Во ОУ „Григор Прличев“ се реализира едукативна кампања за безбедност во сообраќајот „Јас внимавам“

Денес, првачињата од ОУ „Григор Прличев“ имаа одлична можност низ детска претстава да научат како правилно да се однесуваат во сообраќајот. Претставата беше во форма на симулација на сообраќајни ситуации и демонстрација на сообраќајни правила и прописи, со цел децата на интересен и забавен начин да научат како треба правилно да се однесуваат во сообраќајот, за нивна поголема безбедност. Детската претстава која беше изведена во ова училиште е дел од едукативната кампања под наслов „Јас внимавам“ во организација на ОКТА АД – Скопје, а се реализира во соработка со Министерството…

повеќе...

Учениците од ОУ „Христо Узунов“ дел од кампањата „Од децата – за децата“

Учениците од Основното Училиште „Христо Узунов“ ја покажаа својата хуманост. Под мотото „ОД ДЕЦАТА -ЗА ДЕЦАТА“ во соработка со Црвен крст Охрид, основците од ова училиште се вклучија во кампањата за одбележување на Неделата за борба против гладта. Вработените и учениците и оваа година несебично и во рамките на своите можности собраа различни нерасипливи прехрамбени производи и средства за хигиена и облека. Од име на ОУ „Христо Узунов“ директорот Тони Симоновски упати голема Благодарност до учениците, родителите и колегите за овој хуман гест.

повеќе...

ОУ „Григор Прличев“ се вклучи во кампањата „Од децата – за децата“

Под мотото „ОД ДЕЦАТА – ЗА ДЕЦАТА“ во соработка со Црвен крст Охрид училиштето „Григор Прличев“ се вклучи во кампањата за одбележување на Неделата за борба против гладта (16-22 октомври). Вработените и учениците и оваа година несебично и во рамките на своите можности прибраа различни прехрамбени производи и средства за хигиена. Производите беа подигнати од страна на волонтерите на општинскиот Црвен крст каде понатака би ги спакувале во соодветни картонски кутии кои ќе им бидат поделени на децата од социјално најзагрозените семејства. Ваквите акции го подигнуваат нивото на свест кај…

повеќе...

Никој не се рекламира на ‘рѓосано

„Просторот за рекламирање на политичките партии“ во Охрид, беше одреден уште на 22 август. Тоа се тарабите поставени на оградата од ОУ „Григор Прличев“ и тоа е единственото место во Охрид наменето за тоа. Но, до ден денес, на само една недела до одржувањето на Локалните избори, овој простор за политичко рекламирање се уште е празен. Едноставно, политичките партии се рекламираат на големите билборди, но се одлучуваат и за многуте електронски видови на рекламирање. Кој ли би се рекламирал на ‘рѓосано!? WebOhrid

повеќе...

Трајкоски: Новата Програма од областа култура е од витално значење за Дебрца

Кандидатот за градоначалник за Општина Дебрца од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Трајкоски, денес одржа прес-конференција пред Културниот дом во Злести, на која ги презентираше досега реализираните проекти од областа на културата, како и проектите од новата програма кои ќе бидат реализирани во новиот мандат од областа на културата. „Нема повозвишено чувство од тоа кога знаете дека сте ја оправдале довербата…од тоа дека дадениот збор сте го одржале. Токму ваквата мисла не тера повторно пред вас да застанеме и заеднички со сплотени сили да започнеме уште многу проекти. Суштината да се…

повеќе...

Стојаноски: Ќе создадеме отворена и услужна општина за сите

Кандидатот за градоначалник на Охрид од редовите на СДСМ, Јован Стојаноски, денеска ги претстави проектите од изборната програма за развој на општината. Тој во изјава за медиумите рече дека треба да се создаде општина во која сите граѓани ќе бидат еднакви. „Охрид е космополитски град и во тој дух, а и во духот на социјалдемократијата, нашата цел е да работиме на создавање на можности за сите граѓани. Повеќе од дваесет години работам во образованието, и верувајте разбирам што значи грижата за идните поколенија, што значи влогот во подобро образование, подобра иднина за сите.…

повеќе...

Македонското друштво „Илинден“ – Тирана, започна кампања „Горе главата – Изјасни се дека си Македонец!“

Македонското друштво „Илинден“ од Тирана, започна кампања „Горе главата – Изјасни се дека си Македонец!“ „Илинден“ ги повикува сите Македонци во Албанија да се изјаснат дека се Македонци, да го чуваат својот Македонски идендитет, јазик и традиција.

повеќе...

Еко-кампања за зачувување на Охрид

Еколошкото здружение на граѓани „Фронт 21/42“, објави дека во соработка со „Еко-свест“, денеска во Охрид ќе организира презентацијата, насловена „Едно е!Вредно е!“. Презентацоијата е дел од кампањата за зачувување на Охридскиот Регион, единственото од УНЕСКО заштитено подрачје во Македонија. „Како дел од кампањата ќе бидат претставени и заклучоците за Степенот на зачуваност на светското природно и културно наследство – Охридскиот Регион, донесени на 40. сесија на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО во Истанбул, Турција; како и едно од можните решенија за одржлив и паметен развој на овој регион „Смарт…

повеќе...

Одделението за превенција во СВР Скопје ќе започне со реализација на Кампањата „Лето без пожари“

Одделението за превенција во СВР Скопје, ќе започне со реализација на Кампањата „Лето без пожари“, чија основна цел е превентивно делување во насока на намалување на бројот на предизвикани пожари од невнимание од страна на граѓаните, преку подигање на свеста во однос на заштита и зачувување на зелените и шумските површини, како и подобрување на личната и севкупната безбедност на граѓаните. Праксата покажува дека преземањето на проактивни превентивни мерки останува неопходно и понатаму, особено во летниот период како најризичен за појава на пожари во големи размери. Активностите во рамките на…

повеќе...

Промовирана кампањата „Не за нелегални алкохолни пијалоци“

Денес во Царинската управа на Република Македонија се одржа прес конференција која имаше за цел да се презентираат резултатите од контролите на акцизни добра во малопродажба, да се промовира спотот кој накратко сликовито ги презентира задачите на Царинската управа, како и да се промовира јавната кампања „Не за нелегални алкохолни пијалоци“, која е веќе започната со изработка и делење на флаери низ Македонија. Една од задачите на Царинската управа е контрола на акцизите. Уште од 2010 година во надлежност на Царинската управа е целосното управување со акцизите при увоз и…

повеќе...