Празникот Успение на Пресвета Богородица се слави на 15-от ден од месец август (28 според новиот календар). Нему му претходи двонеделен Богородичен или Преображенски пост. Овој празник го слави успението, воскресението и прославувањето на Пресвета Богородица, како и нејзиното преселување во Царството Божјо во полнотата на нејзиното духовно и телесно постоење. Господ, Којшто на Синај заповеда со петтата заповед: „Почитувај го таткото свој и мајката своја“, со Својот пример покажа како треба да се почитува својата родителка. Кога висеше на крстот во маки, се сети на Неговата мајка и покажувајќи…
повеќе...Tag: христијанство
Преподобната царица Ирина
Преподобната царица Ирина Монашкото име ѝ е Ксенија. Жена на царот Кало-Јован (1118 г. – 1143 г.). Освен по нејзините монашки подвизи и многубројни добри дела, прочуена е и како основоположничка на манастирот Пантократор во Цариград, еден од најславните и најубавите цариградски манастири.
повеќе...Свети литургии за празнциите Успение на Пресвета Богородица и Св.Јоаким Осоговски
Дебарско – кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на ден 27. Август 2017 година (недела), во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ Каменско – Охрид, со почеток во 17:00 часот ќе се служи празнична вечерна богослужба со опело на „Пресвета Богородица“, по повод храмовиот празник „Успение на Пресвета Богородица – Голема Богородица“. На вечерната богослужба ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско – кичевски и администратор Австралиско – сиднејски г.Тимотеј. На 28. Август 2017 година (понеделник), со почеток во 8:45 часот ќе се служи света архиерејска литургија, на која ќе…
повеќе...Светата маченичка и девица Сузана и другите со неа
Светата маченичка и девица Сузана и другите со неа Ќерка на римскиот презвитер Гавиниј, а внука на папата Гај. Гај и Гавиниј беа од царски род и роднини на тогашниот цар Диоклецијан. Овој цар имаше некој посинок Максимијан Галериј, којшто сакаше да се ожени со Сузана. Но Сузана Му беше целата предадена на Господ Христос и не сакаше воопшто ни да слушне за брак, а особено не за брак со некрстен човек. Оние што ја просеа за царскиот син, големците Клавдиј и Максим, Сузана ги обрати во Христовата вера, нив…
повеќе...Светиот апостол Матиј и Светиот маченик Антониј
Светиот апостол Матиј Родум од Витлеем, од племето Јудино. Му беше ученик на Свети Симеон Богопримец во Ерусалим. Кога Господ излезе да проповеда за Царството Божјо, тогаш и Матиј им се придружи на оние што Го љубеа Господa, зашто и самиот од сесрце Го љубеше, со сладост ги слушаше Неговите зборови и ги гледаше Неговите дела. Во почетокот Матиј беше прибројан кон Седумдесеттемина помали Христови ученици, но по воскресението на Господ, бидејќи местото на Јуда којшто Го предаде беше испразнето, апостолите со жрепка го избраа Матиј за еден од Дванаесеттемина…
повеќе...Светите маченици Тријандафил и Анастасиј
Денес е празник посветен на Светите маченици Тријандафил и Анастасиј. Тријандафил беше родум од Загора, а Анастасиј (Спасо) од Радовиш, од струмичката епархија. Обајцата беа Словени, обајцата млади и прости луѓе. Но, љубовта Христова им беше помила од светот и од животот. Животот го дадоа, но Христа не Го изневерија. За Христовата вера пострадаа од Турците, и тоа Тријандафил во Цариград 1680 година, а Анастасиј во Солун, 1794 година.
повеќе...Преображение на Господ Исус Христос на Тавор
Празникот Преображение на Господ Исус Христос се слави секоја година на 19-ти август, односно 6-ти август. На овој ден се прославува преображението на Христос на Тавор, кога Господ се појави во сета Негова слава пред апостолите Петар, Јаков и Јован. Третата година од Својата проповед на земјата Господ Исус почесто им зборуваше на Неговите ученици за Неговото скорешно страдање, но и за Неговата слава после страдањето на Крстот. За да не ги раслаби Неговото страдање та да отпаднат од Него, Он, Премудроста, сакаше пред да се случат страдањата делумно да…
повеќе...Светиот маченик Козма Рамноапостолен
Светиот маченик Козма Рамноапостолен Родум од Етолија, од селото Мегадендрон (Големо дрво). Како момче отиде на Света Гора и во манастирот Филотеј беше потстрижен за монах. Но гонет од постојана желба да му го проповеда Евангелието на народот, тој отиде во Цариград и испроси благослов од патријархот Серафим II. Ги обиколи сите придунавски краеви проповедајќи го Евангелието, но најмногу се задржа во Албанија, каде што пострада од некој Курт паша, когошто Евреите го раздразнија против Козма. Свети Козма беше удавен од Турците, па потоа фрлен во река, во 1779 година.…
повеќе...Откривање и пренос на моштите на Светиот првомаченик и архиѓакон Стефан
Православните христијани денес го слават Свети Стефан – летен. Кога злите Евреи го убија со камења Свети Стефан, го оставија неговото тело да го изедат кучињата. Но Промислата Божја сакаше поинаку. Телото на маченикот лежеше на отворено место под градот два дена и две ноќи, а втората ноќ дојде Гамaлиил, учителот на Павле, а потаен ученик на Христа, го зеде телото, го однесе на својот имот во Кафаргамала и овде во една пештера го погреба чесно. Во истата пештера Гамалиил го погреба и својот пријател Никодим, којшто плачејќи над Стефановиот…
повеќе...Верниците се упатуваат кон пештерната црква „Св.Стефан“
По повод празникот „Откривање и пренос на моштите на Светиот првомаченик и архиѓакон Стефан“ и манастирската слава на манастирот „Свети Стефан“ – Охрид, вечерва во манастирската црква „Свети Стефан“, се служеше празнична вечерна богослужба. На богослужбата присуствуваа голем број верници од Охрид, околните места и туристи, кои палеа свеќи и се молеа за здравје, среќа и благосостојба. Утре во истоимената црква ќе се служи света литургија, со почеток во 8:30 часот. Инаку, Манастирот се наоѓа лево од патот што води од Охрид кон Свети Наум, во истоимената населба. Сместен е…
повеќе...