во 21:30 часот на светската телевизија Ал Џезеира. Утрешната емисија на „Алхемија на Балканот“ е целосно посветена на Охрид, градот во кој се вкрстуваат природните убавини и културната историја. Во емисијата ќе се зборува за Охрид – некогаш и сега, за неговиот развој и за туризмот како една од најбитните стопански гранки. Утревечер на Ал Џезеира ќе се прикажат убавините на Охрид, традицијата, храната…
повеќе...Градоначалникот Трајкоски присуствуваше на училишната лига во мал фудбал „Дебрца“
Денес започна Училишната лига во мал фудбал „Дебрца“ каде главен покровител е општина Дебрца и Градоначалникот Игор Трајкоски, а е во организација на ОУ „Дебрца“. Оваа година во рамките на насоките од Министерството за образование и наука за подобар и поквалитетен спортски живот на младите, особено на учениците на кои најмногу им е потребен, започна да функционира Локалната лига во мал фудбал. Промовирајќи ја максимата „ Во здраво тело-здрав дух“ учениците активно се вклучуваат преку овој проект во реализацијата на проектот за поисполнет и подобар животот на младите на овие…
повеќе...Заврши изградбата на резервоарот за вода во Требеништа
Градоначалникот на општина Дебрца, Игор Трајкоски изврши увид во градежните активности за изградба на новиот резервоар за вода за пиење во селото Требеништа. „На терен прикрај се градежните работи на резервоарот за вода, каде што се врши оградување на резервоарот, преостанува уште поврзување на резервоарот со постоечката каптажа.“- информираат од Локалната самоуправа. Новиот резервоар е со зафатнина од 150 кубни метри, изработен е од армирано бетонски ѕидови и армирано бетонски плочи, изведен на висинска кота од 735 метри надморска висина, со што се овозможува гравитационо снабдување со вода за пиење…
повеќе...