Кривична пријава за кичевчанец кој вработил таксисти без да ги осигура

Поради постоење основи на сомнение за сторени две казнени дела „повреда на права од работен однос“, полициската станица од Кичево поднесе кривична пријава против Н.Л. (37) од Кичево и против правниот субјект ДПТПУ „Зоран Ѓорѓијевски Краљо“ увоз – извоз ДОО Кичево. Пријавениот, во својство на управител на правниот субјект, спротивно на членовите 13 и 121 од Закон за работни односи, свесно, на лицата З.Ѓ. и Г.М. двајцата од Кичево, им ги повредил правата за засновање на работен однос и вклучување во задолжително социјално осигурување. Пријавениот, на 13-ти декември 2015 година,…

повеќе...

Кривична пријава за кичевчанец поради извршени кражби во куќи и деловни простории

Поради постоење основи на сомнение за сторени четири казнени дела „тешка кражба“, полициската станица од Кичево поднесе кривична пријава против З.К. (41) од Кичево. Пријавениот, казнените дела ги сторил кон крајот на минатата и почетокот на оваа година во куќи и деловни простории во Кичево. Тој, употребувајќи подесен алат и прибор како и физичка сила, насилно влегувал низ прозорците и вратите во куќи низ Кичево, вршел пребарување низ собите и одземал часовници, туш батерии, чешми, греалки, куфер, електрична пегла, делови од народни носии и други предмети. Во декември минатата година,…

повеќе...

Кривична пријава за кичевчанец кој нападнал градежен инспектор

Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „спречување на службено лице при вршење на службени дејствија“, полициската станица од Кичево поднесе кривична пријава против А.А. (27) од Кичево. Кон крајот на минатата година, пријавениот, најнапред вербално, а потоа и физички го нападнал надлежниот градежен инспектор од Локалната самоуправа во Кичево, кој спроведувал решение од надлежен орган за отстранување на настрешница на објект на улицата „Мара Угринова Гина“ во Кичево, сопственост на пријавениот. Пред почетокот на активностите, А.А. упатил закани према инспекторот и дружите службени лица од Локалната самоуправа,…

повеќе...

Пронајдена дрога кај лице од Кичево

НК КР Кичево поднесе кривична пријава против Џ.Х. (37) од Кичево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори”. На 23.11.2016 година на ул. „11-ти Септември“ во Кичево од страна на полициски службеници извршен е преглед над Е.Н. од Кичево кај кого се пронајдени 0,13 грама хероин, кој за 400 денари го набавил од пријавениот.

повеќе...

Пронајдена дрога кај лице од Кичево

НК КР Кичево поднесе кривична пријава против A.Љ. (33) од Кичево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори”. На 26.10.2016 година на ул. „11-ти Октомври“ во Кичево полициски службеници извршиле личен преглед на пријавениот при што пронашле најлонско кесе со марихуана со нето маса од 0,64 грама.

повеќе...

Кривична пријава за битолчанец и кичевчанец кај кои била пронајдена дрога

НК КР Кичево поднесе кривична пријава против Б.Д. (25) од Битола и против Ш.Б. од Кичево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 23.09.2016 година во Кичево од страна на полициски службеници затекнато е лицето М.Ј. од Кичево и при извршен личен преглед кај него е пронајдена цигара со мешавина од тутун и марихуана со нето маса од 0,1 грама која ја набавил од првопријавениот Б.Д.. Второпријавениот Ш.Б., на 28.08.2016 година во Кичево бил затекнат…

повеќе...

Татко извршил обљуба врз својата 24 годишна керќа

Вчера во 12,00 часот во ПС-Кичево, 24 годишно женско лице од село во О.Пласница, пријавила дека во нивниот дом во последните два месеци, а последен пат на 16.01.2017 година околу 06,40 часот, од страна на нејзиниот 55 годишен татко и било извршена обљуба. Увид на местото на настанот извршила екипа од НК КР-Кичево. Бидејќи лицето било со умерена ментална попреченост, известен бил Центар за Социјални Работи-Кичево и извршен е разговор со истата по што била однесена на гинеколошки преглед во ОБ-Кичево. Осомничениот е лишен од слобода и против истиот по…

повеќе...

Забрана за движење на тешки товарни возила на Пресека

Рано утрово во 05:30 часот на патниот правец Кичево-Охрид на планинскиот превој „Пресека“ и обратно поради обилни врнежи од снег и подмрзнување на коловозот, воведена е забрана за движење на ТМВ.

повеќе...

Излизган камион на патот Охрид-Кичево

Патниот правец Охрид – Кичево кај селото Издеглавје се одвива по една лента поради излизган камион. Забрана за движење на тешки товарни возила има на планинскиот премин Плетвар, крак Маврово – Дебар како и на патниот правец Прилеп – Витолиште, каде што сообраќај е дозволен само за лесни возила со задолжителна употреба на зимска опрема. Поради врнежи од снег затворени се за сообраќај патиштата кон селата Герман, Гошинце и Алешевце. Сообраќајот на државните патишта се одвива отежнато, во зимски услови, по влажни коловози, наместа со остатоци од снег, по интервенција…

повеќе...

Повреден работник кој паднал од скеле на автопатот во изградба Кичево-Охрид

Вчера околу 12:00 часот на автопатот во изградба Кичево-Охрид, во близина на с.Попоец, од непознати причини А.Г. (37) од Јабланица, Босна и Херцеговина, вработен во градежна фирма, изведувајќи градежни работи-поставување метално скеле на мост во изградба, паднал од скелето во висина од околу 19 метри. А.Г. притоа се здобил тешки телесни повреди. Истиот бил пренесен во Медицински центар Кичево, од каде, поради сериозноста на повредите, бил префрлен во Ургентен центар Скопје и е надвор од животна опасност.

повеќе...