Кривична пријава за охриѓанец поради проневера во службата и фалсификување или уништување деловни книги

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Н.С.(55), вработен како референт за наплата и доделување на гробни места во ЈП „Градски гробишта“-Охрид, за сторено кривично дело „проневера во службата“ и „фалсификување или уништување деловни книги“. На 26.06.2012 година, дошло лице во ЈП „Градски гробишта“- Охрид да купи две гробни места, при што пријавениот му рекол дека е потребно време за да изготвување на договорите за купопродажба кои лично ќе му ги однесе заедно со фискалните сметки. Притоа, истиот изготвил две фискални сметки во износ од 92.000 денари, кои ги сторнирал, а…

повеќе...

Се уредуваат муслиманските гробишта

Во пресрет на муслиманскиот празник Рамазан- Бајрам, екипи на Јавното претпријатие „Градски гробишта“  интензивно работат на  средување на муслиманскиот дел од гробиштата. Покрај  редовните активности на уредување, деновиве се поставуваат нови парковски ивичници.  Исто така  се работи на дислоцирање на старите камени плочи, а ќе се отстранува и поголем дел од шутот кој е во непосредна близина на гробиштата. Акцијата на уредување на муслиманските гробишта со несмален интензитет ќе продолжи и во наредниве 10-ина дена.

повеќе...

Охрид конечно доби автопазар

По долго време граѓаните на Охрид и околните места денес и официјално добија автопазар, на паркинг просторот кај Градските гробишта, така што не ќе има потреба да одат  во другите градови низ Македонија. Автопазарот ќе служи за изложување не само на патнички возила, туку и на тешки товарни возила, мотоцикли и автоделови. „Денес присуствуваме на реализација на оваа заложба на граѓаните, на која што Локалната самоуправа наиде на разбирање заедно со јавните претпријатија во изминатиот период успеавме да го уредиме овој простор во површина од 5000 метри квадратни,во еден соодветен…

повеќе...

Кривични пријави за екс в.д. директори на ЈП „Градски гробишта“-Охрид

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Д.П.(59) и К.П., в.д. директори на ЈП „Градски гробишта“-Охрид, за сторени кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „несовесно работење во службата“ и против Б.Т. за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“. Во 2011 и 2012 година, пријавените како в.д. директори во различни временски периоди во ЈП Градски гробишта, се повикувале на поранешен тендер и ангажирале иста фирма за набавка и монтажа на споменик, потоа била донесена одлука од општината да ги зголемат износите на цените во претпријатието, но истите со…

повеќе...

Се поставуваат нови бетонски столпчиња

По налог на Фондот за комунален развој сообраќај и улици при Општина Охрид, Јавното Претпријатие „Градски гробишта“ вчера и денес  поставува  бетонски столпчиња на неколку локации низ градов  каде постоечките се уништени. Вакви  нови заштитни  бетонски столпчиња веќе  се поставени на кружниот тек во непосредна близина на градскиот плоштад, на улица „Македонски Просветители“ кај УНИ Банка и пред туристичката агенција „Фибула Травел“ а денес ќе се поставуваат и на неколку други локации.    Бетонските столпчиња  се поставуваат со цел поголема безбедност на пешаците  во сообраќајот. Од утре надлежните од ЈП…

повеќе...

Јавен оглас за издавање под закуп на ресторанот на Градските гробишта

Јавното претпријатие „Градски гробишта“ распиша оглас за усно јавно наддавање за издавање под закуп на ресторанот лоциран во градските гробишта. Врз основа на Законот за користење и располагање со стварите на државните органи (“Сл.весник на РМ”бр. 08/2005, 150/2007,  35/2011  и  166/2012) и Одлуката на Управен одбор бр. 02-916/3 од 22.10.2013 година  ЈП „Градски Гробишта“ – Охрид објавува: ОГЛАС БР. 01/2014 ЗА УСНО ЈАВНО НАДАВАЊЕ ЗА ИЗДАВАЊЕ ПОД ЗАКУП НА РЕСТОРАН ЛОЦИРАН ВО ГРАДСКИТЕ ГРОБИШТА ОХРИД ЈП Градски Гробишта издава под закуп Ресторан со површина од 420м2 лоциран во кругот на…

повеќе...

Се уредува просторот околу црквата „Св. Архангел Михаил“

Денес, со механизацијата на ЈП „Градски Гробишта“ , започна да се уредува просторот кај црквата „Св. Архангел Михаил“. Покрај уличките ќе се санираат и неколку потпорните ѕидови. Инфраструктурните зафати се очекува да завршат до крајот на идната недела.

повеќе...

Се уредуваат неколку локации низ Охрид

Охридските јавни претпријатија „Охридски Комуналец“ и „Градски гробишта“ денес започнаа акција на партерно и хортикултурно уредување на  неколку локации низ градов: „Холандскиот парк“, „Горна Порта“ и внатрешноста на Самуиловата тврдина. Посебна грижа ќе се води и за неодамна засадениот дрворед на улицата „Партизанска“. По тој повод, утрово на терен, раководителот на Секторот за поддршка на градоначалникот, Зоран Рафтоски им даваше инструкции на директорите на овие две јавни претпријатија во однос на работните активности кои се очекува да завршат за околу една недела. Во акцијата ќе се чисти и средува холандскиот…

повеќе...

Се средува просторот на влезот од Охрид

Со средувањето на просторот кај клучката на влезот од градов, денеска започна разубавувањето на Охрид пред почетокот на летната туристичка сезона. Просторот хортикултурно и партерно се уредува, се бојадисуваат веќе поставенит елементи, а се чистат и браниците поставени непосредно до коловозната лента. Инаку по долги децении  влезот на Охрид доби нов лик. Осветлениот грб на општината, изработен од бехатон плочки, обоен во соодветни бои и патоказна стрелка која насочува кон Охрид, изведена од декоративни растенија, од пред неколку месеци  ги пречекува гостите. Проектот за поубав градски влез е на Општина…

повеќе...

Се реконструираат патеките во муслиманските гробишта

Екипите на Јавното претпријатие „ Градски гробишта“ деновиве интензивно работат на поставување на нови ивичници на постојните патеки во муслиманските гробишта. По санирањето на патеките и поставувањето на нови и замена на оштетените ивичници, просторот околу нив, хортикултурно ќе биде уреден.

повеќе...