Се уредуваат тротоарите на „Ариф Мустафа“

Градежната оператива на ЈП „Градски Гробишта” работи на партерно уредување на тротоарски површини на ул. „Ариф Мустафа“. Градежниот зафат опфаќа поставување на бехатон плочки, парковски ивичњаци и поставување на дрвени клупи. Преостанатиот дел од простор ќе биде хортикултурно уреден. Работните активности се очекува да заврши до крајот на месец март.

повеќе...

Партерно уредување на просторот пред „Охридска банка“

Градежната оператива на Јавното претпријатие „Градски гробишта“ започна со партерно уредување на локацијата пред „Oхридска банка“ и Регионалниот центар на ЕВН. Се врши бетонирање, поставување на гранитни плочки, обложување на ѕидовите со украсен камен и поставување на клупи. По завршувањето на градежните активности екипите на на ЈП „Градски гробишта“ ќе извршат и хортикултурно уредување на просторот. Финансиската конструкција на овој зафат изнесува околу 350.000 денари.

повеќе...

Кривична за референт во ЈП „Градски гробишта“ поради несовесно работење во службата

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Н.С. (47) од Охрид – референт за наплата и доделување на гробни места во ЈП „Градски гробишта“ во Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“. Пријавениот во периодот од 2011-2013 година за 74 погребани лица не изготвил налози за работа со пресметки за дадени услуги во вкупен износ од 186.630 денари, а за 27 надгробни споменици не изготвил налози за работа за извршени услуги во износ од 21,300 денари и истите не ги доставил до Секторот за…

повеќе...

Се уредува плоштадот во Љубаништа

Во селото Љубаништа, денес, градежната оператива на ЈП „Градски гробишта“ започна со уредување на плоштадот кој се наоѓа во непосредна близина на спомен обележјето на паднатите борци. Предвидено е просторот партерно да се уреди со поставување на околу 220 м2 бехатон плочки, коловозни ивичници, парковски ивичници и потпорни ѕидови. Плоштадот, дополнително, хортикултурно ќе биде оплеменет, ќе се постави фонтана и шест клупи. Активностите за уредување на плоштадот се очекуваа да завршат до крајот на наредната недела.

повеќе...

Еврејските гробишта во Битола ќе се преуредат во Меморијален парк

Со симболичното засадување дрвца на Еврејските гробишта од Битола, започна проектот за уредување на Меморијален парк на Евреите од Монастир. Првите дрвца ги засадија израелскиот амбасадор Дан Оријан, министерката за култура Елизабета Канческа Милевска, министерот Џери Наумоф, битолскиот градоначалник Владимир Талески и други гости. Со реализацијата на овој прокет се очекува оваа локација во иднина да прерасне во едно од најатрактивните споменици на културата во градот на конзулите и да привлечат многу постетители од Иразел. „Со овој парк сите ние ќе дадеме придонес во заштитата на историското наследство на еврејската…

повеќе...

Се гради нов тротоар кај детската градинка „Расадник“

Привршуваат активностите за изградба на тротоар во непосредно близина на детската градинка „Расадник”. Новоизградениот тротоар ќе овозможи нормално движење на пешаците во овој дел од Охрид. Изведувач на активностите што започнаа во текот на вчерашниот ден е ЈП „Градски гробишта“.

повеќе...

Непознат сторител оштетил надгробни плочи на гробиштата во Лескоец

Во текот на вчерашниот ден во СВР-Охрид било пријавено дека на градските гробишта во село Лескоец непознат сторител оштетил пет надгробни плочи и со боја на истите имало испишано разни броеви. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

повеќе...

Се уредуваат муслиманските гробишта

Покрај секојдневното и тековно одржување на чистотата и уредноста во градските гробишта, екипите на ЈП „Градски гробишта“ , денеска со поголем интензитет и забрзано темпо започнаа со чистење и средување на муслиманскиот дел од гробиштата. Се работи на косење, метење и отстранување на отпадот, а започна и со пробивање, тампонирање и нанесување на слој од гребен асвалт на улицата која што се наоѓа на источната страна од муслиманскиот дел на гробиштата.. Со овој зафат ќе се овозможи полесено движење и поголема пристапност кон овој дел на гробиштата. По завршувањето на…

повеќе...

Се доуредува плажата Сараиште

По најавата за уредување на градската плажа „Сараиште“ во стариот дел на Охрид, рано утрово екипи на ЈП „Градски Гробишта” работат на поставување ситна езерска песок од околу 10м2, a просторот за плажа се дополни и со неколку клупи за седење.

повеќе...

Бројни активности на ЈП „Градски Гробишта“

Екипи на ЈП „Градски гробишта” изминативе денови работеа на неколку локации во Охрид. Во завршна фаза се активностите за изградба на тротоарот на ул. „15ти Корпус“ на потегот од поранешната фабрика ”Застава” до бензиската Макпетрол. При овој зафат се направени околу 300 метри пешачка патека – тротоар од бекатон плочки оивичени со рабници. Се сведуваат кон крај и работните задачи коишто ги изведува градежната оператива на ова претпријатие на раскрсницата пред населбата Рача, каде што се поставени коловозни рабници, изработени се неколку пешачки острова, пешачка патека, а од наредната недела…

повеќе...