Откриени мигранти во воз од Грција

Во текот на изминатите 24 часа, Министерството за внатрешни работи издаде 253 потврди на илегални мигранти кои изразиле намера за поднесување на барање за азил. Дел од нив, меѓу кои и деца, се откриени во товарен воз кој од соседна Република Грција пристигнал на Железничката станица во Гевгелија. Илегалните мигранти се откриени откако почнале да удираат од внатрешноста на вагонот, заради неподносливите услови внатре, односно опасноста да се задушат. Врз основа на измените и дополнувањето на Законот за Азил и привремена заштита од 18.06.2015 година, Министерството отпочна со издавање на…

повеќе...

Во Охрид почувствувани серија слаби земјотреси со епицентар во Грција

Попладнево во Охрид беа почувствувани неколку слаби земјотреси кои се со епицентар во Грција.  Епицентарот на овие земјотреси е на 39 километри јужно од Битола, на длабочина од 2 километри, а нивниот интензитет изнесуваше 2,5 степени според Рихтер во 15:04 часот, 3,2 степени во 15:16 и 2,9 степени во 15:29 часот. WebOhrid

повеќе...

Лице барано од Интерпол приведено во Грција

Министерството за внатрешни работи успешно ја заврши екстрадицијата на 54 годишната Жанета Баша од Гостивар. Истата беше преземена од грчките органи на прогонот и спроведена на издржување на пресудената казна затвор во времетраење од 10 години во КПУ Идризово. Баша се бараше преку ИНТЕРПОЛ со меѓународна потерница распишана на 06.04.2014 година по наредба на Основниот суд Гостивар, а беше лишена од слобода во Грција на 22.09.2014 година по што и беше изречена мерка притвор и отпочна постапката за нејзина екстрадиција. Во 2012 година, Основниот суд Гостивар ја прогласи за виновна…

повеќе...

Пожар на грчки ферибот со 466 патници

На грчки ферибот, со 466 патници и членови на екипажот, избувнал пожар. Бродот се наоѓал во близина на островот Крф во Јадранско Море. Според локалните медиуми огнот избувнал во просториите под палубата на бродот и брзо се проширил. Капетанот испратил сигнал за помош и наредил итна евакуација. Според локалните власти евакуацијата е во тек, и во неа учествуваат неколку бродови и хеликоптери. Засега нема информации за жртви. Фериботот „Норман Атлантик“, што е сопственост на грчката компанија АКАК, пренесувал 222 возила, 411 патници и 55 членови на екипажот, од источното грчко…

повеќе...

Груевски: Се надеваме дека Грција ќе најде сила да се надмине прашањето за името

Има надеж дека Грција во даден момент ќе најде сила да се надмине прашањето за разликите за името, изјави денеска премиерот Никола Груевски. Одговарајќи на новинарско прашање за тоа дали има некакви планови и очекувања за решавање на спорот наметнат од јужниот сосед за следната година, премиерот рече дека не може да наведе дека има конкретни планови и очекувања. „Има надеж дека Грција во даден момент, во некој момент ќе најде сила да се надмине ова прашање. Тоа го посакуваме, работиме на тоа. На сите наши меѓународни средби зборуваме за…

повеќе...

Попоски во Брисел: Нема сигнали дека Грција сака да ја отстрани блокадата

Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Попоски, утринава имаше работен појадок во Постојаната мисија на Унгарија при Европската унија со амбасадорите на земјите-членки на ЕУ во Брисел, на кој присуствуваше и директорот на Генералниот директорат за преговори за проширување, Кристијан Даниелсон. Притоа, според изјавата на македонскиот шеф на дипломатијата, тој потенцирал дека повторување на рецептот со грчка блокада на Европскиот совет не ја подобрува состојбата во однос на процесот на проширување на Унијата, додека од претставниците на Европската комисија било потенцирано дека и од Грција се очекува да…

повеќе...

Уште еден случај на кражба на македонска регистарска табличка во соседна Грција

Во текот на викендот, поточно на 19 овој месец на ГП „Богородица“ е пријавен уште еден случај на украдени регистарки ознаки на возило на македонски државјанин во соседна Грција. Случајот е пријавен од страна на лицето М.Н.Е. од Скопје во чија сопственост е возилото марка ,,Митсубиши’’ на кое е одземена предната регистарска ознака. Кражбата на регистарската ознака се случила на 17.10. во Солун. Сопственикот на возилото, случајот не го пријавил во грчката полиција. Со овој нов случај на одземена регистарска ознака вкупната бројка достигнува петнаесет, а досега регистрирани се и…

повеќе...

Нов случај на украдени регистарски ознаки во Р.Грција

Во текот на вчерашниот ден, на ГП „Богородица“ е пријавен нов случај на украдени регистарки ознаки на возило на македонски државјанин. Случајот е пријавен од страна на лицето З.М. од Прилеп во чија сопственост е возилото марка „Форд“ на кое е одземена предната регистарска ознака на возилото. Кражбата на регистарската ознака се случила вчера во Солун. Сопственикот на возилото, случајот не го пријавил во грчката полиција Со овој нов случај на одземена регистарска ознака вкупната бројка достигнува четиринаесет, а досега регистрирани се и седум оштетени возила.

повеќе...

Ново оштетување на возило со македонски таблички во соседна Грција

Во текот на вчерашниот ден, на ГП „Стар Дојран“ е пријавен нов случај на оштетување возило на македонски државјанин. Случајот е пријавен од страна на лицето В.Г. од Струмица во чија сопственост е возилото марка „Цитроен – Берлинго 6“ на кое е скршено стакло од предната лева врата на возилото. Оштетувањето се случило вчера во близина на Бутковско езеро, Р. Грција. Сопственикот на возилото, случајот го пријавил во грчката полиција но за истото не добил Записник. Со овој нов случај на оштетувања, бројката на вкупно оштетени возила за оваа година…

повеќе...

Нов случај на оштетенo возилo во Р.Грција

Во текот на вчерашниот ден, на ГП „Стар Дојран“ е пријавен нов случај на оштетување возило на македонски државјанин. Случајот е пријавен од страна на лицето Т.Д. од Скопје во чија сопственост е возилото марка „Форд – Ескорт“ на кое е скршено задното стакло од десната страна на возилото. Оштетувањето се случило на 10.09.2014 година во туристичкото место Неа Каликратија, Р. Грција. Сопственикот на возилото, случајот го пријавил во грчката полиција. Со овој нов случај на оштетувања, бројката на вкупно оштетени возила за оваа година достигна вкупно шест, а досега…

повеќе...