Предвелигденско уредување и чистење на градските гробишта

Во пресрет на големиот христијански празник Воскреснувањето господово – Велигден, Јавното претпријатие „Градски гробишта“,  ги привршува активностите за средување на гробиштата.  Деновиве  беа зголемени   активности на претпријатието   кои опфаќаат одржување на јавната чистота, метење на улиците и патеките низ гробиштата, партерно и хортикултурно  доуредување на  одделни делови, метење и собирање отпад околу секое гробно место. Извршено е комплетно прскање со хербицид на оние места каде не се предвидени зелени површини. Засадени се 2 000 садници сезонско цвеќе, 300 садници зимзелени дрвца, извршено е ѓубрење на засадените површини со…

повеќе...

Привлечно катче за одмор во непосредна близина на црквата Света Софија

Во рамки на разубавувањето  на стариот дел од Охрид,  денес  ЈП „Градски гробишта“ започна со средување  на просторот пред  црквата  Св.Софија и истоимениот ресторан, каде долг период  несовесни  возачи ги паркираа своите автомобили нагрдувајќи го изгледот на ова атрактивно место кое е привлечно и посетувано од туристи особено во летниот период  од  годинава. Денес  на  овој простор се поставуваат жардињери со цвеќе, а наредниот период ќе бидат поставени  клупи за седење. Просторот ќе биде и хортикултурно  уреден со што охриѓани  ќе добијат  привлечно катче за одмор и уживање во срцето…

повеќе...

Се финализира изградбата на мини плоштадот во „Горна влашка маала“

Градежната оператива на ЈП „Градски гробишта“ и останатите општински јавни претпријатија  ја финализираат изградбата на мини плоштадот, што се наоѓа на крстосницата на улиците „Питу Гули“ и „Марко Нестороски“ . На малиот плоштад кој е  со површина од 15о метри квадратни, се поставуваат 80 метри квадратни бехатон плочки, 70 метри квадратни бетонски плочки, производство на ЈП „Градски гробишта“ , 100 метра ивичници и 50 метра кубни тампон. За кратко време плоштадот хортикултурно ќе биде уреден и ќе бидат поставени клупи и фонтана. Според она што беше договорено на неодамнешната средба…

повеќе...

Известување од ЈП „Градски гробишта“

Јавното претпријатие „Градски гробишта“ ги повикува граѓаните кои во периодот од 01.01.2011 година, кои досега, купиле, односно се стекнале со употреба на гробно место, да појдат во административните простории на јавното претпријатие и да ги понесат документите заради дополнување на компјутерската евиденција. Подетални информации, граѓаните можат да добијат на телефон 046/ 267 268.

повеќе...

Симоноски: Во ЈП „Градски гробишта“ затекнав долгови во висина од 10 милиони денари

Финансиски неправилности, долгови во висина од околу 10 милиони денари, неисплатени плати, неисправен возен парк, нарушени меѓучовечки односи и блокирана жиро сметка на јавното претпријатие. Ваква беше ситуацијата на ЈП „Градски гробишта“ кога за негов директор беше назначен Зоран Симоноски. Состојбата на претпријатието, како што рече денеска на прес-конференција, директорот Симоноски, била катастрофална во секој аспект. „Од аспект на финансиски неправилности во работењето би ги истакнал следните: нефактурирани, неевидентирани околу 10 гробни места во вкупен износ од околу 500.000 денари. Неевидентирани и нефактурирани влезови за монтажа на споменици од околу…

повеќе...

Претпразнично се уредува просторот на Градските гробишта

Во пресрет на Божиќните празници, на просторот на Градските гробишта интензивно се работи на одржување на хигиената, метење и чистење на патеките, чистење и собирање отпад околу гробните места и хортикултурно уредување. Од Јавното претпријатие „Градски гробишта“, до граѓаните упатуваат честитки за престојните празници и во овој период кога масовно се посетуваат вечните почивалишта замолуваат, да се  почитува редот на однесување на  градските гробишта.

повеќе...

Зоран Симоноски директор на ЈП „Градски Гробишта“

Досегашниот вршител на должноста директор на Ј.П. „Градски Гробишта“, Зоран Симоноски со решение на градоначалникот Бакрачески од денеска е директор на претпријатието. Симоноски по професија е дипломиран  машински инженер, кој во минатиот период извршувал повеќе работни задачи во Ј.П. „Охридски Комуналец“, а со формирањето на Ј.П. „Градски Гробишта“ во 2011 година бил вработен во истото каде имал повеќе раководни позиции. Функцијата вршител на должноста ја извршуваше од март годинава.

повеќе...

Оглас за издавање под закуп на тезги за продажба на свеќи

Врз основа на Законот за користење и располагање со стварите на државните органи (“Сл.весник на РМ”бр. 08/2005, 150/2007,  35/2011  и  166/2012), Ј.П. „Градски Гробишта“ – Охрид објавува: ОГЛАС БР. 04/2013 ЗА УСНО ЈАВНО НАДАВАЊЕ ЗА ИЗДАВАЊЕ ПОД ЗАКУП НА ВРЕМЕНИ ОБЈЕКТИ – ТЕЗГИ ЗА  ПРОДАЖБА НА СВЕЌИ ЈП Градски Гробишта издава под закуп времени објекти –  тезги во кругот на Градските Гробишта Опис и локација Се издаваат 2 времени објекти – тезги лоцирани на влезот на Градските Гробишта означени со редни броеви 1  и 2  и тоа од чуварската куќичка…

повеќе...

Јавен конкурс за избор на директор на ЈП „Градски Гробишта“

Врз основа на член 19-а од Законот за дополнување на Законот за јавни претпријатија ( Службен весник на Р.М бр.22/2007 ), како и врз основа на Одлуката за распишување на јавен конкурс за избор на директор на ЈП ‘‘Градски Гробишта‘‘ Охрид бр. 08-6947/1 од 13.11.2013 година, Градоначалникот на Општина Охрид објавува: ЈАВЕН КОНКУРС за избор на Директор на Јавното Претпријатие за управување со градски гробишта во Охрид ЈП ‘‘Градски Гробишта‘‘ Охрид                 Кандидатите за директор на ЈП ‘‘Градски Гробишта‘‘Охрид, треба да ги исполнуваат…

повеќе...

Граѓаните да ги подмират своите долгови кон ЈП „Градски Гробишта“

Општинското јавно претпријатие „Градски гробишта“ ги известува граѓаните кои поседуваат односно се старатели на гробни места во Градските Гробишта Охрид, а кои не го подмириле надоместокот за одржување дека ЈП „Градски Гробишта“ од 01.12.2013г ќе почне со тужби на заостанатите долгови поради можноста од застарување на побарувањата. „Ги молиме граѓаните благовремено да ги подмират своите долгови кон ЈП „Градски Гробишта“ како би избегнале дополнителни судски, нотараски и други трошоци“, – стои во известувањето на ЈП „Градски гробишта“ Охрид. Плаќањето може да се изврши во административните простории лоцирани во Градскиот Пазар…

повеќе...