Санкции против граѓаните кои не го почитуваат Законот за јавна чистота

Општина Охрид, во согласност со Законот за патишта, преку надлежните служби, неодамна ги отстрани контејнерите за одлагање отпад, кои непрописно беа поставени на тротоарите и пешачките патеки. Контејнерите се поставени на соодветни места во близина на колективните стамбени згради, но несовесните граѓани ги поместуваат на тротоарите и ѓубрето го оставаат  дури и на коловозите  со што се прават мали депонии. Локалната самоуправа ги предупредува несовесните граѓани, дека преку инспекциските служби, согласно со одредбите од Законот за јавна чистота, против нив ќе почне со примена на острите законски предвидени санкции.

повеќе...

УЈП: Ургенции и „покажување сила“ не ги спречуваат контролите на даночниците

Секојдневно во контролите на мобилните екипи на УЈП, се евидентираат случаи на навредување и попречување на даночниците да ги извршуваат службените должности, вклучувајќи и ургенции од локални моќници и вработени од УЈП за намалување на казните на бизниси кои се управувани од нивното семејство или пријатели. Во општина Чашка, при контрола на фискализација кај даночен обврзник, повеќе лица се собрале надвор од објектот и гласно упатувале погрдни зборови. Со цел спречување на евентуални инциденти, доставена е пријава во МВР, при што е утврдено дека едно од лицата е висок полициски…

повеќе...

Локалните инспектори ја подигаат урбаната опрема од рестораните и кафулињата поради неподмирени обврски кон Општината

Локалниот инспекторат денес започна акција за подигање на нелегално поставена урбана опрема на јавни површини. Инспекторите ги подигаа масите и столиците од рестораните и кафулињата кои не ги подмириле обврските кон Општината, односно нивните сопственици не платиле комунални такси и не се придржувале кон договорот за закуп на земјиштето. Акцијата за нелегално поставена урбана опрема во континуитет продолжува и наредниов период.

повеќе...

Казни за пребрзо возење за 10 возачи, СВР Охрид продолжува со акциските контроли

Десет возачи на моторни возила ја пречекориле дозволената брзина на движење односно управувале моторни возила со поголема од брзината дозволена со поставен сообраќаен знак. Ова го покажа вчерашната акциска контрола на охридската полициска станица за безбедност во патниот сообраќај што од 15 до 20 часот се реализира на неколку места низ градот.  Сообраќајната полиција не затекна возачи што своите патнички и други моторни возила ги управувале под дејство на алкохол.  Вкупно седум возачи, своите патнички моторни возила ги управувале во населено место со поголема брзина од дозволената со повеќе од…

повеќе...

Уште еден случај на нелегален истовар на шут пред Мауцкер

На магистралниот пат Охрид – Кичево, непосредно пред локалитетот Мауцкер, денес инспекторите затекнаа нелегален истовар на градежен шут на јавна површина. Инспекторите  кои по налог на градоначалникот 24 часа се на терен постапиле согласно Законот за јавна чистота и на лицето му е изречено соодветна парична казна која е должно да ја плати во рок од  8 дена, во спротивно за него ќе следи прекршочна пријава.

повеќе...

Изречена глоба на нелегален туристички водич

Со цел воведување ред во туристичката дејност и подобрување на туристичките услуги во Охрид, од страна на општинскиот инспекторат во соработка со секторот за Туризам и ЛЕР, вчера, беше спроведена координирана акција за спречување на диви водичи. Акцијата се спроведе на повеќе локации од градот: Плаошник, Св Софија, Плоштад, музеј на вода- Заливот на Коските и Св. Наум.   На локалитетите евдентирани беа 12 водичи, со групи од повеќе земји, кои вршеа организиран разглед на културно-историските знаменитости во Охрид.  На локалитетот Св Наум беше затекнат нелегален туристички водич без лиценца, лице…

повеќе...