Празник на појасот на Пресвета Богородица

Празник на појасот на Пресвета Богородица После своето успение, Пресвета Богородица му го даде својот појас на апостолот Тома. Тој појас подоцна беше пренесен во Цариград и чуван во запечатен ковчег во црквата на Пресвета Богородица во Влахерна, што ја изгради царицата Пулхерија. Овој ковчег никогаш не се отвараше, с ѐ до времето на царот Лав Мудриот (886 г. – 912 г.). Сопругата на Лав, царицата Зоа, душевно се разболе, и според некое таинствено видение посака врз неа да го положат појасот на Пресвета Богородица. Царот го помоли патријархот, па…

повеќе...

Собор на сите српски просветители и учители

Овој ден не се споменуваат сите српски светители воопшто, туку само неклолкумина архиепископи и патријарси, и тоа, Свети Сава, првиот српски архиепископ, наречен рамноапостолен; Арсениј, наследник на Свети Сава, голем архиереј и чудотворец; Сава II, син на првовенчаниот крал Стефан, живееше во Ерусалим подолго време, наречен сличен на Мојсеј во кротоста (Србљак); Никодим, се подвизуваше на Света Гора и беше игумен на манастирот Хилендар, потоа архиепиоскоп на сите српски и поморски земји; Јоаникиј, најпрво архиепископ, а од 1346 година патријарх; Ефрем, подвижник, наспроти сопствената волја избран за патријарх во времето…

повеќе...

Светите Александар, Јован и Павле, патријарси Цариградски

Светите Александар, Јован и Павле, патријарси Цариградски Александар учетсвуваше на I Вселенски Собор во Никеја, наместо престарениот патријарх Митрофан, когошто потоа го наследи. Kога некои философи сакаа да се препираат со него за верата, на едниот од нив му рече: „Во името на мојот Господ Исус Христос ти заповедам да замолкнеш!“ И во тој миг философот онеме. Со својата молитва и на Ариј тој му го прекина животот. Се упокои на возраст од деведесет и осум години, во 340 година. Свети Јован Постник управуваше со Црквата во времето на злиот…

повеќе...

Отсекување на главата на Св.Јован Крстител

Денес е Отсекување на главата на Св.Јован Крстител. Ирод Антипа, синот на стариот Ирод, убиецот на Витлеемските младенци во времето на раѓањето на Господ Исус, беше господар на Галилеја во времето на проповедта на Свети Јован Крстител. Овој Ирод беше оженет со ќерката на арапскиот кнез Арета. Но бидејќи зол изданок од зол корен, Ирод ја протера својата законска жена и незаконски ја зеде за сожителка Иродијада, жената на својот брат Филип, којшто сѐ уште беше жив. Против ова беззаконие стана Свети Јован Крстител и силно го изобличи Ирод. Ирод…

повеќе...

Преподобен Пимен Велики

Преподобен Пимен Велики Родум Мисирец. Голем мисирски подвижник. Како момче ги посетуваше прочуените подвижници и собираше од нив опитно знаење како трудољубива пчела. Еднаш Пимен измоли од Старецот Павел да го однесе кај Свети Паисиј. Кога го виде Паисиј му рече на Павле: „Ова дете ќе пасе многумина, со него е раката Божја.“ Со време Пимен се замонаши и кон монаштво привлече уште двајца од своите браќа. Еднаш дојде мајка им да ги види своите синови, но Пимен не ја пушти внатре, а ја праша: „Сакаш повеќе да н ѐ…

повеќе...

Пренос на моштите на Светиот апостол Вартоломеј

На овој ден се празнува преносот на моштите на Свети Вартоломеј, додека неговиот главен празник е на 11 јуни. Кога овој голем апостол беше распнат на крст во Албанопол Ерменски, христијаните го симнаа неговото тело и чесно го погребаа во оловен ковчег. Па бидејќи на неговиот гроб стануваа многубројни чуда, особено исцеленија на болни, заради што се зголемуваше бројот на христијаните, незнабожците го зедоа ковчегот со моштите и го фрлија во морето. Во исто време фрлија и четири други ковчези со мошти на четворица маченици: Папијан, Лукијан, Григориј и Акакиј.…

повеќе...

Свети Мина, патријарх Цариградски

Свети Мина, патријарх Цариградски Мудро управуваше со Црквата од 536 до 552 година. Претходно управуваше со домот за бедни и неволни на Св. Сампсон. При неговата хиротонија за епископ учествуваше и папата Агапит, којшто тогаш дојде во Цариград за побивање и симнување на патријархот Антим.

повеќе...

Свети Виктор и Светиот маченик Луп

Свети Виктор Пострада во Марсеј, во 3 век. После тешки измачувања беше фрлен во затвор, каде што ги обрати во верата Христова чуварите. Умре распнат на крст. Светиот маченик Луп Овој свет маж беше слуга кај Свети Димитриј, војвода Солунски. Кога Свети Димитриј беше убиен со меч од царот Максимијан, Луп ги потопи во крвта на маченикот полите од својата наметка и својот прстен. Со таа наметка и со тој прстен тој потоа вршеше многу чуда во Солун, исцелувајќи ги луѓето од секоја мака и болка. За тоа дозна царот…

повеќе...

Светиот пророк Самуил

Денес е празник посветен на Светиот пророк Самуил. Петнаесетти и последен од Судиите на Израилот. Живееше илјада и сто години пред Христа. Роден е во племето Левиево, од родителите Елкан и Ана, во местото Рамат или Ариматеја, каде што подоцна се роди и благообразниот Јосиф. Бездетната Ана со солзи го измоли Самуил од Бога и штом наполни три години Му Го посвети на Бога. Самуил живееше во Силоам крај ковчегот на заветот, а кога имаше дванаесет години имаше вистинско откровение од Бога за казната што му претстои на домот на…

повеќе...

Преподобен Јоаким Осоговски

Преподобен Јоаким Осоговски се подвизуваше во втората половина на 11 век на Осоговските Планини, на местото наречено Сарандопор во една пештера. На тоа место подоцна подигна црква еден друг подвижник, Теодор од Овче Поле, на кого Свети Јоаким му се јави во сон. Од моштите на преподобен Јоаким потоа низ вековите се случуваа многубројни чуда.

повеќе...