Информатичкиот систем на ФФМ како темел за модерна фудбалска организација

Фудбалската федерација на Македонија заедно со претставници од асоцијациите на Уругвај, Кипар и Хрватска по барање на Фудбалската асоцијација на Обединетите Арапски Емирати во Дубаи од 5. до 8. мај одржаа презентација на COMET имформатичкиот систем и начинот на кој системот се користи во унапредување на управувањето со натпреварувањата, дисциплинските мерки, тимската и индивидуалната статистика во националните првенства. Поканата за учество на работниот семинар во Дубаи, Фудбалската федерација на Македонија ја доби по имплементираниот информатички систем во нашето првенство и одличната презентација на меѓународната конференција за информатизација на фудбалските сојузи…

повеќе...

Ивановски: Поедноставено архивско работење за приватните субјекти

Измените во Законот за архивски материјал, кои имаат за цел да се поедностави канцелариското и архивското работење за приватните субјекти, беа повод за денешната прес-конференција на министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски. „Една од позначајните измени се однесува на Членот 32, според кој отсега имателите на приватен архивски и документарен материјал се должни да водат основна или сопствена евиденција за архивскиот и документарниот материјал, да донесат план на архивски знаци со листа на архивски и документарен материјал, да вршат тековно одбирање на архивскиот од документарниот материјал и да…

повеќе...

Ивановски: Македонија напредува за 10 позиции на светската информатичка мапа

Во последното издание на Глобалниот извештај за информатичка технологија, Македонија е рангирана на високото 47-мо место во светот, од вкупно 143 земји опфатени со истражувањето. „Нашата земја бележи напредок од 10 позиции споредено со минатата година, кога се наоѓавме на 57 место и за 20 позиции споредено со 2013 година, кога бевме 67-ми. Сакам да потенцирам дека Македонија спаѓа во групата на топ 10 земји кои најмногу напредувале во периодот од 2012 до 2015 година.“– рече на прес-конференција министерот Ивановски. Споредено со земјите од нашиот регион, единствено само Словенија е…

повеќе...

Togepi Crew најдобри на „Codefest“

Викендов во Охрид се случуваше настан кој успеа да собере на едно место голем број на млади, талентирани и способни студенти, професионалци од академските води и бизнис секторот, претставници од ИТ компании, инспиративни говорници и 32 часови непрекинато кодирање под мотото „Истрага на местото на кодирањето“. Codefest во своето трето и досега најдобро издание, зрачеше со енергија и позитивни вибрации меѓу учесниците, организаторите и волонтерите и сите кои беа присутни на настанот. Во текот на настанот имаше разновидност од работни сесии, забавни активности, дискусиони панели на разни теми, говори, презентации…

повеќе...

Третото издание на Codefest ветува возбудлив настан овој април

Овој април Codefest ќе го реализира своето трето издание, годинава под мотото „Истрага на местото на кодирањето“. Настанот ќе се одржи на 18-19 април на Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ во Охрид. Codefest се покажува како добро формиран настан кој самиот за себе прераснува во бренд во Македонија, а за тоа говори и растечката тенденција на настанот со двојно зголемување на интересот и бројот на учесници помеѓу првата и втората година. Организатори на настанот се студенти и дипломци на Универзитетот „Св. Апостол Павле“, кои по своја…

повеќе...

Свечено ќе се доделат сертификатите за курсевите по странски јазици и информатика

Во рамки на одбележувањето на 106 годишнината од смртта на охридскиот преродбеник Кузман Шапкарев, во НУ „Григор Прличев“, утре, градоначалникот Никола Бакрачески на пригодна свеченост ќе ги додели сертификатите за посетените курсеви по англиски јазик, германски јазик и информатика од ОЈУ „Кузман Шапкарев“. Почетокот на манифестацијата е во 13:30 часот.

повеќе...

Министерот Ивановски на бизнис форум во Естонија за привлекување на странски инвестиции

Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, од 11 до 13 март, беше во посета на Естонија, каде учествуваше на бизнис форум во организација на Стопанската Комора на Естонија. Тој одржа презентација пред информатички компании од Естонија, на која ги претстави потенцијалните можности за инвестирање во Република Македонија, ставајќи акцент на ИТ секторот. Меѓу темите кои привлекоа најголем интерес беше воспоставениот електронски систем за јавни набавки на Република Македонија. Министерот Ивановски посети и десетина најголеми естонски компании, кои работат во областа на информатичко-комуникациската технологија. Активностите се во рамките на…

повеќе...

Потпишување на Меморандум за соработка со Microsoft

Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски и генералниот директор на Microsoft – Скопје, Стефан Плавјански, на 9 март 2015 година, понеделник, во 12.00 часот, ќе го потпишат Меморандумот за соработка во областа на образованието. Настанот ќе се одржи во Министерството за информатичко општество и администрација.

повеќе...

РеСПА објави огласи за вработување во организацијата

Регионалната школа за јавна администрација, РеСПА, објави огласи за позициите програмски менаџер (2 лица) и Национален експерт (2 лица). Огласите се објавени на веб страната на РеСПА http://www.respaweb.eu/24/pages/10/employment. Регионалната школа за јавна администрација, РеСПА, со седиште во Даниловград, Црна Гора, претставува меѓународна организација на која и е доделена мисијата за развојот на регионалната соработка во полето на јавната администрација во Западен Балкан. Таа го подржува креирањето на одговорна, ефективна и професионална јавна администрација во земјите на Западен Балкан, во фазата на евро-интегративните процеси. РеСПА ја остварува својата мисија преку организација…

повеќе...

Министерот Ивановски на Светскиот конгрес за мобилна технологија во Барселона

Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, од 2-ри до 5-ти март, учествува на Светскиот конгрес за мобилна технологија, кој се одржува во Барселона. Тој имаше обраќање на панел сесијата „Резултати од потрошувачката како производ на конкуренцијата во мобилниот сектор“. На конгресот се дискутираше за мигрирањето на мобилните оператори во Европа. Имајќи предвид дека постојат 97 мобилни оператори, а 505 милиони жители, се повеќе ќе се создаваат можности за спојување и мигрирање. Исто така, се дискутираше и за последиците од спојувањето, односно дали ќе резултира со подобар квалитет. Најдобрите…

повеќе...