Денес на денот кога го прославуваме споменот на преп. Пелагија, преп. Таиса и на св. мч-чка Пелагија, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј го освети храмот „Воскресение Лазарево“ на Градските гробишта во Охрид. Храмот започна да се гради на 29 август 2004 година, по иницијатива на иницијативниот одбор на чело со Митрополитот Тимотеј, а се изгради со особен финансиски придонес на компаниите „Митан-пром“ од Охрид, на чело со Перо Митан и на „Ремис“ од Охрид, на чело со Бошко и Олга Илоски, како и со финансиски средства од…
повеќе...Tag: гробишта
Партерно се уредува „Светијонската куќа“ во Велгошти
Деновиве ЈП „Градски гробишта“ започна со работни активности за партерно уредување на „Светијонската куќа“ во Велгошти. Површината што се уредува изнесува околу 220 м2, а активностите се очекува да завршат до крајот на неделава.
повеќе...Работни зафати на ЈП „Градски Гробишта“
Деновиве ЈП „Градски гробишта“ извршуваше работни активности на неколку локации во градот. Во Стариот дел на градот, на улица „Григор Прличев“, беше извршена санација на потпорен ѕид од камен во должина од 5,4 метри и висина од 1,5 метри. Во населбата Охридати се изврши поплочување со бехатон плочки на површина од околу 150 метри квадратни, а во кругот на градските гробишта се изврши ископ на канали со цел заштита поплави.
повеќе...Соопштение од Црковен одбор с. Велгошти до жителите на с. Велгошти
Соопштение од Црковен одбор с. Велгошти до жителите на с. Велгошти Почитувани велгоштани, Ние од Црковниот одбор од с. Велгошти повторно ви укажуваме на проблемот со гробни места во с. Велгошти како што тоа го направивме пред околу една година и пол. Од тогаш до денес имаме иницирано средба со М.З. Велгошти од каде имаме само усмена поддршка и практично до денес не е преземена никаква активност. Исто така, писмено се обративме и до Градоначалникот на Охрид, но не добивме никакво известување од надлежните во Општина Охрид. Бидејќи, ние како…
повеќе...Кривични пријави за две лица од Охрид поради фалсификување на службена исправа и несовесно работење во службата
СВР Охрид поднесе кривична пријава против Б.С. (63) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување на службена исправа” и против Н.С. (48) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело , „несовесно работење во службата”. Првопријавениот на 18.11.2013 година во службена исправа – налог за работа, кој лично го составил, внесол невистинити податоци за единечни мери и количини на материјали и услуги за изработена гробница од нарачателот Д.П., а исто така внел и невистинити податоци за цените и услугите кои биле спротивни…
повеќе...Се градат потпорни ѕидови во Велгошти
Екипи на ЈП „Градски гробишта“, денес, започнаа со градежни активности за изградба на потпорни ѕидови во Велгошти со должина од 30 метри и висина од 2 метри. Предвидениот буџет за овој зафат изнесува 560 000 денари, а градежните работи се очекува да завршат за 10 дена.
повеќе...Се уредуваат градските гробишта
Во пресрет на големиот муслимански празник Рамазан Бајрам, градските гробишта хортикултурно се уредуваат и се чистат. По барање на граѓаните за поставување на дополнителни чешми, денес, градежната оператива на јавното претпријатие врши поставување на нови чешми во Градските гробишта.
повеќе...Се градат трибини на спортското игралиште во ОУ „Св.Климент Охридски“
По налог на Локалната самоуправа градежната оператива на ЈП „Градски Гробишта” – Охрид започна со реализација на проектот за изведба на трибини на повеќенаменското спортско игралиште во ОУ „Св. Климент Охридски”. Трибините ќе бидат направени од армиран бетон, а финансиската конструкција на овој градежен зафат изнесува околу 660.000 денари. Се очекува изведбата да заврши за околу две недели.
повеќе...Се уредуват градските гробишта
Во пресрет на Велигденските празници ЈП „Градски Гробишта“ темелно го уредува просторот во градските гробишта. Тоа е практика која започна да се применува со доаѓањето на новото раководство. СЕГА ПРЕТХОДНО
повеќе...Партерно уредување на улица „Андон Дуков“
Градежната оператива на ЈП „Градски Гробишта” Охрид, деновиве започна градежни активности за поставување на гранитни и камени плочи на улица „Андон Дуков“ во населбата Кошишта. Старите камења и гранитни плочи се санираат и се враќаат во првобитна положба. Се работи на партерно уредување на простор во должина од околу 250 метри а активностите се очекува да завршат за 7-10 дена. Претходно на оваа улица МЈП „Проаква“ РЕ „Водовод“ Охрид вршеше реконструкција на водоводната мрежа.
повеќе...