Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, денеска учествуваше на 11-от состанок на Комисијата за широкопојасен интернет и дигитален развој, кој се одржа во Париз. На собирот се покренаа прашањата за дефинирање на програмата и стратегијата на комисијата за тековната и наредната година, со поставување на нова глобална развојна агенда. Министерот Ивановски во Париз оствари средби со истакнати претставници од светот на информациско-телекомуникациските технологии, со кои размени мислења и идеи за актуелните состојби во ИКТ сферата. Бројките на Интернационалната телекомуникациска унија (ИТУ) покажуваат дека мобилниот широкопојасен интернет е најбрзо…
повеќе...Tag: информатика
Арсовска Томовска на Demo Day настанот за презентација на македонски стартапи
Заменик министерот за информатичко општество и администрација, Марта Арсовска Томовска, утре, 20-ти февруари, петок, во 11.00 часот, ќе се обрати на Demo Day настанот, кој го организира македонско – американската компанија „New man’s business accelerator“, на кој македонските стартапи ќе ги презентираат своите идеи и производи пред меѓународни инвеститори. Настанот ќе се одржи во просториите на „New man’s business accelerator“.
повеќе...Реализиран проект „Недела на информатиката“ во ОУ „Живко Чинго“
По повод „Светскиот ден за безбеден Интернет“ во ОУ „Живко Чинго“ Велгошти – Охрид беше одржана „недела на информатиката“ под менторство на наставникот по информатика Дубравка Сершиќ. „Спроведовме работилница со родители на тема „Креирање подобар и безбеден Интернет“. Покрај предностите кои ги има користењето на интернет дискусијата ја фокусиравме на опасностите кои демнат и заеднички заклучивме дека освен мерките кои можеме да ги спроведеме, најважно е учениците да водат разговори со родителите, наставниците и отворено да дискутираат за потенцијалните опасности. Беше проследено едукативно видео за злоупотреба на интернетот, каде што родителите активно се вклучија во дискусијата поврзана…
повеќе...Арсовска Томовска на Светскиот инаугуративен форум за развој и здравје на жените во Њујорк
Заменик министерот за информатичко општество и администрација, Марта Арсовска Томовска, учествуваше на првиот Светски инаугуративен форум за развој и здравје на жените, кој на 11 и 12 февруари се одржа во Њујорк. Таа имаше свое обраќање на воведната сесија, како еден од главните говорници на форумот, меѓу кои беа генералниот секретар на ООН, Бан Ки Мун, министерот за здравство на Руската Федерација, Вероника Сквортсова, како и високи претставници од меѓународни организации. „Владата на Република Македонија континуирано усвојува програми кои содржат активности кои се однесуваат на благосостојбата на жените. Промовирањето на…
повеќе...Веб страница за вработените во администрацијата
Министерството за информатичко општество и администрација денеска ја промовираше веб страницата administrаcija.mk наменета за сите вработени во јавната и во државната администрација. На веб страницата се наоѓаат сите законски акти што се однесуваат на администрацијата, каталогот на работни позиции кој содржи 3.300 работни места и 12 примероци за систематизација кои треба да бидат олеснување за институциите полесно да ја направат сопствената систематизација. Веб страницата се промовира во пресрет на стапувањето во сила на двата закона за вработените во администрацијата кои ќе почнат да се применуваат од 13 февруари. – Секоја…
повеќе...Арсовска Томовска на Светскиот самит за мобилни апликации во Абу Даби
Заменик министерот за информатичко општество и администрација, Марта Арсовска Томовска од денес до 3 февруари, ќе учествува на Светскиот самит за мобилни апликации, кој се одржува во Абу Даби. Светскиот самит ги избира и ги промовира најдобрите и најиновативните мобилни апликации од сите земји членки на Обединетите Нации, односно од претприемачите кои развиваат апликации со влијание врз глобалните општествени движења. Поднесените предлог-апликации од целиот свет ќе бидат оценувани од страна на жири комисија, со цел да се изберат најдобрите решенија за 2014 година. Инаку, Арсовска Томовска ќе биде еден од говорниците…
повеќе...Регистрација на македонските интернет-страници на кирилица
Македонскиот јазик од денеска може целосно да биде присутен на интернет преку регистрирање веб-страници на кирилица со националниот домен „мкд“, вклучувајќи ги и карактеристичните букви од азбуката – љ, њ, ѓ, ж, ч, ш и џ … Како што соопштија министрите за информатичко општество и администрација и за култура, Иво Ивановски и Елизабета Канческа-Милевска, доменот „мкд“ е регистриран во меѓународниот интернет-простор. Со тоа Македонија стана петта земја во светот која воспоставува национален домен на кирилица по Русија, Србија, Казахстан и Монголија. Првата интернет-страница на кирилица, „влада.мкд“, е веќе воспоставена. „Направивме…
повеќе...Ивановски: Македонија во чекор со глобалните трендови во ИКТ областа
Успешна година во информатичката област во Македонија, особено во делот на користењето на интернетот и неговата распространетост во земјата, како и скок на меѓународната рејтинг листа за информатичка технологија. Ова е генералната оценка која министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, ја изнесе на денешната прес-конференција, на која ги сублимираше резултатите и постигнувањата во ИКТ областа. „Учеството на домаќинствата со широкопојасен интернет во вкупниот број на домаќинства е зголемено од 65 % во 2013 година, на 67,7% во 2014 година. Речиси сите или 99,1 % домаќинства со интернет пристап,…
повеќе...Министерот Ивановски на роуд шоу во Израел
Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, од 26 до 30 декември 2014 година, се наоѓа во работна посета на Израел. Тој ќе оствари средби и разговори со најголемите ИТ компании во оваа земја, како и со претставници на компании од областа на истражувањето и развојот. Во рамките на владините роуд шоу активности, министерот Ивановски ќе ги претстави можностите што ги нуди Република Македонија за привлекување на странски инвестиции.
повеќе...ЕНЕР надграден со нов дизајн и современи модули
Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, на прес-конференција денеска ги презентираше новините и надградбата на Единствениот Национален Електронски Регистар на прописи, односно веб порталот ЕНЕР. Според него, измените и надградбата се направени со цел на засегнатите страни да им се даде корисна и практична алатка за нивно континуирано учество во процесите на донесувањето на регулативата. „Покрај новиот дизајн ЕНЕР-от нуди и нови современи и практични модули, меѓу кои : едноставна регистрација и упатства за користење, нова систематизација на прописите, согласно категоризацијата која се користи од Службениот весник на…
повеќе...